Во Тетово почна да функционира прифатилиштето за бездомни кучиња
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска го посети прифатилиштето за бездомни кучиња на Друштво за грижа на бездомни кучиња АНА АГРО ДООЕЛ во Ратае, со кое општината потпиша едногодишен договор за Програма за спроведување и решавање на проблемот со бездоми животни врз основа на јавна набавка. Според договорот, општината има одредено 2.542.372 денари без ддв […]