„Пингвинот“ – интерактивна монодрама за менталното здравје вечер на „Скопско лето“


Во „Котур кафе и филм“ вечер од 20 часот во рамки на фестивалот „Скопско лето“ ќе биде изведена интерактивната експериментална монодрама „Пингвинот“ во продукција на театарот „Златен Елец“. Како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, се работи за авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ, работен според текстови на Данкан Мекмилан […]

Отфрлен важен случај против Трамп


 Судот во Флорида ја отфрли кривичната постапка против Доналд Трамп, во која се обвинува дека незаконски чувал доверливи документи по напуштањето на функцијата, што за републиканскиот поранешен претседател и официјален кандидат за реизбор е уште една голема правна победа. Американската окружна судијка, Ејлин Канон, која беше назначена од Трамп на оваа функција, одлучи дека специјалниот […]

Пожарот на Серта ќе се гасне од воздух и од земја, затворена за сообраќај обиколницата кај Битола поради пожар


Пожарот на планината Серта денеска ќе се гасне од воздух и од земја. На состанокот на Кризниот штаб на општина Неготино синоќа беше најавено дека ќе се дејствува од воздух со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални […]

Хрватска испраќа канадер со два екипажи во земјава


Министерството за одбрана на Република Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во Република Северна Македонија за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите, соопшти вчера Министерството во Загреб. Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Северна Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ, се додава во соопштението. […]

Температура денеска до 43 степени, портокаловиот аларм активен до крајот на работната седмица


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. УВ-индексот ќе има вредност 10. Во Скопје сончево и многу топло. Минималната […]

Европските популисти го искористија атентатот на Трамп за да ја нападнат левицата


  Некои европски политички фигури алудираа на злонамерен глобален заговор, означувајќи ги медиумите и левичарските партии како ко-заговорници. Лидерот на шпанската екстремно десничарска партија Вокс, третата по големина сила во парламентот на земјата, рече дека обидот за живот на Трамп бил организиран од „глобалистичката левица која шири омраза, пропаст и војна“. Сантијаго Абаскал ја обвини […]

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ почина по тешки повреди на главата


  Бизнисменот Чедомир Радомировиќ кој беше една од важните фигури во бизнис круговите во доцните 1990-ти, Чедомир Радомировиќ, доцна вечерва почина од здобиените рани најверојатно од истрел во главата. Радомировиќ, кој беше основач на фирмата „Техноком“ и на Радо банка, беше пронајден доцна вечерва со тешки повреди покрај возило кај скопското село Орман. Според информации […]

Македонците во Албанија се обединуваат, се најавува самостоен неформален попис


Претседателот на друштвото „Преспа” Едмонд Темелко информираше дека почнало „обединувањето на Македонците во Албанија”. – Прогласат на друштвото за семакедонско помирување и обединување, што го објавивме пред десетина дена, денеска го потпиша Никола Ѓурѓај, претседател на  македонското друштво „Илинден” – Тирана. Ова е прв, но многу значаен чекор, кој потврдува дека Македонците се повеќе од […]

Утре најавено најмасовно гаснење на пожарот на Серта


За утре е најавено најмасовно гаснење на пожарот на Серта од воздух и од земја, информираа вечерва од Кризен штаб од Неготино.   – Кризниот штаб на општина Неготино и вечерва во проширен состав одржа состанок на кој беа координирани активностите предвидени за утрешниот ден, а во врска со гаснењето на пожарот на планината Серта. […]

Трамп и формално номиниран за претседателски кандидат, сенаторот Венс негов потпретседател


Републиканската партија денеска официјално го номинираше Доналд Трамп за свој кандидат за претседател на САД на ноемвриските избори. Доналд Трамп стана официјален републикански претседателски кандидат откако ги доби гласовите од доволен број делегати на Националната конвенција на Републиканците во Милвоки, Висконсин. Делегатите од уште 29 држави сè уште го даваат својот глас, но поранешниот претседател […]

Високообразовните институции ќе се проверуваат дали ги исполнуваат условите, најави министерката Јаневска


Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави реевалуација на високообразовните установи во државава и соопшти дека ќе се постапи по секоја пријава за немање стандарди за дејноста за која тие се акредитирани. -Ќе постапиме по секоја пријава, ќе има реевалуација и секој што исполнува услови – со среќа, секој што не исполнува услови, ќе […]

Реактивиран пожарот околу градската депонија Острец во Делчево


Вечерва повторно e реактивиран огнот на депонијата Острец во Делчево. Дојавата за повторното запалување на депонијата е од жители на селото Полето, кои доцна попладне пријавиле дека огнот се движи во правец на дел од куќите во населбата. Екипи на ТППЕ Делчево заедно со вработени на ЈКП ,,Брегалница” се на терен каде веќе ја започнаа […]

ЕВРО2024: Многу помалку безбедносни инциденти од очекуваното


 Германија доживеа многу помалку безбедносни инциденти отколку што се очекуваше како домаќин на Европското фудбалско првенство кое привлече 2,6 милиони луѓе на 10 стадиони ширум земјата, соопшти денеска германското Министерството за внатрешни работи, припишувајќи ги заслугите за тоа на полициско присуство и граничните контроли. „Нашите силни безбедносни мерки работеа во сите области“, рече министерката за […]

Бразилската полиција започна мегаоперација против организираниот криминал во фавелите на Рио де Жанеиро


 Силите на редот во Рио де Жанеиро започнаа вооружена мегаоперација со учество на речиси 2000 службеници во десет населби со ниски приходи – фавели, а со цел да ја вратат контролата врз подрачјата каде доминираат организирани банди, се наведува во соопштението на бразилската Влада. Полициските службеници се распоредени во западниот дел на бразилскиот град, кој […]

Рак на дојка – болест од која почина Шенон Доерти


Холивудската ѕвезда Шенон Доерти, позната по сериите „Беверли Хилс“ и „Чарли“, почина минатиот викенд на 54-годишна возраст од рак на дојка, со кој се бореше 9 години. Оваа болест на актерката ѝ беше дијагностицирана во 2015 година и и беше направена отстранување на градите – мастектомија, но тоа не ги донесе очекуваните резултати. Операцијата покажала […]

Перински на состанок со градоначалниците од Источниот плански регион: Да се намали иселувањето


Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска имаше средба со сите градоначалници од Источниот плански регион. „Сакам да ве слушнам сите, изворно да се информирам за потребите на општините и што може јас како министер и Владата да помогнеме за да се подобрат условите за живеење и воопшто, за развој на општините“, рече министерот за […]

Колку заработија Алкараз и Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон


Лондон – Карлос Алкараз (21) втора година по ред е победник на Вимблдон. Исто како и лани, во финалето го победи 16 години постариот Новак Ѓоковиќ, но овој пат тоа го направи на многу убедлив начин со 3:0 во сетови. Финалето на Вимблдон заврши 6:2, 6:2, 7:6. Голема добивка во финалето остварија финалистите на овогодинешниот […]

Победничката на Вимблдон Крејчикова се враќа во топ 10, а Алкараз останува бр. 3


Лондон – Шампионката на Вимблдон, Барбора Крејчикова, во понеделникот се врати во топ 10 на ВТА за прв пат по шест месеци, а вицешампионката Јасмин Паолини се искачи на најдоброто 5-то место во кариерата. Налетот на Крејчикова до нејзината втора Гренд слем титула, со победата од 6:2, 2:6, 6:4 над Паолини во саботата, и овозможи […]

Во Албанија се зголемува бројот на заразени со коронавирус, најпогодени децата


Покрај сезонските вируси, во Албанија летово се бележи зголемен број случаи на заразени со коронавирус. -Додека во европските земји циркулира нова подваријанта на КП.3, она што го зголеми бројот на заразени во Албанија е фактот дека циркулира подваријанта на омикрон, која најмногу ги погодува децата и возрасната група од 30 години и повозрасни, јави Топ […]

Двајца пожарникари полесно повредени при гаснење на пожарот над Битола


Двајца пожарникари се повредени попладнево во пожарот што избувна над Битола кај обиколницата. Од локалната самоуправа во Битола за МИА информираат дека тие се со лесни повреди и оти едниот е задржан на лекување во битолската болница, додека другиот е пуштен на домашно лекување. Хоспитализираниот пожарникар има изгореници на дланките и на подлактицата. Вечерва во […]