Фросина Пармаковска го доби Рациновото признание


Фросина Пармаковска за нејзиното дело „Сѐ уште можам нешто да сторам“, го доби Рациновото признание 2024, во конкуренција на 25 пријавени дела. Книгата е издание на издавачката куќа „Или-или“. Повеќе дела од предложените, се издвоиле со нивниот естетски квалитет, иновативниот и наративен стил, оцени жирито во состав: Снежана Петрова-Џамбазова, Маја Апостоловска и Јасминка Делова-Силјанова.

„Романот содржински нуди одговори на повеќе лични, општо човечки и суштински прашања и колебања. Во целост на читателската пбулика и понудува секојдневна, магична и современа и сeвременска приказна, лесна и пивлива за читање. Романот е поделен на два дела, двата концепирани во поглавја, кои полека и во неколку апсекти го откриваат сложениот мозаик на приказната“ , кажа Петрова-Џамбазова во името на жирито. Во романот столбот на приказната е за бројните исчезнати, украдени, ново родени бебиња, низ поранешна Југославија.

Пармаковска заблагодарувајќи се за наградата на церемонијата во Велес, кажа дека Рацин ѝ е еден од првите македонски четива во животот и на кого редовно се навраќа.
„На Рацин постојано се навраќам, но Рацин не се надраснува. Со секое навраќање, одново и одново откривам, Рацин е љубов, Рацин е слобода, крик за правда, силен копнеж, Рацин е македонска меморија. Поради тоа со толку силна воздуба ја примам оваа награда. Во овој роман, дадов најмногу од себе, и психички и физички и емоционално. Поради тоа толку многу се радувам на наградата. Секој миг од животот што го живеам, е согласно со Рациновите вредности“ , рече Пармаковска.

Добитничка на Почесното Рациново признание е  Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, литературен преведувач од македонски на унгарски јазик. Ова признание се доделува за афирмација и  промоција на македонскиот  јазик, книжевност и култура во странство.