Силјановска: Ќе го почитувам, но нема да го употребувам уставното име. Пендаровски: Може, но по дома! (ВИДЕО)


  Кандидатите за претседател  Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова вечерва имаа уште еден дуел кој помина со неколку искричења и со видливи гафови на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, која за некои теми читаше полуфакти напишани од партијата. Обидувајќи се да го обвини Пендаровски дека се дружи со наркомафија, таа се најде во ќор-сокак кога актуелниот претседател […]

Извршниот директор на најголемата европска банка ненадејно поднесе оставка


Извршниот директор на ХСБЦ (HSBC), Ноел Квин, ќе се повлече од функцијата, објавија денеска британските медиуми, коментирајќи дека заминувањето за човекот кој надгледуваше серија на продажба на средства ширум светот, е изненадувачко. Банката фокусирана на Азија во вторникот соопшти дека започнала формален процес за пронаоѓање на неговиот наследник. Главниот финансиски директор Жорж Елхедри, назначен на […]

На иранска филмска екипа и било забрането да замине на фестивалот во Кан


 На членовите на филмската екипа на иранскиот режисер Мохамед Расулоф, чиј филм беше избран за натпреварувачката програма на Канскиот фестивал, им е забрането да ја напуштат земјата, јави Еуроњуз Калчр (Euronews Culture). – Продуцентите на новиот филм на Расулоф „Семето на светата смоква“ беа испрашани откако филмот беше избран за натпреварувачката програма на овогодишниот фестивал […]

Драма во Висконсин: Вооружен маж се обидува да влезе во училиште


Училишна област во Висконсин е ставена во заклучување по извештаите за вооружен маж кој се обидел да влезе во објектот. Од сите е побарано да ја избегнуваат областа околу училиштето. „Акцијата е во тек, деталите ќе ги соопштиме кога ќе ги имаме“, беше соопштено. На терен се неколку полициски и екипи на итната помош. Засега […]

„Европскиот фронт“ и „Вреди“ деновиве ќе одлучуваат дали и кого да поддржат за претседател


Дали и кој претседателски кандидат ќе го поддржат во вториот круг од изборите за шеф на државата, партиите од албанскиот политички блок ќе одлучуваат наредните денови. Во вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат заедно со парламентарните за точно една недела од сега – на 8 мај, за глас повеќе ќе се борат […]

Каевски и Мојсовски тврдат дека политички се гонат од ОЈО


Актуелниот и претходниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и Дарко Каевски демантираат злоупотреби со спортските ваучери и го отфрлија отворањето на предметот на ОЈО инициран од Државната комисија за спречување на корупција како политички мотивиран.  Функционерите на актуелната власт се обвинети за злоупотреба на службена положба. Се гони уште едно познато […]

Експерти: Забранете ги паметните телефони на деца под 13 години


Експерти од Франција препорачуваат упатства за користење на паметни телефони. На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател […]

Десетици илјади луѓе протестираа низ Франција барајќи повисоки плати и мир


Десетици илјади луѓе ширум Франција се приклучија на синдикалните собири за повисоки плати и мир по повод Меѓународниот ден на трудот. Од Марсеј до Лион, Рен или Тулуз на големите поворки во големите градови се вееја знамиња на различни синдикати и палестински знамиња. Во Париз, според синдикатите, се собрале 50.000 луѓе, а според полицијата 18.000, […]

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел


Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците. – Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како […]

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов


На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот,  сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена  кинотечна награда „Златен објектив“.  -Автор кој во голема мера ја задолжи националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и […]

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје


Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител. 

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година


Во основните училишта во државава во мај ќе се спроведува запишување ученици во прво одделение. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната […]

Народна банка со совети како да се препознаат фалсификуваните монети од 2 евра


Народна банка посочува на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра за да се намали ризикот на нашите граѓани, кои патуваат во странство и кои можат да дојдат во контакт со фалсификувани ковани евра. -Фалсификуваните евро монети можат лесно да се препознаат, доколку внимателно се провери дизајнот на предната и задната страна на монетата и нејзиниот раб: […]

Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации


Работниците и активистите на улиците на азиските и европските градови денеска бараат подобри работнички права и зголемување на платите, кои станаа недоволни поради растот на цените и политиките на владејачките структури. Стотици луѓе учествуваа на собирот под мотото „За целосно вработување: да се намали работното време и да се подобрат платите“ по повод одбележувањето на […]

Хорор во Португалија: Маж бил роб 17 години, уапсени четири лица


Португалската полиција денеска соопшти дека уапсила четири лица под сомнение дека држеле 54-годишен маж како роб 17 години во северниот регион Браганца. Во соопштението се наведува дека мажот преживеал физичко и психичко малтретирање, принудна работа и „издавање“ на други луѓе за земјоделска работа, пренесува Ројтерс. „Живееше во понижувачки услови, поминувајќи ноќи во комбе без минимални […]

Албанија: Работнички протести за достоинствени плати и услови за работа


 Албанските синдикати се обединија во заеднички протест пред владата во Тирана со барање за „достоинствени плати и услови за работа“. На работниците од различни професии, рудари, просветни работници, здравствени лица, им се придружија и невработени граѓани и пензионери. Во меѓувреме премиерот Еди Рама од Елбасан каде што денеска беше во посета на компанијата за фероникел […]

Шојгу издаде наредба


Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди денеска што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина. „За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана. […]

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега


Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од […]

Во Флорида стапи во сила забраната за абортус по шест недели бременост


Во Флорида денеска стапи во сила забраната за повеќето абортуси по шест недели од бременоста, пред многу жени да знаат дека се бремени, а некои лекари се загрижени дека жените во државата повеќе нема да имаат пристап до здравствената заштита што им е потребна. Докторката Леа Робертс, репродуктивен ендокринолог и специјалист за плодност во Бока […]

Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско првенство


Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на еднонеделни подготовки во Струга. Претставниците на скопскиот клуб ја темпираат формата за претстојното Европското сениорско првенство, закажано за периодот од осми до 12 мај во Задар, Хрватска.    – „Макпетрол“ е носечкиот клуб во сениорска конкуренција на македонската репрезентација. Во составот имаме искусни, прекалени и квалитетни спортисти, […]