Ангелов неуморен: Од спасување на Пчиња, на ревијален натпревар во стрелаштво


Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, во знак на поддршка на спортското стрелаштво во нашата држава, ревијално учествуваше на 18-етиот Меѓународен отворен стрелачки турнир ГРАН ПРИ СКОПЈЕ 2024 (18-th International Open Shooting Tournament GRAND PRIX SKOPJE 2024).

Ова годишно традиционално интернационално натпреварување во повеќе стрелачки дисциплини го организира и реализира Македонската спортска стрелачка федерација (МССФ), на стрелиштето „Камник“ во Скопје.

Ангелов на натпреварот стигнал директно од спасувачката акција на Пчиња, која траеше цела ноќ, а спасени беа четворица возрасни и едно дете кои пешачејќи стигнале до многу стрмно место, од каде не можеле да се вратат. 

Резултатите од натпреварот ќе бидат познати попладнево, затоа што натпреварот уште трае, а Ангелов бил одличен и се натпреварувал со туѓ пиштол и без проба.