Медведев-Алкараз и Ѓоковиќ-Музети денес на Вимблдон


Лондон– Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денес на Централниот терен против Италијанецот Лоренцо Музети во полуфиналето на Вимблдон ќе го одигра вториот последователен меч, соопштија денеска организаторите на натпреварувањето. Програмата на Централниот терен започнува во 14 часот и 30 минути, кога во првото полуфинале ќе се сретнат бранителот на титулата Карлос Алкараз од Шпанија и […]

Мицкоски пред лидерите на НАТО го користел уставното име


 Грција во овој момент нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање за да одговори на евентуалното инсистирање на раководството на соседната земја на оваа тактика, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата во Вашингтон по завршувањето на НАТО Самитот и ги повтори позициите на Владата дека е неопходно целосно почитување на Договорот […]

Новите лапсуси на Бајден: Зеленски го нарече Путин, Камала Харис Трамп


Вашингтон – Американскиот претседател Џозеф Бајден направи нови лапсуси во јавните говори – тој го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски како „претседател Путин“, а неговиот потпретседател Камала Харис го нарече „Трамп“. Бајден ја направи грешката за време навчерашниот  финален самит на НАТО во Вашингтон, само еден час пред прес-конференцијата на неговата кампања „да се биде […]

Над 60 луѓе се водат како исчезнати при свлечиште во Непал


 Најмалку 66 лица се водат како исчезнати откако два автобуса паднале во река по лизгање на земјиштето во Непал. Спасувачките екипи се обидуваат да ги лоцираат автобусите, но силниот дожд ги попречува нивните напори. Во едниот автобус имало 24 лица, а во другиот 42. Патот што води до местото на несреќата е блокиран на неколку […]

Почна гаснењето на големиот пожар на планината Огражден, во близина на границата со Бугарија


Утрово почна гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. -Бидејќи се работи за тешко пристапен терен, еден полициски хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење […]

Отворен повик до сите дизајнери и визуелни уметници


Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ објавуваат отворен повик до сите дизајнери и изработувачи на производи, како и визуелни уметници кои живеат или работат во Скопје или како инспирација и тематика во својата работа го имаат градот Скопје. Од 23 јули до 1 август ова лето, во индустриската хала на центарот „Лабораториум“ ќе се одржи привремената […]

Орбан се сретна со Трамп во рамки на самопрогласената „мировна мисија“


Вашингтон – Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се бори за реизбор. Тие разговарале за „можностите за мир“ во Украина, изјави портпаролот на Орбан. Средбата се одржа во имотот на Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида. Според неговиот портпарол, тоа била следната станица на „мировната мисија“ на Орбан. По средбата […]

Филмот „Бизнисот на задоволството“ пред уругвајската публика


Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски влезе во официјалната селекција на 17. издание на фестивалот „Сине дел Мар“ во Пунта дел Есте, Уругвај. Филмот ќе биде прикажан пред уругвајската публика вечер во 20 часот.   По Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова е шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка. Филмот […]

Франција, Германија, Италија и Полска ќе развиваат оружје со долг дострел


Вашингтон – Министрите за одбрана на Франција, Германија, Италија и Полска на Самитот на НАТО во Вашингтон најавија развивање и производство на оружје со долг дострел. Во соопштението од француското Министерство за одбрана се наведува дека со потпишување на писмо со намери се отвора патот за соработка насочена кон зајакнување на воените капацитети, како и […]

Амбасадорот Гир во Претор ќе го отвори „Форумот за развој на Преспа“, поддршка за развој на Преспанскиот регион преку програмата „ЕУ4Преспа“


Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија, и Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, денеска во Ресен ќе ги промовираат можностите финансирани од ЕУ понудени на Преспанскиот регион за обновување на природните ресурси, за одржливо земјоделство и туризам и подобрување на инфраструктурата. На промотивните настани, чиј домаќин ќе […]

Проекција на краткиот филм „Мавера“ во МКЦ


Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе се одржи проекција на независниот македонски краток филм „Мавера“.   Овој краток филм, како што соопшти режисерот и продуцент Батухан Ибрахиме, е независен, снимен без никаква надворешна или државна финансиска поддршка, а е во копродукција со Факултетот за драмски уметности во Скопје и Апофенија Пост. – Мавера е независен […]

Без вода дел од корисниците во Лисиче


ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека утрово од 7 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Кун“ и дел од улиците „Сотир Томовски“, „Благоја Мучето“, „Митре Влаот“, „Ернест Телман“ во Лисиче.  Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект од ф 80мм на ул. „Гаврил Константиновиќ“ и ќе трае до неговото […]

Турција нема да ја одобри соработката на НАТО со Израел


Анкара – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да биде можно НАТО да го продолжи партнерството со израелските власти, пренесоа британските медиуми. -Додека не се воспостави сеопфатен и одржлив мир во Палестина, обидите за соработка со Израел во рамките на НАТО нема да бидат одобрени од Турција, рече Ердоган за време на прес-конференцијата […]

Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, со прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од Карпош и Ѓорче Петров.  Во период од 9.40 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Атинска“, „Борка Талевски“ и „Рузвелтова, спроти „Треска“, во Општина Карпош. Од 9 до 14 часот прекин во снабдувањето […]

Состојба на патиштата


ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 09.07.2024 11:00 часот, на десна коловозна лента на автопат Скопје – Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај , при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе […]

Во Собранието одбележување на 11 Јули – Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница


Во Собранието денеска ќе биде Одбележан 11 Јули – Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Воведно обраќање ќе има претседателот на Собранието Африм Гаши, а ќе зборуваат и проф. д-р Џемил Бектовиќ, преставничката на Здружението Диванхана, Мерсиха Смаиловиќ, пратеникот Амар Мециновиќ, проф. д-р Сеад Џигал и Сафет Бишевац. Пратениците и гостите ќе дебатираат […]

Свети апостоли Петар и Павле (Петровден)


Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат Денот на светите апостоли Петар и Павле. Со Петровден завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Црквата го празнува овој ден на 12 јули секоја година, а следниот ден е соборниот празник на Дванаесетте големи Апостоли заедно … Апостолот […]

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. УВ-индексот ќе биде 9. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 12 јули 2024 година, 194-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 172 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 9 минути, а ќе зајде во 20 часот и 9 минути. Денов трае 14 часа и 59 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Зеленски: Многу сме блиску до постигнување на целта да станеме членка на НАТО


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави денеска дека Украина е многу блиску до остварување на својата цел – членство во НАТО, и покрај фактот што воената алијанса не и понуди политичка покана да и се приклучи на самитот во Вашингтон. „Ние сме многу блиску до нашата цел“, рече тој на заедничката прес-конференција со генералниот секретар […]