Мадуро номиниран за третиот претседателски мандат


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е номиниран за трет мандат на чело на земјата, јавија француските медиуми. Претседателските избори во оваа јужноамериканска земја се закажани за 28 јули. Датумот на претседателските избори беше одреден минатата недела по разговорите со опозицијата, а под покровителство на Норвешка. Мадуро е на чело на Венецуела од 2013 година кога го […]

(Видео) Промашување на сезоната: Ова може да му се случи и на Кристијано Роналдо


Славниот Португалец има огромна желба меѓу своите многубројни трофеи да ја вклучи и азиската Лига на шампиони, но тоа овој пат не му успеа. Се одигра натпреварот од четвртфиналето на азиската Лига на шампиони меѓу Ал Наср и Ал Аин, а Кристијано Роналдо и неговите избраници не се пласираа во полуфиналето, откако во првиот меч […]

Рамазан не донесе олеснување додека војната меѓу Израел и Хамас беснее во Газа


  Првиот ден од Рамазан  пристигна како и другите за Палестинците во опустошената од војна Газа: прогонети од глад и болести,  во шатори и загрозени од бомби повеќе од пет месеци од борбите меѓу Израел и милитантите на Хамас. Додека муслиманскиот свет го дочека светиот месец и неговиот вообичаен дневен пост, многу жители на Газа […]

УНЕСКО: Обновата на научната инфраструктура на Украина ќе чини повеќе од 1,26 милијарди долари


Трошоците за обновување на државната научна инфраструктура на Украина, уништена за време на руската агресија, изнесуваат повеќе од 1,26 милијарди долари, се наведува во извештајот на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). Според новото истражување објавено денеска од страна на УНЕСКО и Малата академија на науките на Украина, 1.443 згради кои […]

Никој не ме познаваше пред натпреварот: Нарди за триумфот над Ѓоковиќ (видео)


Дваесетгодишниот Италијанец Лука Нарди, победата над Ѓоковиќ во третото коло на турнирот во Индијан Велс ја нарече чудо. Тој посочи дека по овој триумф на Мастерсот во Индијан Велс станал познат низ целиот свет. – Пред овој натпревар никој не ме познаваше. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Јас сум многу среќен. Не знам […]

Најмногу дожд во Радовиш 37 литри на квадрат, во Скопје 22


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Радовиш 37 литри на метар квадратен, 31 литар Лазарополе, 26 во Берово, 24 во Крушево, а 22 литри во Скопје. Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои наместа беа пообилни и проследени со грмежи. Дуваше слаб до умерен, а наместа во источните делови […]

Валенса: Полска да не беше во НАТО сега ќе бевме во војна со Русија


 Поранешниот полски претседател Лех Валенса оцени дека Полска денеска би била во војна со Русија доколку не влезеше во НАТО.  -Дефинитивно би имале војна меѓу Русија и Полска. Тоа е јасно. Само не знам како тогаш би реагирала Украина, изјави Валенса во интервју за агенцијата ПАП по повод 25-годишнината од приемот на Полска во НАТО.  […]

Трамп: ТикТок е закана, но забраната на апликацијата ќе ги погоди децата и ќе го зајакне Фејсбук


 Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во понеделникот изјави дека ТикТок е закана за националната безбедност, но дека забраната на популарната апликација ќе ги погоди децата и ќе го зајакне Фејсбук, што републиканецот остро го критикуваше. Трамп ги даде забелешките додека законодавачите оваа недела го разгледуваат предлог-законот со кој на сопственикот на ТикТок, БајтДенс, ќе му […]

Бајден претстави предизборен буџет, предлага поголем данок за корпорациите


 Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот ја претстави својата политичка визија за можен втор четиригодишен мандат, предлагајќи буџет од 7,3 трилиони долари за изборна година, со цел да ги убеди скептичните Американци дека може да ја води економијата подобро од Доналд Трамп. Бајден сака да ги зголеми даноците на корпорациите и богатите за да го […]

Ѓоковиќ елиминиран во Индијан Велс од Нарди, 123. на АТП листата


Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс (САД). Србинот ноќеска во третото коло загуби од Италијанецот Лука Нарди во три сета – 4:6, 6:3, 3:6. Противник на Нарди кој е 123 на светското рангирање, во четвртото коло на турнирот ќе биде Американецот Томи […]

Зеленски: На Украина не и треба француската армија, вашите деца нема да умираат кај нас


На Киев не му треба присуството на француски воен персонал, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски. -Сè додека Украина издржува, француската армија може да остане на француска територија. Вашите деца нема да умираат во Украина. Доколку Русија дојде во конфликт со земја на НАТО, вашите деца може да бидат испратени во една од земјите на […]

Украина го повика амбасадорот на Ватикан поради „белото знаме“


Украинското Министерство за надворешни работи го повика папскиот нунциј да изрази „разочарување“ поради изјавите на папата Франциско дека Украина треба „да ја покаже храброста на белото знаме“ и да започне преговори со Русија за ставање крај на двегодишната војна. На папскиот амбасадор во Украина, литванскиот надбискуп Висвалдас Кулбокас, му било кажано дека Папата треба да […]

Бајден: Нема потреба од дополнителни американски војници на полската граница


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека нема потреба од дополнителни американски војници на полската граница. Бајден ставот го кажа на еден ден пред да се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Доналд Туск. 

Сенатот на САД бара отворање на првиот кластер на Македонија со ЕУ без нови билатерални услови


  САД го поддржаа пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) во најнова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски […]

Украински дронови нападнаа руска фабрика за гориво


Украина изврши напади со беспилотни летала врз фабрика за гориво и енергија во руската провинција Ориол, изјави денеска гувернерот на централната руска покраина. Тој додаде дека остатоците од дронот паднале на комплексот. „Немаше жртви“, напиша гувернерот Кличков на Телеграм. Според службата за итни случаи, еден танкер бил запален како последица на нападот.

Велешкиот театар ќе го објави добитникот на наградата „Петре Прличко” за 2024 година


Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ денеска ќе го објави добитникот на наградата за животно дело „Петре Прличко” за 2024 година. На прес – коференција што ќе се одржи во фоајето на тетарот, најавени се обраќања на градоначалникот на Велес Марко Колев, директорот на установата Сашо Димоски,  режисерот Ненад Витанов и актерите Жарко Спасовски […]

Дебата „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“


Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира дебата на тема „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“. Според организаторите, во регионални, но и европски рамки, интересот на науката и истражувачите за и околу Република Северна Македонија е фокусиран, пред се, на мултиетничките карактеристики на македонското општество. Покрај тоа нашата држава […]

Отворање на изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија“


 „Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката, е насловена изложбата што денес ќе биде отворена во Чифте амам, во организација на Австриската амбасада во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија.   Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг, се […]

Промоција на Оперативен план за активни програми и услуги на пазарот на трудот 2024 година


Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, Ведат Османи, директор на Агенција за вработување и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Скопје денеска ќе се обратат на официјалната промоција на Оперативниот план за активни програми и услуги на пазарот на трудот 2024 година. Како што соопштија од Министерство за труд и социјална […]

Промениво облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. […]