„Си беше еднаш“ е ковчеже со најубавите бајки што ќе останат во наследство за следните генерации


Си беше еднаш… Ова се првите зборови со кои почнува раскажувањето на приказните, волшебно навестување дека почнува ново патување во светот на бајките. Со овие зборови почнуваат сите 52 бајки собрани во книгата-ковчеже „Си беше еднаш“, која беше „отклучена“ вчеравечер (11 април), со промоција во волшебниот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Книгата „Си […]

И роботите во продавниците мора да имаат одмор во недела, одлучи германскиот суд


Роботите во супермаркетите, според христијанските принципи, мора да имаат одмор во недела, одлучи германскиот суд, потврдувајќи ја вековната забрана за тргување во недела. Регионалниот синџир на продавници Тегут, кој експериментира со околу 40 целосно автоматизирани продавници, минува низ правна битка бидејќи синдикатот на услужниот сектор Верди верувал дека продавниците кои се отворени постојано може да […]

Општина Аеродром одбележа 19 години постоење


  Во духот на младоста и радоста, со повеќе настани, спортски и музички активности, денес се одбележа 19. роденден на Општина Аеродром. Учество земаа учениците од основните училишта и детските градинки, кои уште еднаш покажаа дека Аеродром е најубавата, најурбана и спортска средина која аеродромци се учат да ја чуваат уште од најмали нозе.   […]

На Детска клиника шест деца со пертусис болнички лекувани, подолго време нема нови


Од почетокот на годинава се регистрирани 410 случаи на голема кашлица, од кои шест се болнички лекувани на Детската клиника, претежно доенчиња, е истакнато на денешниот брифинг со новинари на директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, Валентина Цвејоска Чолаковска и организацискиот директор Аркин Јахији. Во врска со големата кашлица годинава, директорската […]

Бајден ќе отпише студентски долгови од 7,4 милијарди долари


Владата на американскиот претседател Џо Бајден ќе отпише долг од 7,4 милијарди долари за 277.000 студенти, соопшти денеска Белата куќа. На почетокот на овој месец, Бајден најави мерки за олеснување на студентскиот долг од кои ќе имаат корист најмалку 23 милиони Американци. Ова е клучно прашање за младите гласачи, чија поддршка му е потребна на […]

НОБ со ексклузивен концерт со оркестарот и солистите Весна Ѓиновска Илкова и Наде Талевска


  На 12 април со почеток во 20 часот  во Националната опера и балет,  ќе се одржи ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од Националната опера и балет, во рамките на фестивалот „47. Денови на македонска музика“ 2024. На концертот, публиката ќе може да проследи дела од композиторите на кои им се одбележуваат јубелјните години […]

Првата фаза завршена, втората не е почната – Универзална ќе продолжи да се гради


  Универзалната сала ќе биде изградена во предвидениот рок, иако пред неколку дена изби пожар, кој пак ги зафатил деловите кои и онака требало да бидат отстранети, беше речено денеска на брифингот со новинарите во Министерството за култура, каде присуствуваа и претставници од надзорот и изведувачот.  Сега, по пожарот, треба да се изработи нов елаборат, […]

Концерт за три света по повод 5о години музичка кариера на Мики Јовановски – Џафер


Во сабота вечер, на 13. април, во Јавна соба ќе се одржи концерт за душа, за уво и за јубилеј. Концерт за паметење по повод 50 години музичка кариера на Мики Јовановски – Џафер. На концертот се најавени голем број на гости музичари и се очекува да биде вечер на обединување на генерациите во Скопје […]

„Господ, па Америка“ – промоција на збирка есеи на Румена Бужаровска


  На 15 април (во понеделник), од 19:30 ч., во Јавна соба, ќе се одржи промоција на новата книга на Румена Бужаровска, збирката есеи „Господ, па Америка“ во издание на ТРИ. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“ го добиваат своето прво македонско издание. Станува збор за лични гледишта и критика […]

МСУ водич и матине


Утре на 13 април (сабота), во 12 часот на пладне, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи МСУ водич и како пропратен настан матине дружење со диџеј сет на Дарко Јорданов. Со нашиот кустос водич Бојана Јанева ќе може се погледнат двете новоотворени изложби:   „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Поставката проследува хронологија на настаните почнувајќи од 1963 година како нулта точка, преку формирањето на институцијата во 1964 година, изградбата и отворањето на Музејот во 1970 година, па до најактуелните изложби како меѓународната изложба „Сѐ што ни е заедничко“ и самостојните изложби на светски уметници. Таа е обид, преку мапирање на бројните настани и нивниот визуелен комуникациски аспект да се даде поттик во размислувањата за важноста на МСУ-Скопје во процесот на проектирање и оформување на сликата за современоста. На изложбата покрај прегледот на визуелниот и документарен материјал, плакати, публикации, претставен е и избор од делата од колекцијата на МСУ-Скопје, меѓу кои оние на Марино Тартаља, Ханс Хартунг, Александар Калдер, Петар Лубарда, Душан Оташевиќ, Петар Хаџи Бошков, Јордан Грабул, Анета Светиева, Малгоржата Потоцка, Јован Шумковски, Христина Иваноска, Что Делат…   И самостојна изложба на светски познатиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Холандскиот уметник е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de Rome“. Еден од главните елементи кои ја градат инсталацијата на Стал, специјално создадена за Музејот на современата уметност – Скопје е видео студијата „Пропаганден театар“ од 2023 година, преку која го сумира десетгодишното истражување за пропагандата. Ставот на уметникот е дека пропагандата не е само испраќање и манипулирање на некоја порака, туку има за цел да конструира нови реалности. Според Стал, пропагандистите немаат интерес да работат во рамки на постоечката реалност, туку сакаат да создаваат нови светови. Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан организираме Матине со диџеј сет, каде ќе можеме да се подружиме и да ги сумираме впечатоците од изложбите. Влезница 150 денари. Настанот се реализира со поддршка на пријателите на МСУ – Тиквеш и Хајнекен.

Евротинк: Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата, религиските институции и полицијата


Граѓаните најголема доверба од 44 отсто имаат во Армијата, потоа следат религиските институции со 35 отсто, полицијата со 28 отсто, па претседателот на државата со 24 отсто. Владата традиционално е на средина на рангирањето со доверба од 18 отсто, а најниска доверба имаат Собранието со 12 отсто и Обвинителството и судството со по 9 отсто, […]

Пендаровски сака дебата со сите кандидати за претседател плус Мицкоски


Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија, изјави кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски. Тој во пишана изјава до медиумите, посочува дека, […]

Навални напиша автобиографија пред неговата смрт – наскоро ќе биде објавена


Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални пред смртта напиша автобиографија, која ќе биде објавена во октомври, објави денеска неговата вдовица Јулија Навална. Навални (47) почина во февруари во затвор во Арктичкиот круг. Водечкиот руски опозициски политичар сакаше да стане претседател на Русија и беше најжесток критичар на Владимир Путин во земјата. Неговите сојузници, кои властите ги […]

Приходите во Буџетот наплатени од Царината зголемени за седум проценти


Приходите наплатени од Царинската управа (ЦУ) во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарди денари или седум проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска ЦУ. Според директорот на Царинската управа Стефан Богоев, резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината. Растот на царинските приходи значи поголеми приливи во […]

ЕУ ќе привлекува стручни кадри: Усвоени измените на Директивата за работа и престој на странци


Европскиот совет денеска во крајна фаза ја одобри ревизијата на Директивата за единствена дозвола за работа и престој во ЕУ за државјаните на земји кои не се членки на Унијата, со која се утврдува административната процедура за добивање на документот и се одредени правата кои ги имаат работниците од трети држави.  Целта на измените е […]

„Фолксваген“ ќе инвестира 2,5 милијарди евра во Кина


Германската автомобилска групација „Фолксваген“ најави дека ќе вложи 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот погон во градот Хефеј, источна Кина. – Центарот во Хефеј ќе ѝ помогне на компанијата да ги донесе своите технологии на кинескиот пазар за 30 отсто побрзо и да произведува целосно електрични возила. „Фолксваген“ се подготвува да произведе во Кина […]

Ќе се вклучи ли алармот: Бројот на деца кои питачат не е познат, но е голем


 Подобрувањето на тешката социо-економска состојба во која што живеат семејствата, како една од главните причини поради која тие често излегуваат на улица, е предуслов за решавање на проблемот со деца на улица и питачењето. Ова е една од препораките на настанот „Растењето на децата во здрава семејна средина, со квалитетна родителска грижа – клучен сегмент […]

Што ако ве касне крлеж? Еве како да се заштитите


Убавото време несомнено го буди животот околу нас. Со првото пролетно сонце и потопол воздух, ние се менуваме, но се менува и природата околу нас, вклучувајќи и некои иритирачки видови инсекти. Крлежите се секако еден од нив. Овие мали штетници демнат во секој ќош и пукнатина опкружени со трева и дрвја, и обично се прикачени […]

ЕУ со рекордно ниво на залихи на гас на крајот на грејната сезона


На крајот на овогодишната зимска грејна сезона, 31 март, складишта за гас ширум ЕУ беа полни над 58 отсто, што претставува рекордно највисоко ниво на гасни залихи во овој период од годината, соопшти денеска еврокомесарката за енергија Кадри Симсон. – Овие високи нивоа на залихи се резултат на нашата успешна диверзификација во снабдувањето со енергија, […]

Кина лансираше сателит кој ќе може да комуницира и од оддалечената страна на Месечината


Националната вселенска агенција на Кина денеска соопшти дека лансирањето на нејзиниот клучен сателит за испраќање сигнали било целосен успех и дека тој во наредните години ќе служи како комуникациски мост за идните мисии на Месечината. На 20 март, Кина лансираше поголем сателит и уште два помали сателити, Tианду-1 и Tианду-2. Сателитот ќе се користи за […]