Бајден ја поддржа одлуката на Врховниот суд за забрана на огнено оружје во случаи на семејно насилство


 Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд со која се поддржува забраната за поседување оружје на лица на кои им е наложена забрана за семејно насилство. Во исто време, Бајден рече дека ќе продолжи да врши притисок врз Конгресот да ја зајакне заштитата на жртвите на семејно насилство. „Никој што бил […]

Во САД стапката на невработеност се зголеми прв пат по повеќе од две години


Побарувачката за работна сила во САД слабее, што сигнализира дека на работодавачите им е сè потешко да се справат со товарот на високите трошоци за задолжување, предупредуваат експертите. Во изминатите четири недели на берзата во просек се пријавиле речиси 233.000 отпуштени работници неделно, најмногу во последните девет месеци, покажуваат податоците на Министерството за труд. Расте […]

Барселона планира да забрани изнајмување станови на туристи


Барселона денеска објави дека до 2028 година ќе го забрани издавањето станови на туристи, со што сака да го спречи растот на трошоците за домување и да им овозможи на граѓаните да живеат во свој град. Левичарскиот градоначалник на градот, Жауме Колбони, рече дека до ноември 2028 година, Барселона ќе ги одземе лиценците на 10.101 […]

Во пожар во Турција 11 загинати. И Грција се бори со огнот


Најмалку единаесет лица загинаа, а десетици се повредени во пожар на ниска вегетација што ветрот го прошири во неколку села на југоистокот на Турција, одземајќи животи на стотици животни, а со пожарите денеска се бори и Грција. Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа објави „единаесет смртни случаи и 78 повредени лица“, од кои пет морале […]

Почина Тејлор Вајли, актерот од серијата „Hawaii Five-O“


Тејлор Вајли, најпознат по улогите на „Хаваи пет-0“ и „Магнум ПИ“, почина на 56-годишна возраст. Хавајската музичарка Лина Грл Ланги, која беше блиска пријателка на Вајли и неговото семејство, ја објави веста за неговата смрт во нејзината емисија „Island Life Live“ во четврток, 20 јуни. „Со тешко срце ја споделувам веста за смртта на добро […]

Мирослав Лајчак ќе остане специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина


Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак ќе остане на оваа функција и во наредниот период, беше потврдено пред новинарите во Брисел. Поранешниот висок претставник во Босна и Херцеговина требаше да остане на функцијата до 31 август, но високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, […]

Хрватска подготвува закон за криптовалути


Хрватската владата од седницата во петокот го испрати конечниот предлог-закон до хрватскиот парламент за имплементација на европската регулатива за пазарите на крипто средства, која има за цел да ги заштити инвеститорите, да воспостави регулаторна рамка, како и да го надгледува издавањето на криптосредства и обезбедување на такви услуги. Т.н. регулативата за MiCA има за цел […]

Британскиот јавен долг на највисоко ниво од 1961 година.


Британскиот јавен долг достигна повеќе од 2.700 милијарди фунти (3.200 милијарди евра) во мај и изнесуваше речиси 100 отсто од БДП. Ова е највисокото ниво на јавен долг од март 1961 година, и покрај фактот што задолжувањето на државата беше помало од очекуваното, германската новинска агенција Дпа ги сумира податоците од Британското биро за статистика. […]

СДСМ треба да се врати на идеолошките корени: Интервју со Славјанка Петровска


Храбра и одмерена, но и директна и многу прецизна во своите оцени и ставови – овие одлики Славјанка Петровска, поранешната министерка за одбрана и сега еден од четирите кандидати за претседател на СДСМ, ги потврдува и во интервјуто за Независен. Без заобиколување, таа многу конкретно посочува на причините кои доведоа до изборнот фијаско на СДСМ, […]

Фросина Пармаковска го доби Рациновото признание


Фросина Пармаковска за нејзиното дело „Сѐ уште можам нешто да сторам“, го доби Рациновото признание 2024, во конкуренција на 25 пријавени дела. Книгата е издание на издавачката куќа „Или-или“. Повеќе дела од предложените, се издвоиле со нивниот естетски квалитет, иновативниот и наративен стил, оцени жирито во состав: Снежана Петрова-Џамбазова, Маја Апостоловска и Јасминка Делова-Силјанова. „Романот […]

Со над 20 тони вода изгасен е пожарот во Кичевско


Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска дејствуваше на пожарот на отворено во атарот на село Цер, општина Кичево. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова […]

Бријаторе се враќа во Формула 1


Енстон – Поранешниот шеф на Рено, Флавио Бријаторе, ќе ја преземе советничката улога во Алпин и ќе се врати во Формула 1 по 14 години. Бријаторе е надвор од Формула 1 откако поднесе оставка како шеф на Рено поради неговата вмешаност во скандалот за Големата награда на Сингапур во 2008 година, кој беше откриен две години […]

Украина по пресврт до првите три бода на УЕФА ЕУРО 2024


Дизелдорф – Украина ја победи Словачка со 2:1 во нивниот втор натпревар од групната фаза на ЕП 2024 за да ги задржи живи шансите за пласман во следната фаза. „Жолто-сините“, кои го загубија првиот меч катастрофално со 0:3 од Романија, мораа да направат целосен пресврт со головите на Микола Шапаренко (54′) и Роман Јаремчук (80′) во […]

Црногорците и Албанците ја објавија причината за снемувањето струја


Историски прекин на струја ги погоди денеска Црна Гора, Боснаи Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје. Бизнисите мораа да ги затворат вратите, семафорите не работеа, а луѓето останаа без клима среде топлотен бран. Црногорски министер: Дефектот настанал поради оптоварување на мрежата, нагло зголемување на потрошувачката и самата топлина Како што јави Ројтерс, црногорскиот […]

Примероците од водата во реката Сена засега не ги исполнуваат стандардите за олимписките натпреварувања


Примероците од водата во Сена засега не ги исполнуваат стандардите за Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз, изјави регионалниот префект Марк Гијом, но додаде дека тој се уште е убеден дека ќе бидат можни олимписки натпреварувања на вода. Тој изјави дека според примероците на вода од […]

Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката


Активирани се сите механизими за да не се почувствува и кај нас домино ефектот од прекинот на струја што денеска зафати дел од регионот, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Според него, РКЕ е во комуникација со преносните систем оператори и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа […]

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот


Пеколни горештини и суша нè чекаат и ова лето, а климатските промени го наплатуваат данокот на невнимателност на човекот, како најодговорен за емисиите на стакленички гасови. Иако само што календарски започна, летото веќе го чувствуваме во полн замав, а заради високите температури во земјава веќе е прогласена и портокалова фаза на опасност. Жештините ќе се […]

Загина македонска државјанка, а три жени се повредени во сообраќајка кај Солун


Македонска државјанка на 30 години загина, а три млади девојки се повредени во тешка сообраќајка која се случила во близината на Солун. Според gрчките медиуми, 30-годишна жена е почината, а нејзини две сопатнички се во болница во Верија, додека една е во Солун. Во Верија е пренесена 27-годишна жена која веднаш е подложена на опеорација, […]

Напојувањето со електрична енергија во неколку земји на Балканот почна да функционира


Напојувањето со електрична енергија без која претходно денеска остана без цела Далмација, постепено почна да функционира, јавуваат хрватските медиуми. Најдоцна до 15 часот и 30 минути целата територија на Далмација треба да добие струја, пренесе Хина. Засега делови од Сплит, како и други градови и населени места се приклучени на електричната мрежа. И во БиХ […]