Земјотрес со интензитет од 4,7 степени го погоди Њујорк


Њујорк – Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди американската сојузна држава Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт. Земјотресот бил почувствуван во делови на Њујорк, Конектикат и Њу Џерси, пренесува „Њујорк пост“. Земјотресот бил длабочина од 10 километри. 

Како е да си македонски студент на Харвард?


Лука Павиќевиќ, доскорешниот претседател на Сојузот на средношколци, од оваа година академска година е бруцош на најпрестижниот универзитет во светот, „Харвард“. Иако е на почеток на студиите, неговиот професор по Политика на американското образование, Пол Питерсон, веќе го ангажирал како негов истражувачки асистент. Со Лука поразговаравме за тоа како е да се биде македонски студент […]

Вонредна состојба во руски град, откриена радијација


Властите во рускиот далечен град Хабаровск прогласија вонредна состојба во областа каде што е пронајден „извор на радиоактивно зрачење“, објави во петокот новинската агенција ТАСС. Се вели дека зголемени нивоа на радијација биле откриени во близина на електричен столб на околу 2,5 километри од станбените згради. Никој не е повреден или изложен на радијација и […]

Милеи: Лондон ќе добие план за враќање на Фолкландските острови на Аргентина


Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и вети на Велика Британија „мапа на патот“ за предавање на Фолкландските острови на Буенос Аирес. „Сакам да го повторам нашето непоколебливо право на островите и да се обврзам дека за време на нашата влада ќе имаме јасна мапа за враќање на Малвините (Фолкландски Острови) на Аргентина“, рече Милеи. Аргентинскиот претседател […]

Голем дел од моето творештво го посветив на доближување на Марко Цепенков до децата, вели писателот Васил Мукаетов


Светот на децата, нивното растење, нивните палавости, мудрости, емоции и разни ситуации, се инспирација за неуморниот писател Васил Мукаетов, кој, вчера (04.04), во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ ја промовираше својата нова книга „Има ли и страна петта?“. Промотори на изданието беа Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, одделенската наставничка Владанка […]

Вархеји: Исплатата на првите средства од Планот за раст на Западен Балкан е можна пред летните одмори


Планот за раст на Западен Балкан вклучува пакет мерки за поттик на земјите од регионот за многу побрзо исполнување на критериумите за членство во ЕУ и дополнителен сет за поддршка на нивните економии и инвестиции и доколку се оди според планот, првата исплата на средствата, односно на авансот, би можела да се случи пред летните […]

„Епл“ отпушти повеќе од 600 вработени во Калифорнија


Технолошката компанија „Епл“ отпушти повеќе од 600 работници во Калифорнија, што е првиот голем бран отпуштања од пандемијата на коронавирус. Производителот на ајфон известил 614 работници во повеќе канцеларии на 28 март дека се отпуштени, а одлуката ќе стапи на сила на 27 мај. Отпуштени работници од осум канцеларии во Санта Клара. Не се знае […]

За штетата направена од ратраците на Шар Планина, Инспекторатот побара 27 илјади евра


За штетите врз природата поради движење со моторни возила и одвивање на забранети активности во национален парк, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) побарал вкупно парични казни од 27 илјади евра за два правни субјекти кои употребувале т.н. „ратраци“ на подрачје на Шар Планина. Според известувањето на Државниот инспекторат, правните субјекти одбиле да ги потпишат […]

Најбарана евровизиска песна на Јутјуб е холандската, хрватскиот претставник со најголеми шанси за влез во финалето


Амстердам – Обложувалниците ги отворија квотите за полуфиналните вечери на Евровизија. Така, во првата полуфинална вечер најголеми шанси за влез во финалето има хрватскиот претставник Бејби Лазања, а по неа е Украина. Што се однесува до второто полуфинале, на прво место е Холандија, а при врвот е и Швајцарија, која засега е и најголемиот фаворит за […]

Проектот е тежок, но се работи напорно: Бочварски на увид во изградбата на брана на река Отиња


Минирана локацијата кај Попова Чешма во Штип со што ќе може да се користи материјал за изградбата на брана на река Отиња. Освен на оваа се работи и на неколку други локации, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при увидот во изградбата на браната во Штип. Забележа дека проектот е доста тежок, […]

Фон дер Лајен вработила сопартиец за советник со плата од 17.000 евра


  Кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседател на Европската комисија доби удар по обвинувањата за фаворизирање при изборот на сопартиец за профитабилна нова работа. Некои од највисоко рангираните луѓе во Брисел, вклучително и главниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, и францускиот комесар Тиери Бретон, ѝ пишаа жалејќи се дека назначувањето […]

(Фото) Кривична за скопјанец за бесправна градба на објект на плоштадот „Скендер бег“


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.E. (67) од Скопје за сторено кривично дело „бесправна градба” од чл.244 а, од КЗ на РСМ. Пријавениот во својство на инвеститор, иако знаел дека пред да започне со доградба и надградба на објект согласно чл.63 ст.1 од Законот за градење потребно […]

ДИК донесе измени и дополнувања на роковниците за изборите согласно Изборниот законик


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница донесе одлуки за објавување на описите на избирачките места и за измена и дополнувањена роковниците за изборни дејствија за претседателските и за парламентарните избори согласно измените на Изборниот законик, а беа акредитирани и дополнителен број набљудувачи на двата вида избори на 24 април и 8 мај.  Потпретседателката на […]

Објавени повиците на МОН за финансиска поддршка на ученици и студенти


Министерството за образование и наука денеска го објави повикот за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и повикот за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година. Двата јавни повика се дел од […]

УЈП е дел од програмата „Даночни инспектори без граници’


Даночните инспектори од Управата за јавни приходи преку експертска поддршка во наредниот период ќе стекнат вештини за спроведување конзистентни даночни контроли на мултинационални претпријатија и на тој начин ќе придонесат за успешно справување со даночната евазија и избегнување плаќање данок од страна на мултинационалните претпријатија. Управата за јавни приходи денеска објави дека активностите се резултат […]

Скандал во Франција: „Нестле“ продава флаширана вода со фекалии


  Како што информираат од француското Министерство за здравство, изворската вода наменета за Perrier, Vittel и другите водечки брендови Nestle содржи фекална материја, Escherichia coli и други „загадувачи“ и моментално достапните третмани не можат да „гарантираат“ дека е безбедна за пиење. Швајцарскиот прехранбен гигант е вмешан во скандал од јануари кога француските медиуми обелоденија податоци […]

Адутот на Ванковска бил што таа била сама против шестмина


  Сама против шестминa, со овој адут професорката Билјана Ванковска настапува на Претседателските избори, истакна таа денеска од Штип, каде што на неколку локации во градот има средби со граѓаните. Таа порача дека првиот чекор кој ќе го направи е раскинување на Договорот за добрососедство со Република Бугарија. Таа вели дека граѓаните не ги боли […]

„Жена убиец/Фониса“ е филм за бруталните стериотипи, вели грчката режисерка Ева Натена


Филмот „Жена убиец/Фониса“ го прикажува насилството што потекнува од жените и се прави врз жените, но и бруталните стереотипи на кои мажите биле принудувани како деца. Се обидов да создадам баланс меѓу двата пола, со оглед на тоа што во времето кога се случувало дејствието работите беа тешки и за двата пола, изјави за МИА […]

Мекдоналдс ќе ги откупи сите свои ресторани во Израел


Американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс објави дека ќе ги купи сите свои ресторани во Израел од компанијата Alonial, која ја има франшизата на Мекдоналдс за Израел. Одлуката уследи откако брендот се соочи со бојкоти во многу земји поради наводна поддршка на Израел во неговата војна со палестинскиот Хамас. Мекдоналдс објави дека постигнал договор со […]

Комеморација за Мирко Попов: Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше


Животот на Мирко нема почеток и крај. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови стои името на овој човек. Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Тој беше голем оптимист, никогаш не се откажуваше и секогаш велеше да не стануваме конформисти. Да продолжиме да […]