Ретрограден Меркур во Девица: Од 5 август почнуваат неволјите


Нe плашете се, ќе го поминете и ова. Директната ретроградна станица на Меркур започнува на 5 август 2024 година во 4:56 часот. Завршува на 28 август 2024 година во 21:14 часот. Директната ретроградна фаза трае 23 дена. Ова е период кога треба да посветите посебно внимание на љубовните врски и да направите се за да […]

Ангеловска-Бежоска: Потребно е двојно зголемување на уделот на приватниот сектор во зеленото финансирање


Потребна е поголема мобилизација на финансиски средства, особено од приватниот сектор, за зелена трансформација, како дел од структурните реформи и за конвергенција на економиите во развој кон ЕУ. Анализите на ММФ покажуваат дека до 2030 година, уделот на приватниот сектор во зеленото финансирање треба да се зголеми од 40 отсто на 80 до 90 отсто […]

Вонредни мерки за вработените во Грција за заштита од топлотниот бран


Поради високите температури што се очекува да достигнат до 42 степени Целзиусови, надлежните Министерства воведоа вонредни мерки за заштита на вработените во државниот и приватниот сектор во Грција што важат од денеска до петок, јави дописничката на МИА од Атина. Мерките се однесуваат на деловите од земјата каде што температурата ќе биде над 40 степени, […]

МВР ја потврди смртта на Чедомир Радомировиќ, но не кажа никакви други детали


Министерството за внатрешни работи потврди дека Чедомир Радовановиќ починал синоќа по повредите на главата, најверојатно од куршум, откако бил пренесен на скопските клиники. „Вчера во 18,50 во село Орман до паркирано возило ‘лексус’ со скопски регистерски таблички е пронајдено машко лице кое крварело во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура. Утврдено […]

Царината заплени 7.800 евра – македонски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата


Инспектори од Служба за мобилни скенери спречија нелегален изнес на девизи на граничен премин Блаце во износ од 7.800 евра, откако при контрола на патник открија поголема сума непријавени девизи, соопшти Царинската управа. Лицето, како што се наведува во соопштението, е македонски државјанин кој патувал со автомобил со чешки регистарски таблички. На прашање на царинските […]

Вечер со гитарата на маестро Герхарт Рајхенбах на „Охридско лето“


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди целовечерен концерт на германскиот уметник на гитара, Герхарт Рајхенбах. Рајхенбах е еден од водечките германски класични гитаристи. Дебитира како солист во 1980 година во Дизелдорф, а на меѓународната сцена за прв пат настапува во 1990 година на Фестивалот за гитара во Волос, Грција. Од тогаш, повеќе од […]

Почнува конститутивната седница на Европскиот парламент


Пратениците во новиот 10-ти состав на Европскиот парламент денеска во Стразбур ќе одржат конститутивната седница на која треба да ги изберат претседателот и потпретседателите, а потоа да гласаат за изборот на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската Комисијата за вториот мандат. Конститутивната седница на ЕП трае од 16 до 19 јули. Европратениците треба […]

Меси: Наскоро ќе се вратам на терените


 Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси проговори за својата состојба по повредата добиена вчера во финалето на Копа Америка против Колумбија. Напаѓачот го напушти теренот во 66. минута од натпреварот поради повреда на скочниот зглоб. – Турнирот заврши, сакам да им се заблагодарам на сите за честитките и зборовите за поддршка. За среќа, ми […]

На терен над 100 лица работат на целосно ставање под контрола на пожарот над Битола


Екипите на ТППЕ Битола, како во текот на ноќта, така и утрово продолжуваат да работат на целосно ставање под контрола на пожарот над Битола. Од Општина Битола утрово информираа дека заедно со екипите на јавните претпријатија во моментот на терен се над 100 лица, за кои се обезбедени доволни количини на храна и вода. – […]

(Видео) Трамп се појави во јавноста за прв пат по атентатот, погледнете како го пречекаа


Доналд Трамп триумфално се појави за време на првата вечер на републиканската национална конвенција во понеделникот со овации од партиските верници два дена откако обидот за атентат му го повреди десното уво. Трамп влезе во Форумот Фисерв во центарот на Милвоки со дебел завој преку увото додека толпата извикуваше „Борба, борба, борба“. Поранешниот претседател изгледаше […]

Нереди во Даблин, демонстрантите не сакаат центар за азиланти


Петнаесет лица синоќа беа изведени пред Окружниот суд во Даблин во врска со нередите што избувнаа за време на протест против изградбата на нов центар за баратели на азил. Некои демонстранти запалија палети и градежна механизација во поранешната фабрика „Crown Paints“ во северен Даблин, по што избувна голем пожар. Работите за изградба на новиот центар […]

Кумановската болница набави апарат за анестезија, електрокаутер и аспиратори за одделението за уво, нос и грло


 Кумановската општа болница обезбеди нова опрема, апарат за анестезија, електрокаутер и аспиратори за потребите на одделението за уво, нос и грло, информираа денеска надлежните. – Пациентите реагираа, бидејќи не можеа да се оперираат без потребната апаратура на одделението. Набавивме нова опрема и сега повторно ќе може да се изведуваaт операции, нема да имаат потреба пациентите […]

Копенхаген воведува програма за поттикнување социјално и еколошки одговорен туризам


Туристичката организација на Копенхаген воведе програма за поттикнување на општествено и еколошки одговорен туризам. Судејќи по се, Копенхаген на овој начин се обидува да привлече само туристи кои се пристојни и добро воспитани. Ќе бидат наградени оние кои ќе одлучат да возат велосипед, да користат јавен превоз, да учествуваат во некоја работа како градинарство или […]

Бајден: Грешка беше да се употреби тој збор за Трамп


Американскиот претседател Џозеф Бајден, во интервју за Ен-Би-Си њуз изјави дека згрешил што ги охрабрил своите поддржувачи да го направат републиканскиот кандидат Доналд Трамп „нивна мета“, но нагласи дека насилната реторика е проблем што го има Трамп, а не тој. – Грешка беше да се употреби тој збор. Мислев дека треба да се фокусираме на […]

Околу 2.000 војници се обидуваат да ја вратат контролата во фавелите во Рио Де Женеиро


 Бразилските власти почнаа „мега операција“ во Рио де Женеиро, испраќајќи речиси 2.000 воени и цивилни офицери во 10 сиромашни населби за да ја вратат контролата врз областите во кои доминира организираниот криминал. – Безбедносните сили на државната влада се на улица и се борат против криминалните организации кои сакаат да земат граѓани како заложници, изјави […]

НА ГП Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

Орбан во писмо до Мишел повикува на разговори со Кина и обновување на односите со Русија


 Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кое, меѓу другото, повикува на разговори со Кина за „мировна конференција“ и обновување на дипломатските односи со Русија, објави Билд. Весникот наведува дека Орбан изнесол збирна оценка по неодамнешните разговори со лидерите на Украина, Русија, Кина, Турција и поранешниот американски претседател […]

Лавров ќе претседава со дебати во Советот за безбедност на ОН


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк каде денеска и утре ќе претседава со отворени дебати на министерско ниво во Советот за безбедност на ОН. Русија од 1 јули претседава со Советот за безбедност на ОН. Лавров денеска ќе учествува на отворена дебата за мултилатерална соработка, а утре ќе претседава со отворена […]

Хутите нападнале три американски бродови


Исламистичките бунтовници Хути од Јемен нападнаа три брода, вклучително и танкер за нафта во Црвеното и Средоземното Море, користејќи балистички ракети, дронови и чамци преполни со експлозиви, потврди американската војска. Армијата на Хутите соопшти дека најновите воени операции биле одговор на саботниот израелски воздушен напад врз градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, […]