Одбележување на Светскиот ден на правата на потрошувачите


Секторот за внатрешен пазар при Министерството за економија денеска, во рамките на активностите од Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година, ќе го одбележи 15 Март, Светскиот ден на правата на потрошувачите. На настанот под мотото „Потрошувачите безбедни при купување од е-трговци“ ќе се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши.

Без струја делови од општините Чучер Сандево, Центар и Сарај


 Без струја денеска ќе бидат делови од општините Чучер Сандево, Центар и и Сарај. Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од селото Блаце, како и караулата Блаце, Мобимак Блаце, Филип Инженеринг, граничен премин Блаце и терминал Блаце во општина Чучер Сандево. Во периодот од 09.00 […]

Променливо облачно со ветер од северозападен правец


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти […]

EK презема мерки за спречување на злоупотребата на вештачката интелигенција за манипулации со гласачите


Европската комисија испрати барања за информации за генеративните ризици од вештачката интелигенција до Бинг, Гугл Срч, Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, ТикТок, ЈуТјуб и Икс, кои согласно Законот за дигитални услуги (ДСА) лани беа прогласени „многу големи онлајн платформи“.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Еврокомисијата бара овие сајтови и социјални мрежи да и достават […]

Лидерот на СИРИЗА од денеска во војска


Претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис од денеска ќе го отслужува воениот рок, но само 20 дена, а останатиот период ќе го откупи, нешто што како опција го овозможува соодветниот грчки закон, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис е распореден во касарна во градот Тива на 90 километри од Атина. Со оглед […]

Димитриевски: Влегувам во претседателската трка за да победам, а не само да учествувам


 Сакав да излезам од комотната зона на градоначалник кој има уште половина мандат поради лошата ситуација во која се наоѓа народот и да влезам во трката за претседател на државата за да ги променам работите. Влегувам во трката за да победам, а не само да учествувам, порача вечерва претседателскиот кандидат Максим Димитриевски од движењето За […]

Хил: Во Србија не преовладува проруското размислување


Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека не мисли дека во Србија преовладува проруско размислување, гледајќи ја како земја која донела одлука да биде дел од Европската унија. Во интервју за Јуроњуз, Хил рече дека Србија мора јасно да покаже дека воспоставувањето различни односи со земјите е нешто што ќе биде корисно за […]

Кои имиња за девојчиња се најпопуларни во Европа: Изборот за Македонија не изненадува


На страницата Amazing Maps е споделена карта на Европа, на која се претставени најпопуларните имиња за девојки во различни земји. Како што мапите кои истакнуваат интересни податоци за земјите ширум светот стануваат сè попопуларни, претставени се едно такви кои се најчестите имиња на девојчиња во земјите од Европа во 2023 година. Тие ги презедоа податоците […]

Африка не е ѓубриште! – Франција сака да го забрани извозот на користена облека од ЕУ


Франција предлага да се воведе забрана за извоз на користена облека во Европската унија бидејќи предизвикува загадување во земјите увозници, потврди денеска Министерството за заштита на животната средина, во време кога европските влади се обидуваат да најдат решение за растечкиот проблем со текстилниот отпад. Податоците на ОН покажуваат дека извозот на користен текстил од ЕУ […]

Еурофарм му посака „добредојде дома“ на Никола Митревски


Никола Митревски по четири години се враќа во својот матичен клуб. Од сезоната 2024/25 ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер. Договорот беше потпишан денес во просториите на клубот. – Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе […]

Турски гигант го враќа Мурињо на аут линијата


Жозе Мурињо може многу брзо да се врати на теренот бидејќи турскиот гигант Фенербахче сака да го ангажира како тренер. Португалецот е без работа од јануари кога доби отказ од Рома. Според „Калчо Меркато“, Фенербахче се надева дека присуството на поранешните играчи од Серија А, Един Џеко и Леонардо Бонучи во нивниот тим ќе помогне […]

Абас го назначи Мохамед Мустафа за премиер


 Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го именуваше претседателот на Палестинскиот инвестициски фонд, Мохамед Мустафа за премиер и го задолжи да формира нова влада. Назначувањето на Мустафа и формирањето технократска влада претставува прв политички чекор кон реформирање на палестинската управа по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година. Арапските и западните […]

ЕП ќе ја тужи ЕК поради нејзината одлука да и дозволи на Унгарија пристап до фондовите


Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради нејзината минатогодишна одлука да и дозволи на Унгарија пристап до милијарди евра кои и беа замрзнати во европските фондови. Лидерите на партиите во Европскиот парламент се договориле да ја тужат ЕК пред Европскиот суд на правдата, пишува Фајненшл тајмс. Потегот на ЕП може, според весникот, да ја […]

Скопјанец бил нападнат со пиштол по глава на Кванташки


Насилна пресметка се случила вчера попладне на Кванташки пазар во Скопје.  Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(33) од Скопје пријавил дека пред влезот на Кванташки пазар, тој и неговиот пријател М.Р. биле физички нападнати од неколку лица, од кои едно од нив со пиштол го удрило по главата. Според пријавеното, лицата го оштетиле […]

Авион Боинг 777 принудно слета во Лос Анџелес поради механички проблеми


Авион Боинг 777 на компанијата „Американ ерлајнс“ синоќа принудно слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, поради сомневање за механички проблем. Според американските медиуми во инцидентот нема повредени лица. Портпаролот на „Американ ерлајнс“ изјави дека пилотот пријавил можен механички проблем пред слетувањето, а според првичните информации на авионот му пукнала гума. Инцидентот се случи само […]

Едногласно изгласано самораспуштање на хрватскиот Сабор, следуваат избори


По неполни четири години работа, едногласно се самораспушти десеттиот состав на хрватскиот парламент. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на крајот на април или почетокот на мај, но пред европските избори. Одлуката за распуштање на Парламентот е донесена едногласно, со 143 гласа, додека претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ се заблагодари […]

Ѓоковиќ нема да игра во Мајами


Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да учествува на „Мастерс“ турнирот во Мајами, дознава „Спорт Клуб“. На Индијан Велс, Србинот неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди. – Мајами е тука, ајде да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата се уште ми е малку жешка. Морам да одвојам […]

ЕУ отвора канцеларија на Гренланд во потрага по критични суровини


Европската комисија на 15 март ќе отвори Канцеларија на Гренланд, остров богат со ретки суровини од стратешко значење за зелената транзиција во Европа. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и данската премиерка Мете Фредериксен, ден по посетата на Фарским острвима, во главниот град на Гренланд, Нуку ќе отворат Канцеларија на ЕК. Гренланд и Фарските […]

Трета среќа: „Спејс икс“ на Илон Маск успешно ја лансираше најмоќната ракета на светот (видео)


Денес, „Спејс икс“ (SpaceX) успешно го лансираше „Старшип“ (Starship), најмоќната ракета во светот, во својот трет обид, што е клучно за плановите на НАСА да транспортира и приземји астронаути на Месечината и подалечни дестинации подоцна оваа деценија, како и за исполнување на надежите на Илон Маск за можна населба на Марс. Ракетата се распадна за […]

Чак Шумер, лидерот на Сенатот во САД: Нетанјаху е пречка за мирот


  ВАШИНГТОН – Водачот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер во четвртокот го повика Израел да одржи нови избори, велејќи дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „го загубил патот“ и дека е пречка за мирот во регионот во услови на растечка хуманитарна криза во Газа. Шумер, првиот лидер на мнозинството во Сенатот кој е […]