Црна Гора: Судот ги ослободи обвинетите во случајот „државен удар“


  Сите обвинети во случајот „државен удар“ во Црна Гора денеска се ослободени со одлука на Вишиот суд, јавуваат црногорските медиуми. Одлуката ја донесе тричлениот судски совет предводен од судијата Зоран Радовиќ. Ослободените, меѓу кои се и лидерите на поранешниот Демократски фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, претходно беа обвинети за обид за насилно соборување […]

„Вреди“ ќе добие седум заменици министри во владата


Министерот за здравство и дел од коалицијата „Влен“, Арбен Таравари денеска информира дека нивната коалиција во Владата ќе биде претставена со седум заменици-министри. Тој ги соопшти само имињата на двајцата заменици-министри кои се од Алијанса за Албанците, за кои рече дека веќе поминале на Централното претседателство на партијата. -За „Влен“ знам дека има седум заменик-министри. […]

Водата за пиење да не се користи за полевање бавчи


Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки […]

Николоски тврди: Ваква камата за заем може да се добие само со врски, СДСМ вели дека имаме и поповолни


За вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, заемот од Унгарија во висина од 500 милиони евра е со најдобрите услови што можат да се добијат и им порача на граѓаните да размислат кој може вакви услови да добие од било која деловна банка. – Нека размислат дали било кој може да добие […]

Борел се сретна со Муцунски: Добрососедските односи мора да бидат приоритет


  Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува во процесот на пристапување во Европската Унија, објави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на Икс информирајќи за негова средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон.  „Среќен сум е […]

Дури 158 милиони евра приходи остануваат непријавени


Голем број работници во земјоделството, трговијата и градежништвото работат непријавени или делумно пријавени, додека остатокот од приходите ги земаат како плата „во плико“, па од ваквата пракса дури 158 милиони евра остануваат непријавени, покажува студијата  „Грануларно испитување на неформалната економија во Северна Македонија: Увид во неформалните работници, непријавената работа и нецелосното пријавување на доходот во […]

Ќе ѝ се суди на поранешната амбасадорка во Загреб за расистички изјави


  Поранешната македонска амбасадорка во Хрватска Д. К. седнува на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд Скопје на 11 септември заради ширење на расистички и ксенофобичен материјал на фејсбук профилот, објави порталот „Сдк“. Ваквата одлука уследи откако таа лани во мај таа изгуби по претставка поднесена против неа пред Комисијата за спречување и заштита од […]

Мораториум на одредени специјализации на Медицинскиот факултет и вработување на најдобрите пет студенти


Одредени специјализации за кои има премногу кадри во државата ќе бидат под мораторуим оваа година, најави министерот за здравство Арбен Таравари, по средбата со деканот на медицинскиот факултет во Скопје. – Ќе дадеме предност на одредени специјализации коишто ни недостасуваат – пред сѐ онкологија, патологија, радиологија, анестезиологија. Овие ќе бидат многу побројни – рече Таравари. […]

Средба на Мицкоски со претставник на Стејт департментот


  На маргините на НАТО Самитот во Вашингтон премиерот Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби и разговори, соопштува прес-службата на владата. Мицкоски се сретна со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмент, Џон Бас. Соговорниците разговараа за стратешките интереси на државата, како и за интеграцијата и напредокот на регионот. Мицкоски подвлекол дека борбата против […]

Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени


Топлотниот бран со многу високи температури што ја зафати земјава неповолно влијае на сите земјоделски култури. Единствено, како што велат агрометеоролозите, сувото и топло време е поволно за жетвата на јачменот која е при крај, како и за жетвата на пченицата која е во полн ек. -Загрозени се сите култури, пролетните, окопните, индустриските, градинарските, овошките, […]

Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи


Можноста Грција да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи Патриот или системи С-300, целосно ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес конференцијата во Вашингтон по завршувањето на НАТО Самитот, јави дописничката на МИА од Атина. – Сакам да бидам јасен, Грција не отстапи Ф-16 во иницијативата Ф-16. Постојат други земји што […]

Без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска во период од 9.40 ч до 14.30 ч прекин на електричната енергија ќе имаат корисниците од ул. „Атинска“, ул. „Борка Талески“ и ул. „Рузвелтова“, спроти „Треска“ во општина Карпош; Од 9 ч. до 14 ч дел од корисниците на с. Волково кон патот до црквата општина Ѓорче […]

Во општина Центар засилено полициско присуство за поголема безбедност


Синоќа, полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата. Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен […]

Гувернерката на Народната банка на средба со ММФ, независната централна банка клучна за ценовната и финансиската стабилност


Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за справување со последната инфлациска епизода, што придонесе за одржување на целокупната стабилност, било оценето на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и заменик генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кенџи Окамура. На средбата било нагласено дека одржувањето на независноста на Народната банка е од огромна важност. […]

Јапонија планира да изгради подземна подвижна лента долга 500 километри за транспорт на товар


Јапонија планира да изгради подземна подвижна лента во должина од 500 километри меѓу Токио и Осака за транспорт на товар. Ќе може да превезува количество товар еднакво на количеството товар што го превезуваат 25.000 камиони секој ден. Тоа ќе донесе три главни придобивки. Првата е дека ќе се намали сообраќајниот метеж, втората е дека ќе […]

Оро, музика и среќни лица – Синедејс го почна филмското патешествие низ Скопје


Со проекција на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен, во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, како и со концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд”, синоќа беше отворено  23. издание на фестивалот СИНЕДЕЈС. Паркот пред МКЦ беше преполн, премиерата распродадена за фестивалот на европски филм кој секоја година се чека со нетрпение.  Музичкиот […]

Сестрата на последниот бос на Коза Ностра е осудена на 14 години затвор


Сестрата на починатиот сицилијански мафијашки бос Матео Месина Денаро е осудена на 14 години затвор за мафијашко здружување, објавија италијанските медиуми. Росалија Месина Денаро беше уапсена во 2023 година под сомнение дека играла клучна улога во мафијата предводена од нејзиниот брат. 69-годишната жена, исто така сопруга на затворениот мафијаш Филипо Гутадауро, ненамерно ѝ помогнала на […]

Викенд хороскоп: Водолијата ќе ужива со пријателите, а еден знак ќе започне романса


Викенд хороскопот за периодот од 12 до 14 јули предвидува дека ѕвездите ќе му помогнат на секој знак од Зодијакот да ги реализира плановите за одмор, а некои особено ќе процветаат на љубовно поле! Овен Овој викенд е идеален за поврзување со партнерот или за наоѓање нова љубов. Бидете отворени и спонтани. Семејните активности ќе […]

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување


Иако станува збор за речиси педесетгодишна пракса на УЕФА на шампионатот на Стариот континент, дел од навивачите секое ново ЕУРО се изненадени од отсуството на натпревар за третото место. Поради ова, УЕФА даде кратко објаснување за германските медиуми зошто не се организира меч за трето место, како што тоа е случај на Мундијалите, но и […]