Им дозволиле да се копаат суровини во Зајас без да им наплатат колку што треба


Денеска (22.07.2024) од страна на Единицата за корупција при  Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против Д.А. (26) од Кичево и Б.А. (34) од Кичево, заради постоење на основано сомнение дека  сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување, предвидено и казниво по член […]

Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини


Досегашниот директор на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски денеска формално и ги предаде надлежностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Со овој чин, како што наведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата и нејзиниот Управен одбор се укинуваат, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното […]

Касанов го наследува Ескобар – САД со нов претставник за Западен Балкан


Александар Касанов е избран за заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања, соопшти Стејт департментот. Тој ќе го замени Габриел Ескобар, чиј мандат истече на крајот на мај. Касанов претходно служеше како извршен помошник на поранешната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд. 

Леброн Џејмс ќе го носи американското знаме на отворањето на ОИ во Париз


Вашингтон– Кошаркарот Леброн Џејмс ќе го носи американското знаме на отворањето на Олимписките игри во Париз, соопшти денеска Олимпискиот комитет на САД. Џејмс (39) ќе настапи на  своите четврти Игри во Париз, досега освоил три медали, златни во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година, како и бронза во Атина 2004 година. Така тој ќе стане […]

Државниот долг достигна 88,7 отсто од БДП во еврозоната и 82,0 отсто во ЕУ


На крајот на првиот квартал од 2024 година, односот на бруто-долгот на општата влада во однос на БДП во еврозоната изнесуваше 88,7 отсто, во споредба со 88,2 отсто на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, покажуваат податоците на Евростат, заводот за статистика на Европската унија, објавени денеска. Во ЕУ, односот исто така се зголеми […]

Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април, меѓу нив и Митко Чавков


  Опозициската СДСМ денеска тврди дека директорот за Управата за извршување санкции, Александар Пандов, незаконски пушта од затворите лица осудени за настаните од 27 април.  На новинарско прашање, Пандов денеска на прес-конференција ја потврди информацијата, но не кажа колку точно барања се одобрени ниту на кого се однесуваат. „За само две недели директорување на Пандов, […]

Средба на Мицкоски со амбасадорите од ЕУ


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија и се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата на патот кон интеграцијата во Унијата. Според соопштението од владината прес-служба, Мицкоски ги информирал амбасадорите за намерите на Владата за спроведување на клучни реформи […]

Хрват најден починат во хотел во Гази Баба, пробиштипјанец на клупа во Аеродром


Двајца мажи најдени се починати во текот на вчерашниот ден. Едниот е Хрват кој бил најден починат во соба од хотел во гази Баба, а пробиштипјанецот на клупа пред зграда во скопски Аеродром. Во неделата во 6.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Гази Баба бил пронајден […]

Имери и Сузуки со прва соработка на „Охридско лето“: Репертоарот разновиден, за публиката интересен


Реномираните уметници, српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ  и македонскиот пијанист Дино Имери, испреплетувајќи ги своите музички сензибилитети, вчеравечер беа вистинско уживање на публиката на 64. „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“, Имери и Ѓорѓевиќ изведоа специјално креиран репертоар за оваа фестивалска вечер.  Челистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки се враќа на концертниот подиум на „Охридско лето“ по речиси […]

Мицкоски и Тошковски со плати од над 2.200 евра: Еве колкави се примањата на членовите на Владата


Премиерот Христијан Мицкоски има плата од 140.450 денари, односно околу 2.280 евра, додека вицепремиерите и министрите земаат нето-плата по 115.540 денари (1.870 евра). Исклучок е министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој зема дополнителни 20 отсто во износ од 24.865 денари заради извршувањето на функцијата, со што неговата плата достигнува 140.405 денари, речиси исто колку […]

Тиквешки лозароовоштари: Повторно да се активира служба за заштита од град


Повторно да се активира служба за заштита од врнежи од град како во минатото, јавно побара денеска Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари”.  Јошев информираше дека деновиве дел од земјоделските култури во кавадаречко претрпеле штети од невремето проследено со врнежи од град.  – Градобијните зрна направија штети во неколку месности. Штетите се од […]

Нема зголемување на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги понижува работниците, оценува Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека работниците во ниту еден сектор нема да добијат зголемување на платите, а новата влада не ги почитува обврските од колективните договори. Нема да има повисоки плати за просветните работници, за здравствените работници, полицијата, Армијата, вели Филипче во објава на Фејсбук. „Не е предвидено ни барањето на синдикатите за […]

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими македонските спортисти кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Париз


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги примила македонските олимпијци кои ќе настапат на Летните олимписки игри што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз. Кабинетот на претседателката  соопшти дека Сиљановска-Давкова била информирана за финалните подготовки на македонскиот олимписки тим, како и за очекувањата од претстојните натпревари. На македонските олимпијци таа […]

Бескрајни напади на руските трупи на украинскиот логистички центар Покровск


  Главниот командант на Украина во понеделникот рече дека руските сили организираат немилосрдни напади за да се обидат да напредуваат кон градот Покровск, логистички центар на исток, и дека има активни борби долж целата линија на фронтот. Речиси 29 месеци од целосната инвазија, Украина ги засили своите мобилизациски напори за да го реши недостигот на […]

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот беше за да се затворат отворените проблеми


  Сето тоа што досега е потпишано и е во сила е предвидено во рамки на ребалансот на Буџетот. Што не е потпишано не е предвидено во овој момент во ребалансот, но затоа се прават дополнителни анализи врз основа на коишто ќе видиме како ќе биде од 2025 година, порача денеска министерката за финансии Гордана […]

Интервју со Бранимир Јовановиќ: Неодговорни фискални политики може да нè втурнат во должничко ропство


  Предлог-ребалансот на Буџетот што го изготви новата Влада веќе е доставен до Собранието и наредната недела ќе се најде на дневен ред на матичната Комисија за финансирање и буџет, а потоа и на пленарна седница. Со оглед на соодносот на силите во Собранието, нема сомневање дека владиниот предлог ќе помине и ќе ја добие […]

„Висат“ лиценците за приредување игри на среќа на две друштва


Министерството за финансии иницираше постапка до Владата за одземање лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа. Како што информира министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, кај двете друштва е констатирано дека не се платени давачки утврдени со Законот за игри на […]

За шест месеци во функција акцелераторот во ГОБ „8 Септември“


Акцелераторот во ГОБ „8 Септември“ се очекува да профункционира за шест месеци откако ќе завршат потребните подготовки, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. – За акцелераторот ни треба време, најмалку околу три месеци за да се направат одредени контроли од специјалисти по таа област, да ни кажат што недостасува и што треба да се […]

Европол: Расте бројот на малолетници меѓу сторителите на кибер криминал


Брисел – Милиони жртви ширум ЕУ во текот на 2023 година на дневна основа беа цел на напади и искористувања во интернет просторот, при што во многу случаи сторители на овие кривични дел се малолетници, се наведува новиот извештај на Европол насловен „Проценка на заканите од интернет организиран криминал“ објавен денеска.  Во ова 10-тото издание […]

„За нас почнува живот“ на Драмски во Вевчани


Во рамките на „Вевчанско лето“ 2024 в среда, во дворот на детската градинка „Планински цвет“ ќе биде изведена претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви. Претставата, како што соопшти Драмски театар, е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро. Режијата и драматизацијата се на Дејан […]