Руски војници влегоа во американската база во Нигер. Американските војници сè уште се таму


Руски војници влегоа во американската база во Нигер. Американските војници се уште се таму Илустрација: Profimedia РУСКИ трупи се распоредени во воздухопловната база во Нигер каде се стационирани американски војници, потврдија американските власти. Овој потег доаѓа откако владетелите на Нигер им наредија на САД да ги повлечат трупите кои се борат против исламските бунтовници во […]

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно, најмногу во Грција, најмалку во Бугарија


Во Европската унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што спаѓа во долго работно време, покажуваат податоците објавени од Евростат. Од земјите на Европската унија најголем удел на работници со долго работно време има Грција, поточно 11,6 отсто, потоа Кипар со 10,4 отсто и Франција со 10,1 отсто. […]

Георгиевски потпиша нов договор со Вардар


Македонскиот ракометар Гоце Георгиевски постигна договор со Вардар за продолжување на соработката на уште една сезона. -Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце, и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената, и кои се […]

Алкараз го пропушта Мастерсот во Рим


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска соопшти дека поради повреда на раката го прескокнува Мастерсот во Рим кој е закажан за следната недела. -Почувствував болка по играњето во Мадрид, непријатност во раката. Денеска имав тестови и имам мускулен едем, резултат на мојата последна повреда. За жал, нема да можам да играм во Рим. Ми треба одмор […]

Рускиот вршител на работите во Германија ги отфрли обвинувањата за кибер напад


 Рускиот вршител на работите во Германија, кој денеска беше повикан на разговор во германското Министерство за надворешни работи поради наводниот руски кибер напад врз централната канцеларија на Германската Социјалдемократска партија (СПД) минатата година, категорично ги отфрли обвинувањата како неосновани, се вели во соопштението на руската амбасада во Берлин. – На 3 мај 2024 година, рускиот […]

Верстапен: И за 250 милиони нема да го напуштам Ред Бул


Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен изјави дека ниту 250 милиони евра годишно нема да го убедат да се раздели со тимот на Ред Бул пред крајот на неговиот договор. Оваа изјава на Холанѓанецот доаѓа во позадина на информациите кои се појавија дека Мерцедес се подготвени да му понудат 150 милиони годишно за да […]

Бројот на нови работни места во САД се намалил во април


Растот на вработувањето во САД во април се намалил повеќе од очекувањата а намален е и прирастот на платата на годишно ниво. Невработеноста останала речиси на исто ниво како и во март. Аналитичарите сметаат дека иако пазарот на трудот останува под притисок, рано е да се очекува Федералните резерви (Фед, американската централна банка) да започнат […]

Сто и седум години од раѓањето на Киро Глигоров првиот Претседател на Република Македонија


Околу 5.000 до 6.000 граѓани и туристи во текот на годината го посетуваат Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, каде што се наоѓа и неговата спомен соба во Штип. На денешен ден пред 107 години роден е Киро Глигоров првиот претседател на Република Македонија. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип и Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ вели дека […]

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска обвини дека на денот на изборите ДУИ полнеле кутии за што има потврден случај со пресуда од Управниот суд. -Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде […]

Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријави 17 авиокомпании


Европската асоцијација за заштита на потрошувачите (BEUC) соопшти дека пријавила 17 авиокомпании до Европската комисија, предупредувајќи дека тие ги доведуваат во заблуда патниците со маркетиншки пораки за намалено влијание на летовите врз животната средина. Во јуни минатата година, здружението се пожали во Брисел дека 17 европски авиокомпании изнесуваат неточни тврдења за влијанието на летовите врз […]

Меџити: Ќе има промени и ќе има влада не со 61 туку со над 70 пратеници, за ВЛЕН бојкот на претседателските избори не е опција


 Лидерите на партиите од Коалиција ВРЕДИ денеска на прес-конференција го обвинија ДУИ дека во страв од пораз на изборите сакаат да предизвикаат политичка криза во земјата и го повикаа претседателот на партијата Али Ахмети да одговори дали подготвуваат бојкот на вториот круг од претседателските избори. -Во страв од поразот кој несомнено ги чека ДУИ веќе […]

МАТТО: Осигурителната индустрија заслужува објективна и непристрасна одлука


Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО) застанува во поддршка на осигурителните компании, дел од кои нивни членки и значајни странски инвестиции во државата и изразува загриженост, за како што посочуваат, избрзаната одлука со која се лимитира делот за вршење на дејноста, односно трошоците и се воспоставува стопроцентна државна контрола над цените за автоодговорност. Од МАТТО […]

Вонредно метео предупредување: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи


Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во западните делови ќе дува засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната […]

И Јужна Кореја ќе казнува за намалување на количината на производите


Регулаторот на Јужна Кореја денеска соопшти дека планира да ги спречи скриените зголемувања на цените, велејќи им на производителите и добавувачите на храна дека ќе мора да ги известат потрошувачите за намаленото пакување на производите, што не е придружено со соодветно намалување на нивните цени. Во средината на април, француското Министерство за финансии ги информираше […]

Teшко повреден малолетник во сообраќајка во Прилепско


Министерството за внатрешни работи информираше дека во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Црнилиште, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(48) од с.Црнилиште, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од с.Црнилиште, прилепско. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а неговиот малолетен сопатник се здобил со […]

Голем дел од улиците во Скопје утре периодично ќе бидат затворени за сообраќај


Улиците околу верските објекти утре периодично ќе бидат затворени за сообраќај, а измени ќе има и во трасите на автобуските линии.   Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, […]

Реакции во Косово по падот од 19 места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“: „Алармантен регрес“


Во Индексот за слободата на медиумите во светот во 2024 година, објавен од организацијата „Репортери без граници“ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, Косово се рангира на 75-то место, што е за 19 места полошо од 2023 година, кога беше рангирано на 56-то место, јави дописникот на МИА од Приштина. Во бројните реакции […]

Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди филипинските острови Лејте, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ). Според ГФЗ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека се очекуваат последователни потреси и дека земјотресот најверојатно предизвикал штета. Филипинскиот архипелаг се наоѓа во таканаречениот „огнен прстен“, каде […]

ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци


Израелскиот упад во градот Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади жители на Газа и хуманитарните операции во палестинската енклава, предупреди денеска Јенс Лерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. „Може да дојде до масакр на цивили и тоа би бил неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот Појас Газа, […]

Фоден избран за најдобар играч во Премиер лигата


Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, е избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2023/24 според гласовите на локалните спортски новинари. Фудбалерот на „граѓаните“ во досегашниот дел од сезоната одигра 31 натпревар во Премиер лигата, а во таа конкуренција постигна 16 гола и запиша седум асистенции. Во ФА купот одигра четири натпревари на кои […]