Ѓорѓиевски: Срамота е во 21 век да се занимаваме со ѕид кој се решава за два-три дена


Проблемот со потпорниот ѕид кој полека се рони во дворот на Клиничкиот центар, стигна и до претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој смета дека е срамота нешто што може да се реши за два-три дена да се претставува како најголем проблем по медиумите.  

Тој разговарал со  градоначалникот на Центар, од каде му било објаснето дека надлежноста за улицата „Белградска“, која се потпира на овој ѕид, ја има Градот Скопје.

–  Од она што ми беше презентирано од негова страна, за жал, еднонасочна е комуникацијата кон Градот Скопје. Таму немаме двонасочна комуникација. Немаме никаков одговород страна на Градот Скопје за состојбите поврзани околу тоа. Но, од она што ме информираше колегата Горан Герасимовски од Центар, надлежноста ја презел Градот Скопје во 2019 година, спореддоговорот и менморандумот што го потпишале со Градот Скопје и практично според тој документ, треба Градот Скопје да си ја преземе одговорноста – смета Ѓорѓиевски.

Сепак, тој верува дека за скоро ќе се реши проблемот со ѕидот кој е дел од оградата на Клиничкиот центар во Скопје.

– Малку е трагично во државава во 21 век ние да се занимаваме сега за ѕид којшто се решава за два-три дена како проблем и да се претставува во медиумите како најголем проблем, но за жал, одредени институции немаат слух и не знаат како да си ја сработат работата и верувам дека за скоро ќе се реши тој проблем – вели тој.