Прекин во водоснабдувањето за корисниците на ул. „Никола Русински“ 2 и во Ракотинци


ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради улични дефекти прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од  ул. „Никола Русински“ 2 и во Ракотинци.  Водоснабдувањето на ул.„Никола Русински“ 2, ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Поради уличен дефект на ул. 5/8 и дефект на приклучна цевка на ул. […]

ГН на Австралија: Пол – позицијата за Ферстапен


 Актуелниот лидер во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), ќе ја почне неделната трка за Големата награда на Австралија од најдобрата стартна позиција. Трикратниот актуелен светски шампион беше најбрз на денешните квалификации на патеката „Алберт Парк“ и дојде до својата 35. „пол-позиција“ во кариерата. Доколку победи в недела Ферстапен би го израмнил личниот рекорд […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер […]

Отворен ден на Армијата по повод годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од основањето на Алијансата


На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден на Армијата, организиран по повод четиригодишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата. На отворениот ден ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин. Граѓаните на […]

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Москва


  Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за смртоносниот вооружен напад во концертна сала во Москва, во кој руските власти соопштија дека загинале најмалку 40 луѓе. Борците на ИД „нападнаа голем собир… на периферијата на руската престолнина Москва“, се вели во соопштението на групата за апликацијата за пораки Телеграм. Исламска држава тврди дека напаѓачите […]

Медиуми: Приведено едно лице осомничено за нападот во Москва


 Руската полиција уапси едно лице осомничено за нападот во трговски центар кај Москва, јавија локалните медиуми. Руските медиуми јавуваат дека во нападот учествувале најмалку пет вооружени лица. Федералната служба за безбедност претходно потврди дека во нападот во Крокус Сити Хол загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се повредени. Рускиот Истражен комитет соопшти дека […]

(Видео)По Москва, евакуација и во Санкт Петербург


По ужасниот терористички напад во Москва, евакуирани се големиот трговски центар во Санкт Петербург „Галерија“ и центарор „Невски“, додека во Москва е евакуиран трговскиот центар „Вегас“, пренесува Би-би-си на руски цитирајќи го рускиот портал „Бел“. Се уште не е јасно дали властите во Санкт Петербург добиле некакви инструкции или информации, но на социјалните мрежи кружат […]

Берлин и Париз постигнаа договор за производство на „тенкот на иднината“


Министрите за одбрана на Германија и Франција денеска објавија договор за распределба на работата меѓу производителите на заедничкиот проект „тенк на иднината“, што досега беше поткопано со несогласувања. -Се договоривме за распределба на сите задачи за овој голем проект – изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на прес-конференцијата со неговиот француски колега Себастиен Лекорну. […]

Украина објави дека не е вмешана во терористичкиот напад во Москва


  Украина објави дека не е вмешана во терористичкиот напад во Москва Украина не е вмешана во терористичкиот напад во концертната сала Крокус во Москва, изјави советникот на претседателот Владимир Зеленски, Михаил Подољак. Прес-секретарот на шефот на претседателскиот кабинет Андреј Јермак изјави дека она што се случува го покажува „ракописот на руските специјални служби“. Претставникот […]

(Видео) Елон Маск најави имплант кој ќе им овозможи на слепите луѓе да гледаат


Neuralink, стартап компанијата на еден од најбогатите луѓе во светот, сега може да се пофали со уште едно значајно достигнување. Елон Маск откри дека неговата компанија им овозможила на слепи мајмуни да гледаат користејќи специјална технологија на мозочни чипови, пренесува „Јуроњуз“. „Имплантот Blindsight веќе функционира кај мајмуните. Резолуцијата на почетокот ќе биде ниска, како раната […]

Манолева: Прифатена Декларацијата за заштита од тутунски чад поддржана од СЗО


Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска учествуваше на состанокот организиран од Светската здравствена организација на којшто петте земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија ја прифатија заедничката Декларација за заштита од тутунски чад. Документот е одобрен и поддржан од СЗО Европа и содржи низа конкретни чекори […]

Најмалку 40 лица загинаа во терористички напад во Москва (Видео)


  Најмалку 40 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени како резултат на терористичкиот напад во концертната сала Крокус во Москва Нападот на концертна сала со капацитет од околу 7 илјади луѓе, лоцирана на обиколница, го извршила група непознати лица составена од најмногу пет лица, соопштија за Интерфакс оперативните служби. Тие биле облечени во […]

Корпоративниот дизајн е предизвик за мене, добро е кога постојат брендови кои го препознаваат тој момент, вели Тања Кокев


За нејзините ревии се бара покана повеќе, а со својата енергичност и визија таа е дизајнерка  со претприемачки дух и со неверојатни контакти, лојални пријатели и славни и анонимни фанови која секоја сезона доаѓаат на нејзините ревии дотерани и во прв ред и одаваат почит со своето присуство, во облакот на луксузот и парфемите. Тања […]

Кејт Мидлтон откри дека има рак, веќе прима хемотерапија


  Британската принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, откри дека ѝ е дијагностициран рак и дека е во рана фаза на третман со хемотерапија. Во изјавата снимена во Виндзор од Би-Би-Си, Кетрин рече дека нејзината состојба е откриена откако имаше голема операција на абдоменот во јануари. По неколку недели шпекулации за нејзиното здравје, Кетрин рече дека […]

Ретроспектива на словачкиот класичен филм во Кинотека од 23 март


Од 23 до 29 март во Кинотека ќе се одржи Ретроспектива на словачкиот класичен филм, каде ќе бидат прикажани бројни филмови. Организаторите велат дека ова е навистина ретка можност за македонската филмска публика да добие суштински увид во историјата на една релaтивно блиска кинематографија. „Како што кажува и името на ретроспективата, тоа е селекција на […]

Почина бугарскиот писател Aлек Попов, автор и на сценарија за „Преспав“


На 58 години почина бугарскиот писател Алек Попов, еден од најпознатите современи писатели, соопшти Бугарската академија на науките. Попов е автор на романот „Мисија Лондон“ според кој беше снимен истоимениот бугарски филм во режија на Димитар Митовски, а во кој играше и Мето Јовановски. Романот беше преведен на 16 јазици. Негови дела се и „Црната […]

Германскиот парламент одобри делумна легализација на канабисот од 1 април


Германскиот парламент денеска одобри делумна легализација на канабисот за лична употреба од 1 април. Бундесратот (Горниот дом на Парламентот) на денешната седница го усвои предлог-законот за делумна легализација на канабисот, откако минатиот месец беше изгласан во Бундестагот (Долниот дом). Новиот закон дозволува возрасните лица да можат да поседуваат до 25 грама канабис за лична употреба […]

Минималната нето-плата утврдена на 22.567 денари, за 2.392 денари повеќе од лани


Минималната плата за 2024 година ќе изнесува 22.567 денари во нето износ и бележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ во однос на минималната плата за 2023 година, е утврдено на денешната втора седница на Економско социјалниот совет (ЕСС). На седницата на ЕСС, информираат од Министерството за труд […]

О’Брајан до Курти: Ниту една влада не треба да ги осиромашува своите граѓани


САД го поздравија отварањето на претпристапните преговори меѓу Брисел и Сараево за интеграција на Босна и Херцеговина во ЕУ, и будно ја следат ситуацијата на Косово повикувајќи на намалување на тензиите меѓу Белград и Приштина. Џејмс О’Брајан, заменик на државениот секретар за европски и евроазиски прашања, на брифинг за новинарите денеска изјави дека Балканот сѐ […]

Нападнат возач на ЈСП во Бојане


На 21.03.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Џ.Х.(32) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 18.40 часот во Бојане, скопско, во автобус на ЈСП, каде извршувал работни задачи како возач, бил физички бил нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.