Дритон Небиу се пофали: Тоа што не успеваа две децении, ние го направивме за една година!


Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу го поздрави донесувањето на Законот за управување со кобнфискуван имот со зборовите дека „тоа што (други) не постигнаа да го  реализират за две децении, ние гоа реализиравме за 1 година!“

 

-Денес во Собранието е донесен  Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

Донесувањето на новиот Закон односно, 1/3 измени и дополнување на Законот, е резултат на потребата за унапредување на законските одредби, како резултат на утврдените недоследности и проблеми во практиката од страна на вработените во Агенцијата за управување со одземениот имот- мојот тим, кои несебично заедно со мене дадоа свој придонес од првиот ден на моето именување. 

Со донесување на Законот, сметаме дека ќе биде решен огромен државен децениски проблем произлезен од илјадниците стари возила кои се распространети ширум територијата во нашата земја. 

Најголемиот дел од направените измени се во насока на подобрување на постојната правна рамка во која  има недоволно јасни постапки во однос на извршувањето на решенијата и пресудите за конфискација на имот и имотна корист, промени на недоволно јасните аспекти поврзани со имот кој е конфискуван од правни субјекти, а над кј е отворена стечајна постапка, конфискација на дивоградбите, прашања поврзани со заложно право над конфискуваниот имот, прашања поврзани со проценката, продажбата на имотот, терминолошко унапредување, унапредување на одредбите за социјално повторно користење (social reuse) на привремено одземениот имот, трајно одземениот имот и конфискуваниот имот и  воведување регистар. Воедно, предвидено е Агенцијата да  задржува 7  проценти од вредноста на остварениот приход од секоја продажба на одземените предмети и конфискуваниот имот  со цел за ефикасен менаџмент, стои во соопштението на Небиу.