Легло на бактерии: Колку често треба да се менува кујнскиот сунѓер?


Користен сунѓер за садови е веројатно највалканото нешто што го имате во куќата, бидејќи собира многу бактерии.

Препорачливо е да го менувате сунѓерот што почесто – барем еднаш неделно.

Сепак, според една неодамнешна студија објавена во списанието за здравје на животната средина, кујнскиот сунѓер може да издржи до три недели ако правилно се одржува.

Затоа дезинфекцијата е многу важна, и тоа само на високи температури, за да бидете сигурни дека сте ги уништиле сите бактерии.

Продолжете го животот на вашиот сунѓер со соодветна дезинфекција.

Треба да налеете вода во поголеми тенџериња, да додадете една лажичка прашок за перење или сода бикарбона, да почекате водата да зоврие и да го ставите сунѓерот.

По неколку минути намалете го огнот и оставете го во зовриена вода да се „вари“ уште десетина минути. После тоа, тргнете ги тенџерињата од шпоретот, исцедете ја водата и оставете го сунѓерот да се исуши на сонце.

На овој начин можете да ги дезинфицирате и сунѓерските крпи за впивање вода.