УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми


Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади. УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, […]

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта. Тој го воведе законот според кој тоа е обврска


Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој ја воведе контроверзната обврска гласачите да приложат лична карта со фотографија при гласање, вчера беше отфрлен од избирачкото место бидејќи заборавил да ја донесе својата. Британските медиуми објавија дека Џонсон, кој се повлече во 2022 година по скандалот на функцијата, првично бил одбиен на избирачко место во Оксфордшир, јужна […]

Шломи Биндер назначен за нов шеф на Израелското воено разузнавање


Израел го назначи генералот Шломи Биндер за нов шеф на военото разузнавање, јави ДПА, повикувајќи се на израелските одбранбени сили. Претходникот на Биндер, генерал-мајор Ахарон Халива, поднесе оставка минатиот месец, велејќи дека на тој начин „ја презема лидерската одговорност“ по настаните од 7 октомври, кога борците од Хамас и други палестински групи го нападнаа јужниот […]

Гаши: Бојкотот не е решение за изборот на претседател


Ние немаме кандидат во вториот круг и нашите гласачи или гласачите на господинот Таравари не ги носиме на кошничка за да ги подариме на некому. Немаме никакви преференции кон другите кандидати, а доколку во меѓувреме се одлучи поинаку, секако јавноста ќе биде известена, вели во интервју за „Локално“, лидерот на Алтернатива и дел од коалицијата […]

„Гаспром“ заврши во минус за прв пат по повеќе од 20 години, загуби 6,9 милијарди долари


Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека забележал нето загуба од 629 милијарди рубљи (6,9 милијарди долари) во 2023 година, завршувајќи ја годината во црвено за прв пат по повеќе од 20 години, при што продажбата на гас во Европа е приближно преполовена, според Ројтерс. Веќе во 2022 година, нето добивката на „Гаспром“ потона, според […]

Рацин: ВЛЕН го враќа Групчин во политиката


Изборната програма на Влен/Вреди во клучните точки застапува редефинирање на уставниот поредок на земјата, федерализација и доминатна бинационалност во институционалниот поредок, во економијата, во образованието, па дури се оди дотаму да се инсистира и на нагласено инфраструктиурно поврзување со Косово и Албанија како национален интерес на Албанците во Македонија и во регионот. И на сето […]

Клоп за Салах: Прашањето е веќе решено, двајцата многу се почитуваме


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откри дека нема повеќе драма меѓу него и Мохамед Салах. Како што е познато, пред една недела двајцата влегоа во конфликт на мечот на „црвените“ против Вест Хем. Никогаш не открија што точно си кажале. -Веќе е решено, нема проблем. Не знам како ќе се снајдевме ако не се познававме […]

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење


 Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија соопштуваат дека се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донела избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија. Од […]

Годишната стапка на инфлација во Турција се зголеми на речиси 70 отсто


Годишната стапка на инфлација во Турција во април се зголеми од мартовските 68,5 отсто на 69,8 отсто, објави денеска Турскиот институт за статистика Туркстат. Инфлацијата во Турција сега е највисока од ноември 2022 година. Во април најмногу пораснале цените во секторот образование на годишно ниво, за 103,86 отсто, како и цените на услугите во хотелите, […]

Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден


Најмалку 20 лица загинаа денеска, а 21 е повредено кога автобусот во кој се наоѓале падна во длабока провалија на крајниот север на Пакистан, изјави портпаролот на локалната влада, Фајзулах Фирак. Несреќата се случила на автономната територија Гилгит-Балтистан. Фирак рече дека повредените се пренесени во болници.

Жена фатена при обид за кражба во продажен објект


Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, ја лишиле од слобода Г.И. (50) од гостиварско Неготино. Како што соопшти МВР, таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода. По целосно расчистување и документирање […]

Годишнина од масакрот во Белград: Солзи, сирени и прекин на ТВ програмите


Родителите на децата кои загинаа пред точно една година во пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград утрово пристигнаа пред училиштето. Таму положија цвеќе и запалија свеќи во спомен на убиените деца и училишниот чувар. Во масовното убиство кое тринаесетгодишникот го започна на 03.05.2023 година во 08.41 часот, убиени се: Мара Анѓелковиќ, Бојана Асовиќ, […]

Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот


Република Северна Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобор од 38-то место лани. Од земјите во регионот Северна Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е […]

Киев ќе бара од Европа да ги врати Украинците што избегале од регрутација


Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска изјави дека е неопходно да се усвои „единствена паневропска одлука“ за враќање во Украина на воено способни мажи кои се наоѓаат во странство. „Пан-европско решение е апсолутно неопходно бидејќи оваа дискусија сега се води во Европа, бидејќи навистина изгледа малку чудно – земјата крвари, во војна е и […]

Oсигурителните компании разочарани од враќањето на цената на полисите за автомобилите


Осигурителните компании се разочарани од одлуката на Комисијата за Автомобилска одговорност да го укине поскапувањето на полисите за автоодговорност. Според нив, одлуката била донесена без да се земат во прредвид анализите на осигурителната индустрија. -Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати регулаторот АСО а врз основа на кои […]

Вархеи му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ


 Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеи денеска му честиташе на премиерот Милош Вучевиќ и на новата Влада на Србија и порача дека се радува на соработката за пристапување на Србија во Европската унија. „Му честитам на премиерот Милош Вучевиќ и неговата нова влада. Со нетрпение очекувам да работам со вас за пристапот […]

Балканот останува без население, но не е подготвен за работници од Азија


Без имиграција, балканскиот регион нема да може да ја реши демографската криза, тврди „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува за тешкотиите што во балканските земји ги предизвикува од една страна емиграцијата и падот на наталитетот, а од друга имиграцијата од Азија, за која овие земји не се подготвени. Авторот на текстот, Мајкл […]

Светската награда на УНЕСКО за слобода на медиумите за палестинските новинари


Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука (УНЕСКО) денеска ја додели својата Светска награда за слобода на медиумите на сите палестински новинари кои известуваат за војната во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас на 7 октомври. „Во овие времиња на темнина и безредие, сакаме да испратиме […]

Израелската натпреварувачка на Евровизија советувана да не ја напушта хотелската соба во Малме


Додека протестите на палестинските симпатизери и другите учесници се наѕираат во градот домаќин на Евровизија, Малме, на израелската изведувачка Еден Голан и  беше препорачано да остане надвор од видното поле кога не настапува, односно и беше кажано да не ја напушта хотелската соба освен за настапи и официјални настани. Еден Голан (20) пристигна во Малме […]

Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница


Утрово најниска температура во земјава од 2 степени Целзоусови е измерена на 2 Попова Шапка и во Лазарополе. Следат Маврови Анови со 4 степени, 6 во Крушево, 7 Претор, 8 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 9 Берово, Битола, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Куманово, Демир Капија, Струмица, 12 Штип, Кавадарци, Велес и 13 […]