Вонредна состојба во руски град, откриена радијација


Властите во рускиот далечен град Хабаровск прогласија вонредна состојба во областа каде што е пронајден „извор на радиоактивно зрачење“, објави во петокот новинската агенција ТАСС.

Се вели дека зголемени нивоа на радијација биле откриени во близина на електричен столб на околу 2,5 километри од станбените згради.

Никој не е повреден или изложен на радијација и „нема закана по здравјето на граѓаните“, ТАСС го цитираше локалниот огранок на руската агенција за заштита на потрошувачите.

Се наведува дека нивото на радијација ќе се следи во следните два дена и ќе се истражи изворот на зрачењето.