Малишиќ: Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, стабилизирање на цената со почеток на жетвата


Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, велат мелничарите. Тоа, според нив, е импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти. Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, […]

Заедничка колумна на Заев и Ципрас: Се крши духот на Преспа


  Речиси 30 години по падот на Берлинскиот ѕид и насилниот распад на Југославија, нашите две земји беа поделени околу „спорот за името“, кој ги опструираше односите меѓу нашите народи и ја ослабе регионалната стабилност и европската перспектива на Западниот Балкан, пишуваат поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев во заедничка колумна за „Еурактив“. Преспанскиот […]

ЈСП со важно соопштение за средношколците


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира средношколците дека и оваа година за време на летниот распуст имаат право бесплатно да се возат во нивните автобуси доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз. – Правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа […]

Сиљановска утре домаќин на Самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе биде домаќин на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), како завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“. На Самитот, своето учество го потврдија претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на […]

Мицкоски ќе го достави предлoгот за новата влада во вторник


  Идниот премиер Христијан Мицкоски најави дека официјалниот список со имињата на министрите заедно со програмата во вторник на 18 јуни ќе ги достави до Собранието на РСМ. Владата ќе биде со нови и реорганизирани министерства исполнети со луѓе од владејачката коалиција составена од ВМРО ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ. И покрај тоа што деновиве веќе […]

Макрон ги повика француските партии да се обединат против екстремната десница


  Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика сите партии да формираат сојуз против екстремно десничарскиот Национален собир на Марин Лепен и да се спротивстават на „духот на дефетизмот“, откако тој најави изненадувачки предвремени избори како одговор на големите придобивки на екстремната десница на европските избори. Со екстремната десница на историски највисоко ниво и француската политичка […]

СЗО: Голем број Европејци умираат поради ултра-обработена храна, тутун и алкохол


Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), 2,7 милиони луѓе годишно умираат низ Европа од ултра-обработена храна (UPF), алкохол, тутун и фосилни горива. Експертите велат дека моќните индустрии поттикнуваат лошо здравје и прерана смрт со мешање во владините политики и напорите за намалување на ракот, срцевите заболувања и дијабетесот. Во новиот извештај, СЗО повикува на […]

Уништена урбана опрема и реквизити на детско игралиште во Центар


Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец , Водно и Дебар Маало. Станува збор за клупа и дел од реквизити од детските игралишта „Партение Зоографски“, Славка Недиќ и новото игралиште близу т.ц Зебра. Искинати се кабли и уништени се лулашки и огради, а со тоа и оневозможена е […]

Глобалното производство на нафта ќе ја надмине побарувачката до 2030 година


До 2030 година, зголемувањето на глобалното производство на нафта ќе го надмине растот на побарувачката за овој енергетски производ и ќе создаде вишок капацитет што последен пат беше забележан во екот на пандемијата на коронавирусот, се вели во среднорочниот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објавен денеска. Организацијата со седиште во Париз предвидува дека […]

Герапетритис се премисли, утре доаѓа во Скопје


Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, утре ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи и на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека Герапетритис утре заминува за Северна […]

Сиљановска до дијаспората: Во ЕУ не влегуваат егзотични држави


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на работната посета на Берлин по повод учеството на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Германија. На средбата претставниците на македонската дијаспора ја запознаа со нивните севкупни активности и нивната вклученост во општествените текови во Германија. Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека припадниците […]

Лога: Дочекавме и претседателката да не ја почитува сопствената држава


Министерот за правда  Кренар Лога на својот Фејсбук профил објави фотографии од веб страната на претседателката Гордана Силјановска Давкова коментирајќи дека сме го дочекале денот кога – ни претседателот не ја признава сопствената држава. „Имавме денови кога не бевме признати како држава од други држави, дури ни од соседите; не ни беше признат јазикот, црквата, […]

Османи и даде бесплатен совет на новата власт


Се уште актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи денес на прес конференција истакна дека Преспанскиот договор е јасен во однос на „ерга омнес“ употребата на името на државата и всушност тој е спореден во однос на уставната обврска. -Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од […]

Ѓорѓиевски: Срамота е во 21 век да се занимаваме со ѕид кој се решава за два-три дена


Проблемот со потпорниот ѕид кој полека се рони во дворот на Клиничкиот центар, стигна и до претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој смета дека е срамота нешто што може да се реши за два-три дена да се претставува како најголем проблем по медиумите.   Тој разговарал со  градоначалникот на Центар, од каде му било објаснето дека […]

Според податоците на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ доби 436.000 гласови, а не половина милион


  Нема потреба да се зголемува и така големата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе неколку денови пратениците од оваа партија и нејзини раководители тврдат дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 500.000 гласови на парламентарните избори. На денешната прес-конференција претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, рече дека бројката била дури и поголема од половина милион гласови. Еве како […]

Мицкоски ќе ги слуша експертите, но не и Лога за распуштање на Судскиот совет


Реформи во правосудството и Судскиот совет ќе има, но најпрвин да ги слушнеме и мислењата на експертите и какви решенија ќе посочат, бидејќи нивните мислења ни се секогаш добредојдени, истакна денеска мандаторот за состав на нова влада, Христијан Мицкоски, пред средбата со градоначалниците на Генералното собрание на ЗЕЛС во Скопје. -Очекувам во таа дебата со […]

Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од ЕУ, вели Мицкоски


  Меѓународните договори треба да се почитуваат и тука немаме никаква дилема, но тоа е двонасочна улица, изјави мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски запрашан за препораките од САД и Франција да се почитуваат меѓународните договори. „Договорот е договор помеѓу најмалку две страни, и треба и двете страни да го почитуваат. Ако конкретно […]

Мицкоски ќе даде 250 милиони евра на општините, градоначлниците да достават проекти


Општините во периодот кој што следи ќе имаат во Македонија големо значење, затоа што голем дел од капиталните проекти кои што ги имаат како потреба граѓаните, ќе бидат реализирани преку општините, порача мандатарот Христијан Мицкоски. „На покана на ЗЕЛС денеска сум на овој настан, на ова Генерално собрание. За мене претставува чест и задоволство што […]

Мицкоски: Ставрески е врвен експерт, неговото назначување за гувернер не беше на дневен ред


Мандатарот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески е врвен  експерт, но прашањето за неговото назначување на гувернер на Народна банка воопшто не било на дневен ред, ниту за тоа прашање било дискутирано. Тој ова го изјави пред шестата седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната […]

Ѓорѓиевски: Одлично решение е градоначалниците да се заменат со В.Д. до избори


Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски смета дека одлично решение е градоначалниците кои станале пратеници или министри, да бидат заменети со В.Д., до следните локални избори, како што предвидува новиот предлог-закон, кој е во собраниска процедура.  – На овој начин, со оваа законска регулатива ќе се скратат трошоците од една страна, а од друга страна во […]