Зголемен интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Се бележи поголем интензитет на сообраќај и на граничните премини Богородица и Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена […]

Комедијата „Веселинови“ на „Скопско лето“


Во рамки на 45-та јубилејна манифестација „Скопско лето“, вечер во Сули ан ќе биде изведена комедијата „Веселинови“ во продукција на Драмското студио „Бронзена наметка“ – Штип. Во претствата играат Оле Поцкова во улогата на Весела и Игор Стојанов – Баркли во улогата на Веселко.  Како што информира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, претставата […]

„Скопје вибрира“ – поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности


Во организација на Културниот центар „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“, од денеска до 1 август во главниот град ќе се одржува „Скопје вибрира“ – поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности. „Скопје вибрира“ е повеќедневен настан, лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија“, и покрај поп ап изложбата ќе понуди […]

Собранието ќе избира заменици министри


Собранието денеска ќе ја одржи 11. седница на која треба да бидат изгласани замениците-министри во Владата, со што целосно би се комплетирал владиниот тим. Седницата е закажана за 11 часот, а на дневен ред е и Предлог на законот за изменување на Законот за здравствената заштита – прво читање, со кои се укинуваат економските директори […]

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8 Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 23 јули 2024 година, 205-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 161 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 19 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута. Денов трае 14 часа и 42 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Екипата на Трамп доаѓа да инвестира во Македонија и да ја шири неговата социјална мрежа


  Резултатите од вашингтонската вечера на премиерот Христијан Мицкоски со Ричард Гренел, човекот за Балканот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, за Балканот,  почнуваат да се појавуваат. Мицкоски денеска имаше средба со неколкумина од поширокото опкружување на Трамп, меѓу кои е и Крис Павловски од Канада, чија компанија Rumble дава клауд услуги за социјалната мрежа […]

Кинезите го претставија првиот нуклеарен реактор отпорен на топење


Дизајнот на двојниот реактор може да произведе 105 MW енергија и е во развој од 2016 година. Технологијата е добредојден чекор напред за нуклеарната индустрија, по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија пред повеќе од една деценија. При нуклеарната фисија се создаваат големи количества топлинска енергија која е корисна во производството на електрична енергија, но е […]

„На Орбан треба да му дадеме орден, да го прогласиме за херој“: Мицкоски го фали пријателот


  Извонредна ода на пофалба изрече вечерва премиерот Христијан Мицкоски за унгарскиот лидер Виктор Орбан за тоа што неговата влада ќе ѝ даде на македонската влада кредит со камата од 3,25 отсто. Тој во интервју за Телма ги отфрли забелешките дека може да се работи и за политички или други концесии. „Ние треба да му […]

Младинците на прием кај министерот Ристовски и претседателот на РФМ Мукаетов


Maшката младинска репрезентација на Македонија веднаш по слетувањето на аеродромот во Скопје беше на прием во Владата на Македонија. На приемот кај министерот за спорт, Борко Ристовски, тоj истакна дека е горд на младите ракометари и нивниот успех. Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов кој упати голема благодарност за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните […]

Измените на Законот за пензии по ребалансот на Буџетот


Законот за измена на Законот пензии ќе биде донесен откако ќе помине ребалансот на Буџетот, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски.   Во вечерашното гостување на „Топ тема“, Мицкоски повтори дека во Буџетот недостигаат 200 милинои евра и за тоа, најави, ќе има одговорност. Се осврна и на средствата од ЕУ кои се предвидуваат за земјава со […]

Владата ќе испитува како се поделени 100-те милиони евра за компаниите во КОВИД кризата


Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на следната владина седница, во среда, ќе се формира ад-хок тело кое ќе испитува „како претходната влада поделила 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компаниите во време на КОВИД кризата“. -Знаете ли колку пари се потрошени по основа „поддршка на компаниите“, онаа владина помош? Знаете ли колку […]

Судскиот совет како неосновани отфрли 27 претставки на граѓани, од поднесени вкупно 30


Судскиот совет денеска на 493. седница расправаше по вкупно 30 претставки и поплаки, поднесени од страна на граѓани и правни лица, во врска со работата на судиите, претседателите на судови и судовите, од кои 27 ги одби како неосновани, додека три претставки беа повлечени од страна на известителите. Членот на Советот Сашко Георгиев, реферираше претставка […]

Неверојатно е колку тони пластичен отпад секојдневно завршуваат во Средоземното Море


Медитеранот можеби ве потсетува на луксузни одмори и вкусни оброци, морска храна и бескрајни песочни плажи, но ова море станува сѐ позагадено, пишува CNN. Повеќе од 87 отсто од Средоземното Море, кое се протега од Атлантскиот Океан до Африка, Европа и Азија, е загадено со микропластика и други загадувачи, вклучувајќи токсични метали и индустриски хемикалии, […]

Суниог на проштални средби со косовските лидери: Забрзајте ги реформите за патот на Косово кон ЕУ


 Шефот на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, Томаш Суниог, кој го отслужува својот мандат, денеска за последен пат отиде како амбасадор на Унијата во кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Суниог на својата страница на платформата „Х“ напиша дека му се заблагодарил на Курти за соработката и го […]

Милијардерот Џорџ Сорос донира 15 милиони долари за поддршка на Камала Харис за претседателски кандидат


Американскиот милијардер, Џорџ Сорос, донираше повеќе од 15 милиони долари за поддршка на американската потпретседателка Камала Харис да биде кандидат на Демократската партија на претстојните претседателски избори, објави денеска Bloomberg. Покрај него, Харис го поддржа и филмскиот продуцент и донатор Џејми Патрикоф. „Другите ќе видат дека таа е најдобрата опција за демократите да го победат […]

Вучиќ се повози во новата „Гранде панда“


Белград –Компанијата FCA Србија денеска започна со пробно производство на електричниот автомобил модел „Fiat grande panda“ во фабриката на Стелантис во Крагуевац, додека почетокот на сериското производство е планиран за два месеци. На свеченоста по повод почетокот на производството на новиот модел на автомобил присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Карлос Таварес, извршен директор […]

Во Грција беснеат пожари – еден се доближува до куќите


Шумски пожар денеска избувна во грчкиот град Оропос, северно од Атина, а на граѓаните им беше кажано да внимаваат. Пожарот избувнал во близина на населбата Сикамино нешто пред 15.00 часот и на местото се испратени 73 пожарникари и 16 возила, а од авионска помош пружиле седум авиони и четири хеликоптери. Δεν θα μείνει τίποτα όρθιο […]

Италија го обвини шефот на НАТО за предавство. „Нè налути, ќе има последици“


Италијанскиот министер за одбрана го обвини генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека го предал Рим затоа што не назначил Италијанец за нов претставник на организацијата за координирање на операциите на јужните граници на Алијансата. Позицијата беше отворена на почетокот на овој месец на барање на италијанскиот премиер Џорџа Мелони, а нејзината влада тогаш рече дека […]

Уапсени двајца скопјани, нападнале полицајци


Во неделата, околу 22.10 часот во село Јурумлери, скопско, биле уапсени две лица Д.Б.(25) и Ј.Б.(35), двајцата од Скопје откако физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.