Изборите се „виновни“ што не е поправен акцелераторот во Битолската болница


  БИТОЛА – Битолската болница и натаму нема функционален акцелератор потребен за радиотерапија на онколошките болни. Најново, вината се префрла на претстојните избори.  Овој проблем останува отворен  и покрај укажувањето на Заводот за ревизија, кој лани во октомври во извештај констатираше дека во болницата во посебен објект, бункер, сместен е линеарен акцелератор но не се […]

Дритон Небиу се пофали: Тоа што не успеваа две децении, ние го направивме за една година!


Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу го поздрави донесувањето на Законот за управување со кобнфискуван имот со зборовите дека „тоа што (други) не постигнаа да го  реализират за две децении, ние гоа реализиравме за 1 година!“   -Денес во Собранието е донесен  Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и […]

Со рехабилитацијата на патот Велес-Градско отстранети се црните точки, вели Бочварски


Со обновата на делницата Велес – Градско во должина од 20 километри подигната е безбедноста за патување елиминирајќи ги црните точки кои претходно се јавуваа на овој патен правец,  оцени денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увид на работите на патот. Тој истакна дека Велес-Градско е една од најфрекфентна патни делници, за […]

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка кај „Скопјанка“


Велосипедист е тешко повреден во вчерашната сообраќајка кај трговскиот центар Скопјанка. – На 13.03.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ и ул.„Бојмија“ во Скопје, патничко возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(25) од Велес, удрило во велосипед управуван од Т.М.(70) од Скопје. Во несреќата […]

Џорџ Робертсон: Путин сакаше Русија да влезе во НАТО


Џорџ Робертсон, поранешниот шеф на НАТО, во интервју за Би-Би-Си, зборуваше за раните денови на владеењето на рускиот претседател Владимир Путин, кој во тоа време размислувал за евентуално вклучување на Русија во Алијансата. – Путин со кој се среќавав, со кого добро работев, со кого го основав Советот НАТО-Русија, е многу, многу поинаков од овој […]

Алкохолот е штетен за црниот дроб, но овие намирници се уште поопасни


Веројатно веќе знаете дека честото или прекумерното консумирање алкохол сериозно го оштетува вашиот црн дроб. Но, оваа конкретна навика не е единствената што може да го саботира функционирањето на овој скапоцен орган. Црниот дроб е одговорен за повеќе од 500 функции на телото, вклучувајќи складирање на гликоза, регулирање на згрутчувањето на крвта и многу повеќе, […]

Нов спортски комплекс „Шампиони” отворен во Кисела Вода


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера вечер, заедно со спортските легенди Аце Станковски, Коки Аврамовски и синот на починатиот Николчо Зиков, ја пресекоа лентата и со тоа го отворија новиот спортски компекс „Шампиони” во дворот на основното училиште “Кирил Пејчиновиќ”. „Денешниот спортски комплекс, ,,Шампиони” е уште еден во низата спортско-рекреативни центри и паркови кои ги изградивме во […]

Јордан Поп Јорданов обележа цела епоха во македонската наука


  Македонската академија на науките и уметностите утре треба да одржи комеморативна седница по повод смртта на еден од нејзините најистакнати членови, поранешен нејзин претседател и научник од светски глас – Јордан Поп Јорданов. Нуклеарниот физичар Поп Јорданов, кој прво дипломираше филозофија во Скопје (1956), а потоа електротехника во Белград (1960) почина на 98 години. […]

Трикови злато вредни: Како да ја отстраните смрдеата од чадот од тутунот


Иако е тешко, не е невозможно Постојат неколку трикови како брзо и лесно да се ослободите од мирисот на чад од цигари. Бел вински оцет Белиот вински оцет е дефинитивно еден од најдобрите неутрализатори на чад од цигари. Подгответе мешавина од топла вода и оцет, а потоа исчистете ги сите површини со крпа. Избришете ги […]

Прегазен пешак во Скопје


Пешак од Скопје е тешко повреден откако бил прегазен од „шкода“.  Како што соопшти полицијата, вчера во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од с.Бањане, скопско, удрило во пешакот Д.Ѓ.(37) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди […]

По кандидатите, Путин почна да ги апси и набљудувачите за изборите


Агентите за спроведување на законот ги пребарале домовите на неколку волонтери од предизборниот тим на поранешниот претседателски кандидат Борис Надеждин во јужна Русија, објави во четвртокот онлајн-инвестициската куќа Caucasian Knot. Полициските претреси беа извршени во вторникот и средата во јужниот руски град Ставропол, изјави локалниот менаџер на кампањата на Надеждин, Александар Коровајни, додавајќи дека верува […]

Марин Ле Пен се откажа од Путин, го обвини за геополитичка криза


Француската десничарска политичарка и поранешен лидер на Национален собир Марин Ле Пен, и покрај долготрајните врски на нејзината партија со Кремљ и нејзината сопствена репутација како „пријател на Путин“, ги критикуваше постапките на Русија во Украина, нарекувајќи ги „војна пред портите на ЕУ“. „Со инвазијата на Украина, Русија предизвика војна на прагот на ЕУ и […]

Преку ТАВ програмата реализирани 70 проекти, остануваат уште 23


Преку ТАВ програмата досега се реализирани скоро 70 проекти, а остануваат да се дореализираат уште 23, информираше денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, по увидот на активностите за адаптација на просторот доделен на новата НУ Џез оркестар.    Вкупната вредност на програмата е 49,7 милиони евра.  -Проектите што се реализраат низ сите општини се […]

Институтот за сметководители ќе открива и ќе санкционира злоупотреби со фалсификувани уверенија и лиценци


Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) со големо внимание пристапи кон разгледување на сите информации и пријави кои деновиве беа добиени од членови на Институтот, во врска со случаи на фалсификувани исправи (уверенија за сметководител и овластен сметководител, како и лиценци за сметководствени друштва) кои биле злоупотребувани при доставување на годишните сметки во Централниот […]

ДУИ се сомнева дека албанската опозиција нема да ги прифати резултатите ако изгуби на изборите


 Албанската опозиција, координирана со ВМРО-ДПМНЕ и Левица на Димитар Апасиев, ги плаши Албанците обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека е подготвена да предизвика политичка криза, реагираат од ДУИ. „Исти обвинувања и ширење на дезинформации слушаме секојдневно од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините деривати. Свесна за големиот пораз од Демократската унија за интеграција, се сомневаме дека  коалицијата […]

Успешно изведена микроваскуларна реконструкција на дојки по билатерална мастектомија


Министерот за здравство Илир Демири и заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска ја посетија Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија по повод успешно изведена комплексна микроваскуларна реконструкција на дојки по билатерална мастектомија со примена на иновативни микроваскуларни процедури со поддршка од тимот на стручни лекари од Клиниката за пластична и максилофацијална хирургија при […]

Ново место за развој на музичката култура: Со 11,7 милиони денари се реновира просторот за Националниот џез оркестар


Во тек е реновирањето на просторот доделен на НУ Националниот џез оркестар кој се наоѓа во подрумскиот дел на Националната опера и балет. За овој проект Министерството за култура има издвоено 11,7 милиони денари од кои 10 милиони се средства од ТАВ програмата. На денешниот увид во почетокот на реновирањето, министерката за култура во техничката […]

Осум нови хеликоптери за АРМ


Осум нови хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“ ќе бидат набавени за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. Вредноста на леталата ќе изнесува 230 милиони евра, а ќе се плаќа сукцесивно на четири рати. Првата ќе биде исплатена оваа година и е во износ од 16 проценти од вкупната вредност на набавката. Како што […]

Легло на бактерии: Колку често треба да се менува кујнскиот сунѓер?


Користен сунѓер за садови е веројатно највалканото нешто што го имате во куќата, бидејќи собира многу бактерии. Препорачливо е да го менувате сунѓерот што почесто – барем еднаш неделно. Сепак, според една неодамнешна студија објавена во списанието за здравје на животната средина, кујнскиот сунѓер може да издржи до три недели ако правилно се одржува. Затоа […]

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ги советува носителите на проекти во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје кои користат средства преку Министерството за култура  да ги одложат проектите доколку се во можност додека да се реши проблемот со ангажманот на 30 хонорарни соработници во МКЦ  на кои од почетокот на месецов не им се […]