Откриена е најголемата измама во историјата на Кина вредна 78 милијарди долари


Кинеските регулатори ги обвинија „Евергранде“ и неговиот основач дека ги зголемиле приходите за 78 милијарди долари, ставајќи ја несолвентната компанија во центарот на најголемиот случај на финансиска измама во земјата. Кинеската регулаторна комисија за хартии од вредност (CSRC) ја казни „Хенгда риал естејт“ (Hengda Real Estate), главната кинеска единица на групацијата, со 4,175 милијарди јуани […]

Промоција на книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ , А. Чехов во МНТ


Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовирана книгата  „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов. Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е […]

Храна која не ја чуваме во фрижидер, а треба


Од тортиљи до цитрус, оваа листа вклучува храна што многу луѓе ја ставаат насекаде освен нивното вистинско место – фрижидерот. Постојат тони храна што можеби не изгледа како да се чува во фрижидер, но експертите велат дека треба да бидат затоа што тоа е сигурен начин да се максимизира нивниот рок на траење, па дури […]

Свештеник во САД нарачал убиство на момчето на неговата ќерка


Полицијата во САД уапси двајца мажи за обид за убиство. Еден од нив е свештеникот од Викторвил, Самуел Пасиљас (47), кој наредил убиство на момчето на неговата ќерка. Пасиљас, наводно, им платил на убијците речиси 40.000 долари и им дал информации каде да ја најдат жртвата. 55-годишниот Хуан Мануел Себрерос и уште еден маж го […]

Одведете го детето на театар или театарот однесете го до секое дете


 Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста кон нив сега, овде и секојдневно е да им овозможиме театар, вели претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март. Како што истакнува Мирчевска, гледањето претстави или впуштањето во процесот на создавање театарска претстава ќе им […]

Правилото за офсајд може да се смени во 2025 година


Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) може да ги промени правилата за одредување офсајд, пренесува „Marca“. Според новите правила, офсајд позиција ќе се запише само доколку играч на екипата која е во напад со цело тело е пред последниот играч на противникот. Иницијатор за промените беше поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер. Правилото се тестира […]

„Патување пеш“ на Тамара Котевска со премиери во Женева и во Копенхаген


Документарниот филм The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска изминатава недела се прикажуваше на два европски фестивали во исто време. Најпрво, филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH,  каде имаше 2 проекции. Веќе 22 години по ред, FIFDH е посветен на промоција на […]

Халанд неизвесен за дербито со Арсенал


Фудбалерот на Манчестер сити и Норвешка, Ерлинг Халанд се повреди на тренингот на националниот тим, пренесува „АС“. Забележано е дека 23-годишниот фудбалер предвреме ја завршил тренинг-сесијата излегувајќи од теренот со куцање. Така, Халанд може да ги пропушти мартовските пријателски натпревари на Норвешка против Чешка (22 март) и Словачка (26 март). Под знак прашалник е и […]

Драган Ковачки не ги поминал безбедносните проверки во НАТО


  Драган Ковачки, една од најударните тупаници на ВМРО-ДПМНЕ и веројатно носител на листата во Третата изборна единица, бил одбиен од НАТО за да добие безбедносен сертификат. Тоа го тврди порталот „А1он“, кој наведува дека го добила тој документ издаден од Брисел. Тоа се случило во 2019 година. Според овој документ, Службата на НАТО за […]

Овој јуни можете да го посетите Хелсинки потполно бесплатно и да ја научите финската тајна на среќата! Еве како да се пријавите!


Според Светскиот извештај за среќа, Финска пет години по ред е рангирана како најсреќна земја во светот. Што ги прави Финците најсреќни на светот и дали можеме да научиме нешто од нив? Овој јуни имате можност да ги дознаете одговорите на овие прашања на лице место, во Хелсинки, потполно бесплатно. Финскиот туристички одбор и Хелсиншките […]

Автопортретот на Ацо Шопов пред културната елита: Сите генерации ракоплескаа за непознатиот , а сепак истиот


Сите го знаеме Шопов како суптилен лиричар, но кој го знае како есеист и беседник со изострен слух за литературата и за уметноста, како толкувач на општествените текови и драми, како остар полемичар, ангажиран општественик, издавач и интелектуален работник? Ете, тој Шопов го откривме синоќа, во преполна хала на симболично избраниот нов простор „Лабараториум“ во […]

Во соседството отворена првата школа за овчари: Интересот е голем, а веќе се пријавиле и возрасни и деца


Кога им е доста од стрес, врева, гужви и асфалт, многумина често велат дека „ќе одат да пасат овците“. Сепак, статистички гледано, речиси никој не го прави тоа, пишува „Путни кофер“. Незаинтересираноста за традиционалното занимање со сточарството не е проблем само на нашите простори, туку со него се соочува целиот свет. Поради таа причина, неодамна […]

Неколку начини да се ослободите од стресот! Техники кои се „лек за спас“ кога сте напнати


Погледнете како да реагирате кога ќе ви се „натрупа“ стрес. Стресот е природна одбрана на телото од непријатни настани. Кога сте под стрес, телото покажува неколку симптоми, како што се раздразливост, намален или зголемен апетит, несоница и тешкотии со концентрирање. Затоа е важно, заради нормалното функционирање на организмот, да најдеме соодветни начини да се одбраниме […]

Во Кавадарци се отвора Интервентен центар за привремено згрижување на лица во социјален ризик


Заврши реконструкцијата и пренамената на постојниот објект на улица „7 Септември“ во Кавадарци во Интервентен центар за привремено згрижување на лица во социјален ризик. Во рамките на овој интервентер центар има шест апартмани кои ќе бидат во функција за лица во социјален ризик, кои имаат потреба од времено сместување, како и жртви на семејно насилство. […]

Штаб на Пендаровски: Собра ли потписи Силјановска, до ДИК достави потписи само од пратеници


  Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ е единствениот кандидат за претседател на државата, кој наместо потребните граѓански потписи до Државната изборна комисија со својата кандидатура достави потписи од пратеници, соопштија утрово од штабот на шефот на државата и кандидат за нов мандат за претседател, Стево Пендаровски. Во соопштението се вели: „Пред само две недели ВМРО-ДПМНЕ се […]

Во ДИК денеска ќе се потврдуваат кандидатурите за шеф на државата


Откако и официјално истече рокот за нивно доставување, Државната изборна комисија денеска треба да започне со проверка на кандидатите кои ги поднесоа кандидатурите за претседателските избори. Според роковникот, потоа најдоцна до 30 март треба да се спроведе и ждрепката за редоследот на кандидатите на гласачкотот ливче, а според пријавените кандидати ливчето на 24 април ќе […]

Уште едно обвинение за Мерко, сега за за несовесно работење


  Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на […]

Како да го спасите пресоленото јадење?


Ретки се тие домаќини на кои не им се случило понекогаш во некое јадење да посолат повеќе отколку што треба, а поради вишокот сол целиот ручек наместо на масата завршува во ѓубрето. Сепак, постои решение како јадењето да има убав вкус иако сте го пресолиле. 1. Кромид, репка или компир Ако сте ја пресолиле супата, […]

Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2024“


Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 31-ти пат распишува конкурс за нови композиции, кои ќе бидат изведени на 30 и 31 август 2024 година. Концептот и локацијата се добро познати на јавноста: на најубавата сцена на Балканот на Долни Сарај во Охрид ќе се случуваат двете вечери на фестивалот, Фолк и Интернационалната.  Фолк- […]

Финците најсреќни, Авганистанците најнесреќни, Македонците на средина – на 84 место


Њујорк – Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја во светот освојувајќи ја титулата седма година по ред, се вели во Извештајот објавен денеска под покровителство на Обединетите нации. Северна Македонија е на 84. место, додека младите под 30 години во земјава се нешто посреќни и се наоѓаат на 67.место. Што се однесува на земјите од […]