На Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред


  Вчера на Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред, најмногу во технолошкиот сектор, бидејќи дел од инвеститорите се повлекуваат од пазарот по силниот раст на берзанските индекси од почетокот на годината. Индексот Дау Џонс се лизна за 1,29 отсто, на 40.665 поени, додека С&П 500 падна за 0,78 отсто, на 5.544 поени, […]

Во Штип утрово нема чад, на терен поголем број луѓе и механизација


На планината Серта утрово е замаглено и не може да се види дали, каде и колку гори пожарот, кој избувна минатата среда, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е таму, најавувајќи информации за подоцна. Во Штип утрово нема чад, за разлика од вчера кога поради густиот чад, Кризниот штаб доцна синоќа ги повика граѓаните […]

Данска може да смести 60 отсто од своето население во подземни бункери во случај на војна


Данска има простор да смести најмалку 3,6 милиони луѓе во подземни бункери доколку некогаш има потреба да го засолни населението во случај на војна или катастрофа. Подземните засолништа и бункери би собрале околу 61 отсто од данското население, пишува данскиот дневен весник „Јиландс Постен“, додавајќи дека последниве две години властите го прошируваат просторот за засолништа. […]

Во земјава активни 13 пожари


 Центарот за управување со кризи информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие. Пожари има меѓу селата Јаболчишта и Дреново во општина Чашка, кај селото Калањево во општина Велес, кај селата Сирково и Подлест во општина Росоман, кај местото викано Бегово Поле во општина Студеничани,  (нискостеблеста шума и […]

Трамп официјално ја прифати номинацијата: Бог беше на моја страна


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и официјално ја прифати номинацијата за кандидат на претседателските избори на конвенцијата на Републиканската партија, нагласувајќи дека се кандидира да биде претседател на цела Америка, а не само на половина од земјата. Трамп, кој носеше бел завој на десното уво, во говорот на конвенцијата во Милвоки истакна дека нема победа […]

Макрон ќе оди во Србија, тема продажбата на авиони Рафал


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „во следните недели или месеци“ има намера да ја посети Србија, каде што планира да ги финализира преговорите за воените договори, вклучително и договорот за продажба на авиони Рафал на Белград. Како што пренесе Политика, Макрон рече дека имал „исклучително плоден“ разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ за „економски, […]

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја, пријави до ЦУК за штети по невремето


Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град. Од ЕВН контакт центарот информираат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот. Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги […]

Почина Лу Добс, конзервативен американски политички коментатор и новинар


Конзервативниот американски политички коментатор и гласен поддржувач на Доналд Трамп, Лу Добс, почина на 78-годишна возраст, се вели во соопштение објавено синоќа од неговиот тим на Х. -Со тешко срце објавуваме за смртта на ’Великиот Лу Добс… Лу беше борец до самиот крај – борејќи се за она што му беше најважно, Бог, неговото семејство […]

Силен земјотрес од 7,4 степени го погоди северниот дел на Чиле


Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Чиле, во близина на границата со Аргентина, а засега нема извештаи за повредени или поголема материјална штета, соопшти Американскиот геолошки институт. Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 45 километри југоисточно од градот Сан Педро де Атакама, […]

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата


Во Собранието денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да ја продолжи третата седница. Според дневниот ред поставен на собраниската веб-страна, преостаната е една точка за расправа – Предлог – одлука за основање на пратенички групи и избори на претседатели и членови на пратеничкит групи за соработка со парламентите на други држави.

Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски


Во рамки на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ денеска ќе биде промовирана книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски. Промотори ќе бидат проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски. -К нигата „Балкански вознеси“, во издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување […]

Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.  Како што соопштуваат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до […]

Научниците открија „супер мов“ што може да преживее на Марс


Научниците од Кина открија „супер мов“ што може да помогне во одржувањето на животот на Марс. Супер-тврдиот мов Syntrichia Caninervis е пронајден во пустина во западниот регион на Ксинџијанг. Мовта е растение со голем капацитет за апсорпција. Може да задржи повеќе вода од сопствената телесна тежина. Кога научниците го исушија овој вид мов и потоа […]

Украина го загуби клучниот мостобран на источниот брег на Днепар близу Херсон


  Вооружените сили на Украина (АФУ) го напуштија селото Кринки во регионот Херсон, изјавија за „Украинска правда“ извори од Маринскиот корпус. Падна мостобранот, кој борците го држеа на левиот брег на Днепар, под контрола на Русија, од октомври 2023 година. Ова индиректно го потврди портпаролот на оперативно-стратешката група сили „Таврија“ Дмитриј Лихови. „Навистина, повеќето од […]

Шефот на кампањата на Трамп ги обвини демократите дека прават „пуч“ против Бајден


  Крис Ласивита, ко-менаџер на кампањата и висок стратег на Доналд Трамп, ги обвини демократите за организирање „пуч“ против Џо Бајден. Ласивита одговараше на извештаите дека високи демократи вршат притисок врз 81-годишникот да излезе од претседателската трка во САД, бидејќи анкетите покажуваат дека партијата се соочува со пораз во Белата куќа, Претставничкиот дом и Сенатот. […]

Намалете го холестеролот природно со оваа храна


Холестеролот се вид на маснотии кои се присутни во крвта. Телото го користи холестеролот за извршување на различни активности како што се одржување на флексибилноста на клеточните ѕидови, синтетизирање на хормони, жолчни киселини и витамин Д. Постојат два вида холестерол: липопротеини со ниска густина (LDL) – лош холестерол кој го зголемува ризикот од срцеви заболувања […]

Жителите на Луксембург и САД земаат највисоки плати (инфографика)


  Постојат многу причини зошто платите варираат од земја до земја: економски развој, трошоци за живот, закони за труд и мноштво други фактори. Поради овие варијабли, може да биде тешко да се процени општото ниво на приход ширум светот. Visualcapitalist.com креираше инфографика за просечните годишни плати во 30 земји на ОЕЦД, приспособени за паритетот на […]

Во Камбоџа се изведоа рекордни 60 сијамски крокодили


Рекорден број сијамски крокодили се извеле во Камбоџа – вкупно 60, а тоа е особено значајно бидејќи се работи за загрозен вид. Активистите за зачувување на природата го нарекуваат случајот „вистински знак на надеж“, кој доаѓа по повеќе од 20 години напори да се зголеми бројот на овие влекачи во оддалечените планини Кардамон. Маслинесто-зелениот слатководен […]

„Аксиос“: Се очекува Бајден викендов да се повлече од трката за реизбор


 Се очекува за време на викендот претседателот на САД, Џо Бајден да се повлече од трката за реизбор, објави денеска американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на неколку неименувани високорангирани демократи. Тие тврдат дека Бајден приватно се помирил со сè поголемиот притисок, лошите резултатите на анкети и прашањата за неговата возраст и способност, што го оневозможува […]

Невреме и во Кавадарци


Невреме го зафати попладнево градот Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека се работи на расчистување на улиците од паднати дрвја и канделабри и се чистат сливниците. -По силното невреме проследено со силен ветер што ја зафати Општина Кавадарци, интензивно се работи на терен каде се активирани Мој Општинар, службите од ЈП Комуналец, служби од ЕВН […]