Белгија испраќа 30 авиони Ф-16 во Украина


Белгија ќе се заложи за снабдување на Украина со триесет борбени авиони Ф-16, а првите испораки се планирани за оваа година, објави новинската агенција Белга, повикувајќи се на министерот за одбрана Хаџа Лахбиб. Ова беше најавено неколку часа пред украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со белгиските власти. Како што претходно најави белгиската влада, […]

Од Копров до Ристеска – македонски автори и учесници на првиот регионален фестивал во Тиват


Објавени се имињата на финалистите на првиот фестивал на РМФ „Бисер на Јадранот“. Од Македонија учествуваат Мартинијан Кириловски и Ана Петан.Меѓу авторите се Елена Ристеска, Ненад Тодоровски (за песната на Мартинијан Кириловски – Змеј), Григор Копров и Стефан Петановски (за песната на Ана Петан „Љубовта секогаш победува“).    Изборната комисија на фестивалот ја сочинуваат: Слободан […]

Во Битола пронајдени 1.408 пушки од Балканските војни


Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување на градежни земјени работи пронајдени се 1 408 пушки од минатите балкански војни и истите се подигнати и складирани на безбедно од страна на ДЗС Битола. Според полицискиот билтен, во понеделникот, во СВР Битола било пријавено дека во 14.30 часот во […]

Кинотеката во јуни се сели на отворено во летното кино „Мирно лето“


Во јуни, месецот на липите, Кинотеката подготвува кино – програма, со, како што најавува, опојни квалитети. Во овој прв месец на летото, вообичаено проекциите се селат на отворено во летното кино „Мирно лето“. Во програмскиот центар се пробија неколку содржини – проекции на филмови со музички сензибилитет, веќе редовниот Филозофски филмски фестивал, ревија на португалскиот филм […]

Педро Санчез ја призна државноста на Палестина: Тоа е императивна потреба


Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска одржа прес-конференција на која го официјализираше шпанското признавање на палестинската држава. Во обраќањето до нацијата, Санчез рече дека ова е историска одлука. – Владата на Шпанија на денешниот состанок ќе го одобри признавањето на државата Палестина. Така Шпанија ќе им се приклучи на повеќе од 140 земји во светот […]

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, во државава вкупно 631 случај


 Од 17 до 23 мај, пријавени се 34 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 22,7 отсто споредено со претходниот седмодневен период, кога беа евидентирани 44 новозаболени. Од новите 34, три случаи се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен изутринава. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел […]

Најстудено утрово во Лазарополе


Утрово најниска температура од 3 степени Целзиусови е измерена во Лазарополе. Следат Берово со 4 степени, 6 во Маврови Анови, 7 Битола, Крива Паланка, Попова Шапка, 8 во Тетово, Охрид и Претор, 9 во Скопје кај Петровец, Струмица, Прилеп и во Крушево, 10 во Дебар, Куманово, Штип, Велес, Демир Капија, 11 во Скопје кај Зајчев […]

„Црвена јабука“ со концерт на Антички во Охрид на 9 август 


После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука“ доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид. После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а […]

Најмалку 20 загинати во бури и торнада во САД, 300 илјади луѓе се без струја


Речиси 300.000 Американци во седум држави се без струја од вчера поради торнада и разорни грмотевици. Во големите бури што го зафатија континентот минатиот викенд загинаа 23 лица, а според синоптичарите, можни се нови невремиња проследени со силен ветер, град и поројни поплави. Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, […]

Најмалку седум загинати во тропската бура што ги погоди Филипините


 Филипинските власти соопштија дека најмалку седум лица загинале како последица на тропската бура Евиниар, која ја погоди земјата за време на викендот. Евиниар донесе силен ветер и силен дожд, затворајќи ги аеродромите и поморските пристаништа и го прекина снабдувањето со електрична енергија. Филипинскиот претседател, Фердинанд Маркос Помладиот рече дека невремето погодило речиси 27 илјади луѓе […]

Кадар на Билал Касами ќе се бори против корупцијата во власта


Имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон во следниот владин состав, но не можам да зборувам за имиња, истакна Биљал Касами од коалицијата „Вреди“ во интервју за „360 степени“. За „Влен“, во владата со 20 ресори, ќе има пет министерства, плус министер без ресор.   -Можам да потврдам дека еден […]

Камерната опера „Свадба“ на 52. „Мајски оперски вечери“


На сцената на НОБ вечер во 20 часот во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ под диригентската палка на Јелена Шасник, во режија на Андреј Јус. Сценографијата е на Јаро Јеше, костимографијата на Маја Сотошек, а во главните […]

Изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ во МСУ


Во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ) вечер во 20 часот ќе биде отворена интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова.  На изложбата ќе бидат изложени дела од: Ула вон […]

Дел од Ѓорче Петров и Шуто Оризари без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров и Шуто Оризари, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Воин Драшковиќ“ во Општина Ѓорче Петров. Во периодот од 09:00 до 15:00 часот […]

Сончево, попладне со услови за краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 28 мај 2024 година, 149-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 217 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 57 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во 6 минути по […]

Касами: Вреди добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор


Имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон во следниот владин состав, но не можам да зборувам за имиња, истакна Биљал Касами од коалицијата „Вреди“. – Генерално, од почеток на разговорите, има добар амбиент во делот на распределба на одговорностите, во делот на хармонизација на програмата. Така што, во фазата во […]

„Трагична грешка“: Нетанјаху го призна нападот на кампот од шатори во Рафа


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот призна дека е направена „трагична грешка“ откако израелски напад во јужниот град на Газа, градот Рафа, запали шаторски камп во кој се сместени раселените Палестинци и, според локалните власти, загинаа најмалку 45 луѓе. Нападот само ја додаде зголемената меѓународна критика со која се соочи Израел поради војната со […]

Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа за санкции против Израел


  Министрите за надворешни работи на ЕУ за прв пат се вклучија во „значајна“ дискусија за санкционирање на Израел доколку тој не е во согласност со меѓународното хуманитарно право, изјави во понеделникот ирскиот министер за надворешни работи Михол Мартин. „Постоеше многу јасен консензус за потребата да се поддржат меѓународните хуманитарни правни институции“, им рече Мартин […]

Пропаѓа познат југословенски гигант


  Независниот синдикат на „Вартекс“ по десет дена донесе одлука од петок да го прекине штрајкот на работниците „Вартекс“, наведувајќи дека синдикатот донел ваква одлука откако им била загарантирана исплатата на неисплатените плати на сите работници. Планот за стабилизација на компанијата се состои пред сè од кредити кои се надеваат дека ќе ги добијат од […]