Ѓорѓиевски: Одлично решение е градоначалниците да се заменат со В.Д. до избори


Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски смета дека одлично решение е градоначалниците кои станале пратеници или министри, да бидат заменети со В.Д., до следните локални избори, како што предвидува новиот предлог-закон, кој е во собраниска процедура. 

– На овој начин, со оваа законска регулатива ќе се скратат трошоците од една страна, а од друга страна во услови како во минатото, нефункционални се општините. Така што на овој начин ќе се овозможи одлична функционалност на општините и сметам дека е одличен предлог-законот – вели Ѓорѓиевски.