Наскоро ќе гледаме ретко порамнување на шест планети. Што значи тоа?


Вљубениците во ѕвезденото небо ги чека вистинско уживање за околу една недела – порамнување на дури шест планети. Порамнувањето или спојувањето на небесните тела ја опишува нивната очигледна близина кога тие изгледаат, ако се гледаат од Земјата, дека се блиску едно до друго. Имено, на 3 и 4 јуни на небото во права линија ќе […]

Грчките медиуми пишуваат дека Блинкен не ѝ честитал на Сиљановска и зошто било така


  АТИНА – „Писмото на Блинкен остана во фиока“; „Дипломатски маратон за прекршувањето на Договорот од Преспа“ и „Враќање на тврдокорните“ се насловите на текстовите во неделните изданија на три грчки весници -„То вима“, „Реал њуз“ и „Катимерини“ – едни од најголемите во земјата, кои и оваа седмица македонско-грчките односи ги држат високо во фокусот. Дописникот […]

Италијанскиот претседател Матарела информира во една реченица дека се сретнал со Сиљановска


  Со наслов „Претседателот Матарела ја прими претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова“, прес-службата на италијанскиот претседател, Серџо Матарела соопштува за средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Во многу кусото соопштение се вели: „Претседателот на Републиката, Серџо Матарела, во Квиринале ја прими претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Присутен беше државниот потсекретар за […]

Трамп дојде на конвенцијата на либертаријанците и беше исвиркан


  Доналд Трамп беше постојано исвиркуван додека се обраќаше на Националната конвенција на Либертаријанската партија во саботата вечерта, при што многумина во толпата извикуваа навреди и го критикуваа за работи како што се неговите политики за Ковид-19, поттикнување на огромни федерални дефицити и лажење за неговото политичко досие. Кога излезе на сцената, многумина се исмејуваа […]

Вардар го зачува прволигашкиот статус


Фудбалерите на Вардар и следната сезона ќе играат во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево го совладаа третопласираниот тим во второлигашката конкуренција Детонит Плачковица со  2-0 (2-0) во баражот во Струмица. Победата која му донесе прволигашки опстанок на најтрофејниот македонски клуб ја навести Дејан Ѓуриќ во 42 минута, а само три минути подоцна предноста […]

26 мај во историјата – Крунисан е рускиот цар Николај II


  Николај II, последниот цар, е крунисан за владетел на Русија во старата Успенската катедрала во Москва на 26 мај 1896. Николај ниту бил обучен, ниту бил склон да владее, што не ѝ помогнало на автократијата што тој се обидувал да ја зачува во ерата очајна за промени. Роден во 1868 година, тој го наследи […]

Формула 1: Леклер конечно победи во Монте Карло


Монте Карло– Возачот на Ферари, Шарл Леклер победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Монако. Леклер, кој стартуваше од пол-позицијата и водеше во текот на целата трка, победи за прв пат на домашната патека во Монте Карло и во својот роден град ја забележа шестата победа во кариерата. Второто место го […]

Анкета на Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста но не го забрза патот до ЕУ


Членството во НАТО е добра одлука. Тоа ни ја зголеми безбедноста но не даде некој придонес во процесот на зачленување на Европската Унија. Вакви се ставовите на граѓаните во последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според истражувањето, 61 отсто од анкетираните сметаат дека од денешен аспект […]

Сопругот на италијанската европратеничка е пронајден мртов во автомобилот. Имал пластична лента околу вратот?


Анџело Онорато, сопруг на италијанската европратеничка Франческа Донато, е пронајден мртов во својот автомобил во Палермо. Иако се уште се утврдува причината за смртта, Франческа Донато веднаш се огласи со порака: „Го убиле мојот сопруг Анџело“. Цело утро го бара Анџело, вознемирена бидејќи тој не одговара на нејзините повици. Таа на крајот успеала да му […]

Односите меѓу Скопје и Атина и денеска во фокусот на неделните изданија на грчките весници


Атина – „Писмото на Блинкен остана во фиока“; „Дипломатски маратон за прекршувањето на Договорот од Преспа“ и „Враќање на тврдокорните“ се насловите на текстовите во неделните изданија на три грчки весници-„То вима“, „Реал њуз“ и „Катимерини“ – едни од најголемите во земјата, кои и оваа седмица македонско-грчките односи ги држат високо во фокусот, јави дописничката на […]

Булеварот „Кочо Рацин“ веќе неколку дена без улично осветлување


Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж булеварот не работат, а улиците околу булеварот исто така не се осветлени – единственото светло на него доаѓа од становите на соседните згради. Мракот ја загрозува безбедноста на пешаците и велосипедистите кои ги преминуваат пешачките […]

Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец


Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, под надѕор на Регионалната дирекција за национална култура од Корча. -Во тек е реставрацијата на црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, каде на виделина излегуваат дел од извонредни византиски фрески. Во исто време се поставува и надворешната врата, […]

Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин


Брисел – Дванаесет лица се повредени поради силните турбуленции на лет на „Катар ервејс“ од Доха до Даблин. Во соопштението од аеродромот во Даблин се наведува дека авионот слетал безбедно, според планираното, нешто пред 13 часот по локално време. „По слетувањето, ги пречека амбулантно возило, аеродромската полиција и нашата противпожарна и спасувачка служба, поради шест […]

За вероучител во Турција кој злоставувал ученички се бара затвор до 135 години


Истанбул – Наставник по верска култура и етика во турскиот град Адана е осомничен дека сексуално злоставувал шест ученички, од кои најстарата имала 12 години. Против него е поднесена тужба со која се бара затворска казна до 135 години, јавија турски медиуми. Пет ученички од петто одделение им кажале на родителите дека наставник от Џ. Џ. […]

Режисерот кој избега од Иран доби 12-минутни овации во Кан


Иранскиот филмски режисер Мохамад Расулоф, кој побегна од затвор и казна од камшик во својата земја, беше награден со специјална награда од жирито на Канскиот филмски фестивал за неговата приказна за судски истражител чиј семеен живот е растргнат за време на антивладините протести. При прифаќањето на наградата во францускиот туристички град, 51-годишниот Расулоф рече дека […]

Енрике најави нови засилувања по заминување на Мбапе


Париз – Пари Сен Жермен планира да донесе пет-шест нови засилувања во летниот преоден рок во обид да го надомести заминувањето на ѕвездата Килијан Мбапе, најави тренерот на францускиот шампион, Луис Енрике. Шпанецот му беше тренер на Мбапе во последната од седумте години во ПСЖ, период во кој напаѓачот постигна рекордни 256 голови и му помогна […]

Драма на лет за Сплит: Maж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина и се заклучил во тоалетот


Вистинската драма се одвивала во неделата наутро на аеродромот Гардермоен во Осло. Непознато лице се обиде насилно да влезе во пилотската кабина на Норвешка Ер, која требаше да полета во 6:50 часот на летот DY1990 за Сплит. Кога не успеала во тоа, лицето се заклучило во тоалетот во задниот дел на авионот. Норвешката полиција подоцна […]

Ангелов неуморен: Од спасување на Пчиња, на ревијален натпревар во стрелаштво


Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, во знак на поддршка на спортското стрелаштво во нашата држава, ревијално учествуваше на 18-етиот Меѓународен отворен стрелачки турнир ГРАН ПРИ СКОПЈЕ 2024 (18-th International Open Shooting Tournament GRAND PRIX SKOPJE 2024). Ова годишно традиционално интернационално натпреварување во повеќе стрелачки дисциплини го организира и реализира Македонската спортска стрелачка федерација (МССФ), […]

Најмалку 12 загинати и 43 повредени во рускиот напад на хипермаркет во Харков


Харков – Најмалку 12 лица загинаа, а 43 се повредени во вчерашниот руски напад на хипермаркет за градежни материјали во украинскиот град Харков, соопшти денеска обвинителството на Украина.  Две руски наведувани бомби вчера попладне го погодија градежниот хипермаркет „Епицентар“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов на националната телевизија. Ударите предизвикаа голем пожар, со густ, црн чад […]

Парада на гордоста на 22 јуни под слоганот „Спектакуларно неспослушни“


Под слоганот „Спектакуларно неспослушни“, во паркот „Жена борец“ во Скопје на 22 јуни оваа година ќе се одржи петтата Парада на гордоста. Најавено е дека рутата ќе биде иста како и изминатите години и се очекува да биде обезбедено високо ниво на безбедност. Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска на денешната […]