Дете во Србија паднало во казан со гулаш


Четиригодишно дете паднало во казан со гулаш вчера во Србија. Се се случило за време на „гулашијада“ во војводинското село Баранда. Детето со брзата реакција на полицијата било извлечено од казанот и потоа било префрлено во болница во Белград. Според неофицијални информации, детето е на интензивна нега и е надвор од животна опасност. Нова.рс пишува […]

СДСМ ќе избира нов лидер на 30 јуни


На 30 јуни, на непосредни внатрепартиски избори СДСМ ќе избира нов претседател на партијата. Ова е одлучено на денешната седница на Извршниот одбор на партијата, откако на 22 мај Димитар Ковачевски си поднесе оставка од функцијата. „Согласно роковите во Статутот на партијата, ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите […]

Сиљановска: Преспанскиот договор е правен акт и јас ќе го почитувам


Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен акт кој ќе го почитува, иако е критичар на неговата содржина. Сиљановска Давкова вечерва при учество на настан по повод 20- годишнината од постоењето на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор. […]

Германско истражување покажа дека враните може да бројат


Едно од најновите студии покажа дека „птичјиот мозок“ сепак не е навреда. Имено, утврдено е дека враните гласно можат да избројат до четири. Станува збор за студија спроведена од тим истражувачи од Лабораторијата за физиологија на животните на германскиот универзитет во Тубинген. Начинот на кој птиците ги препознаваат и реагираат на бројките е сличен на […]

Премногу омекнувач може да ја оштети облеката, но и машината: Која е идеалната количина?


Една од најчестите грешки што луѓето ги прават кога перат алишта е тоа што ставаат премногу омекнувач, што може да резултира со оштетување на облеката и машината. Кога ставате омекнувач, не гледајте на мерките означени на капачето бидејќи и најмалото мерење е премногу. Треба да турате што е можно помалку. Наместо капачето користете лажица. Додадете […]

Што изјави Надал по поразот во првото коло на Ролан Гарос


Париз – Рафаел Надал со години се обидува да се врати на старите патеки на слава, но секогаш кога ќе излезе на теренот прави само голем чекор назад, бидејќи честите повреди и долгото боледување оставија толку длабока трага на неговиот тенис што дојде денот кога освојувачот на 14 титули на Ролан Гарос веќе е елиминиран во […]

Суниог: Косово треба веднаш да ја укине забраната за увоз на српски производи


Шефот на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, Томас Суниог, побара од косовските власти што поскоро да ја укинат одлуката за забрана за влез на српски производи во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. На почетокот на работата на првиот Форум за одржливи инвестиции, организиран од Советот на европски инвеститори (ЕИЦ) во Приштина, Суниог […]

Кавадарци субвенционира купување велосипеди


 Кавадарци субвенционира купување велосипеди, со цел да ги стимулира кавадарчани за користење на велосипеди и да се даде поголем придонес во зачувување на животната средина и физичкото здравје на жителите во општината. Тоа значи дека локалната самоуправа ќе обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед.  Одлука за определување на максимален износ […]

Соседните земји ги имаат најубавите национални паркови во Европа


„European Best Destinations“, организација која ја промовира културата и туризмот во Европа, ги издвои 10-те најубави национални паркови во Европа. Национален парк е дел од територијата на една земја, вообичаено во сопственост на државата во која се наоѓа, главно заштитен од човечко влијание. Посетителите можат да уживаат во нивниот чист воздух и уникатната природа, далеку […]

Податоците за возила и сопственици на возила во Хрватска не се хакерски украдени


 Хрватската безбедносно-разузнавачка агенција (СОА) соопшти дека податоците за возилата и сопствениците на возилата во Хрватска не биле украдени преку хакерски напад, туку биле незаконски копирани од лица со пристап до информацискиот систем. Загрепскиот весник „Вечерњи лист“ објави дека СОА била информирана за „истекувањето“ на 2.444.587 записи за возила и 1.195.052 за физички лица, вклучувајќи имиња, […]

„Хеда Габлер“ на Драмски ќе го отвори 58. „Војдан Чернодрински“, еве ја целата програма


Објавена е комплетната Програма на театарскиот фестивал 58. МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп. Претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје ќе го отвори 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Добитници на наградата за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов. Наградата […]

Биљал Касами бара да не му се верифицира пратеничкиот мандат


Претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово Биљал Касами до Собранието доставил изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат и бара да не му биде верифициран.  -Јас Биљал  Касами како избран кандидат за пратеник  во Шестата изборна единица на Парламентарните избори 2024, при чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого, под целосна морална, […]

Гаши се повлече од лидерската функција во Алтернатива, ќе биде предложен за претседател на Собранието


Поради кандидатурата за претседател на Собранието, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива, информираат од Секторот за односи со јавност на Алтернатива.  Информацијата за МИА ја потврди и Гаши. – На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот на 23 мај, меѓу другото се разговараше и за кандидатурата на Африм […]

Се подготвува конститутивната седница на Собранието, претседателот од коалицијата Вреди


Во Собранието се вршат последните подготовки пред утрешната конститутивна седница на Собранието по парламентарните избори на 8 мај. Собранието ќе брои 120 пратеници, но на утрешната седница ќе присуствуваат само 118 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандати за кои се прегласуваше минатата среда […]

Маринакис: Договорот од Преспа не влезе на предизборната агенда со одлука на грчката Влада


Договорот од Преспа не влезе во предизборната агенда со одлука на Владата, туку поради тоа што Владата мораше да реагира за она што беше неприфатливо, историски погрешното и спротивно на билатерално договореното и изгласано од двете земји, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од […]

Шпанија во Украина испраќа воена опрема вредна милијарда евра


Шпанија годинава ќе и обезбеди на Украина воена опрема вредна една милијарда евра, како дел од билатералниот договор што денеска во Мадрид го потпишаа шпанскиот премиер Педро Санчез и украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Најважно е брзо да и помогнеме на Украина да се одбрани, рече Санчез на прес-конференција. – Сакаме да испратиме порака до […]

Полска ќе го ограничи правото на слободно движење на руските дипломати


Полска ќе воведе ограничувања за движењето на руските дипломати на нејзина територија поради вмешаноста на Москва во хибридната војна против Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Радослав Сикорски. Односите меѓу Полска и Русија се затегнати од избувнувањето на конфликтот во Украина во 2022 година. Британските медиуми пренесуваат дека Варшава ја обвинува Москва и […]

Мареска фаворит за наследник на Покетино во Челси


Менаџерот на Лестер Сити, Енцо Мареска сега е фаворит за наследник на Маурисио Покетино на кормилото на Челси, пренесува „Скај Спортс“. „Сините“ од Лондон се во потрага по нов тренер по разделбата со Покетино на крајот од сезоната. Мареска извонредно се претстави на чело на „лисиците“ минатата кампања и ги врати во Премиер лигата, освојувајќи […]

Отворен спектакуларниот мост во Омиш


Свечено беше отворен мостот на кањонот на реката Цетина во хрватскиот град Омиш, вреден повеќе од 20 милиони евра. Мостот на Цетина долг речиси 225 метри и обиколницата Омиш конечно беа пуштени во сообраќај. Жителите на Омиш со децении чекаат изградба на обиколница и мост што треба да ја намали неподносливата гужва во летните месеци […]

Се подобрува водоводната мрежа во Гази Баба


Почна втората фаза од изградбата на водоводна мрежа во Гази Баба за подобрување на водоводната мрежа за подобро водоснабдување.   Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторот за уредување и планирање и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, денеска извршија увид на отпочнување на изградбата на водоводна мрежа на втората фаза […]