Грузија по патот на Северна Кореја, ќе забрани опозиција


Грузиската владејачка партија вети дека ќе ги стави надвор од законот практично сите нејзини политички противници доколку победи на парламентарните избори подоцна оваа година. Забраната, најверојатно, ќе ја уништи веќе замрзнатата кандидатура на Грузија за пристап во ЕУ, по неодамнешните судири меѓу Тбилиси и Брисел за човековите права и владеењето на правото. Во петокот, премиерот […]

Уапсен Сириец кој призна дека го извршил нападот со нож во германскиот град Солинген


Германската полиција синоќа уапси 26-годишен Сириец, кој денеска признал дека го извршил завчерашниот напад со нож во градот Солинген во кој три лица се убиени, а осум се ранети. Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството во Дизелдорф. Нападот, за кој одговорноста ја презеде групата Исламска […]

Хезболах истрела 320 ракети, Израел нападна со 100 авиони


Хезболах лансираше стотици ракети и беспилотни летала кон Израел како одмазда за атентатот врз нивниот командант во Бејрут минатиот месец, соопшти движењето поддржано од Иран. Израелски авиони нападнаа цели во Либан непосредно пред нападот бидејќи војската процени дека Хезболах се подготвува да изврши напад. „Околу 100 израелски воени авиони погодија илјадници ракетни фрлачи на Хезболах […]

Денес сончево и многу топло, од четврток постепено опаѓање на температурата


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има […]

Србите на Косово масовно ги смениле возачките дозволи со косовски


Косовскиот премиер, Албин Курти ја оцени промената на возачките дозволи издадени за косовски граѓани од српски органи во официјални на Република Косово, како важен чекор кон интеграцијата на Србите во државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти во објава на неговата страница на Фејсбук оцени дека периодот одреден за промена на српските со косовски […]

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна […]

Демократско движење го одбележа првиот роденден


Со свечена церемонија на плоштадот Скендербег во Скопје, меѓу политичари, дипломати и активисти, Демократското движење ја одбележа првата годишнина од основањето. Лидерот на Демократското движење пред присутните рече дека оваа прва година партијата ја наоѓа како успешна и со сеопфатен раст. -Пред една година, кога го создадовме Демократското движење, многумина се сомневаа во можноста за […]

Погрешно толкување на влијанието на монетарната политика


Овогодинешниот економски симпозиум на централните банкари од целиот свет во Џексон Хол со право се фокусира на механизмот за монетарно-трансмисиски механизам, каналот преку кој монетарната политика влијае на пошироките економски и финансиски услови. Иако Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки за 500 базични поени помеѓу март 2022 година и јули 2023 година, се […]

Исламска држава ја презеде одговорноста за масакрот во Солинген: Еве која е причината


Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во германскиот град Солинген во кој маж со нож избоде три лица до смрт и рани осум. Милитантната група објави на Телеграм дека нападот го извршил еден нејзин член „како одмазда за муслиманите во Палестина и сите други места“, пренесе Хина. Нападот во петокот, во кој маж уби […]

Тошковски без прецизен одговор за бегството на Рамадани, чека да се произнесе Обвинителството


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва го повика Јавното обвинителство „максимално брзо и ефикасно“, да постапи согласно сите потребни процесни дејствија што треба да се преземат во насока да се расветли бегството на Блерим рамадани. Прашан за бегството на косовскиот државјанин Рамадани, лице барано од страна на Интерпол за сторено кривично дело во Србија, […]

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја враќа политиката на евтина работна сила


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Берово оцени дека првите месеци од работата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се големо разочарување, а најразочарани се работниците кои се надевале на повисоки плати. „Се сретнав со работници, со млади и возрасни. Кај сите нив има огромно разочарување од првите месеци на Владата. Најразочарани се работниците и оние […]

НАСА со летало на „Спејс Икс“ ќе ги враќа двајцата астронаути заглавени на МВС, но дури во февруари


Американската вселенска агенција, НАСА денеска одлучи дека е премногу ризично да се вратат двајца астронаути Сунита Вилијамс и Бери Вилмор на Земјата во проблематичната нова капсула на „Боинг“, па ќе мора да почекаат до следната година за да се вратат со помош на „Спејс Икс“. Пилотот Вилијамс и командантот Вилмор полетаа со новото вселенско летало […]

Струга, во срцето на милениумската Европа, е срцето на поезијата што бие, вели лауреатот Жан Пјер Симеон


Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2024 година, француски поет Жан Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, продолжи 63. издание на меѓународната поетска манифестација. Годинешниот лауреат во своето обраќање во црквата „Света Софија“ потенцираше дека поезијата мора да се сфати сериозно и да биде […]

Дибала поради Рома одби договор вреден 75 милиони евра


Стана позната сумата на договорот што ја одби аргентинскиот напаѓач на Рома, Пауло Дибала. Ал Кадисија на 30-годишниот фудбалер му понудил четиригодишен договор вреден 75 милиони евра ова лето. Сепак, Пауло во последен момент се предомислил за потпишување договор со саудискиот клуб, решавајќи да остане верен на клубот и верните навивачи. – Изборот на Дибала […]

Портпаролот на коалицијата Вреди ја замрзнува функцијата по обвинувањата за неговиот татко


Потпаролот на коалицијата Вреди, Фари Хисени, денеска преку социјалните мрежи соопшти дека привремено ќе ги замрзне политичките активности, поради како што наведе самиот постапка од обвинителствот против неговиот татко. Претходно во текот на денот, Јавното обвинителство соопшти дека отвори истрага против 58 годишен скопјанец поради преземени полови дејствија против малолетник роден 2008 година. Обвинителството во […]

Инвеститорите очекуваат ЕЦБ да продолжи да ги намалува каматните стапки


Членовите на Европската централна банка ја минимизираа загриженоста дека инфлацијата во еврозоната може да остане непријатно висока, наведувајќи во записникот од нивниот состанок во јули дека се отворени за можноста за намалување на каматните стапки на следниот состанок. Внимателно следените показатели за долгорочните инфлациски очекувања во Европа ги достигнаа најниските нивоа во речиси две години, […]

Дуда: Денот на независноста на Украина е празник за цела Централна Европа


Денот на независноста на Украина е празник на независноста на цела Централна Европа, бидејќи без независна Украина не може да има независна Полска и други земји во регионот, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда за време на говорот на плоштадот Софија во Киев на по повод државниот празник. „Денот на вашата независност е, во извесна смисла, […]

Студија: Глобалната автомобилска индустрија слабее, профитот на германските автомобилски гиганти паѓа


Глобалната автомобилска индустрија слабее, при што германските производители забележаа дека приходите продолжуваат да паѓаат во првата половина од годината, според студијата на ревизорската и консултантска фирма EY објавена во петокот. Германските автомобилски гиганти Фолксваген, БМВ и Мерцедес-Бенц збирно заработиле 25,9 милијарди евра оперативна добивка (ЕБИТ) од јануари до јуни, што е пад од 18 отсто […]

Уапсен возачот на автобусот кој удри во камион во близина на Белград


Српската полиција го уапси М.К. (1961), осомничен дека изутрината на Новиот обреновачки пат во населбата Умка во насока кон Белград, додека управувал автобус на градски превоз удрил во камион, при што едно лице од автобусот загинало, а 18 се повредени. Одредена му е мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен […]

Штајнмаер и Шолц: Напаѓачот во Солинген мора брзо да биде уапсен и казнет


 Претседателот и канцеларот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер и Олаф Шолц денеска изјавија дека напаѓачот кој уби три лица и рани осум во Солинген, на западот на земјата, мора наскоро да биде уапсен и најостро казнет. Во телефонски разговор со градоначалникот на Солинген, Тим Курцбах, Штајнмаер изразил сочувство за жртвите од нападот и изразил надеж за […]