Електричните автомобили стануваат огромен проблем во Холандија


Електричните автомобили стануваат огромен проблем во земја која беше меѓу пионерите на европско тло кога станува збор за ЕВ. Во прашање е Холандија, која веќе страда од значителни проблеми во високонапонската и нисконапонската мрежа со постојани исклучувања. Европската унија децидно им рече „не“ на автомобилите што испуштаат CO2 од 2035 година, инвестирајќи се во електромобилноста. […]

Марија Габриел го враќа мандатот, Бугарија пред нови избори


Марија Габриел од ГЕРБ која требаше да ја состави новата влада на Бугарија денеска најави дека утре ќе му го врати мандатот на претседателот Румен Радев. Неуспехот на Габриел да формира влада ја води Бугарија во нови избори, пренесе Макфакс. „Утре ќе поднесам известување дека ја повлекувам мојата кандидатура за премиерка. Партијата ГЕРБ нема да […]

Макрон до Нетанјаху: Секое принудно префрлање на населението е воено злосторство


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху уште еднаш го изрази своето противење на израелската офанзива на Рафа и предупреди дека „присилното преместување на населението би претставувало воено злосторство“. Како што е наведено, за време на разговорот, Макрон ја повтори потребата од „итен и траен прекин на огнот“ во […]

Почина Дејан Мариќ, освојувач на првиот ракометен Куп на Македонија!


На 22.03.2024, во 85-тата година од животот почина Дејан Мариќ, една од легендите на македонскиот ракомет, кој како играч, тренер и спортски работник ја пренесе љубовта кон спортот и вистинските вредности на многу генерации. Мариќ е роден на 28.06.1939 во Соколац, Босна и Херцеговина (Југославија). Својата играчка кариера ја започнува во Раднички Горажде, продолжува во […]

Почина Мирко Попов, еден од најпознатите музичари и продуценти на електронска музика кај нас


Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично […]

Мицкоски ја презентираше „Платформа 1198“: Ако ВМРО-ДПМНЕ знае нешто, тоа е да прави проекти и програми


Требаше да зборува 45 минути, но претставувањето на изборната програма од страна на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се оддолжи на речиси час и половина. „Се надевам дека не бев здодевен“, им се обрати тој на крајот на присутните сопартијци по целодневната сесија, откако ги „бомбардираше“ со многу од 1.198 проекти набележани во […]

Најмалку 23 загинати во поројните дождови во Бразил


Најмалку 23 лица загинаа во Бразил откако викендов поројни дождови ги погодија југоисточните држави Рио де Жанеиро и Еспирито Санто. Локалната власт во Еспирито Санто денеска соопшти дека од петокот бројот на загинати во државата е 15, а речиси 5.000 луѓе се евакуирани. Тринаесет од смртните случаи се регистрирани во Мимозо до Сул, провинциски град […]

Џекпотот на „Мега милиони“ во САД се искачи на 1,1 милијарда долари


  Без добитник на џекпотот на „Мега милионис“ (Mega Millions) во петокот, главната награда за извлекувањето во вторник ја надминува границата од милијарда долари, според лотаријата. Џекпотот за следното извлекување во вторник навечер – околу 1,1 милијарда долари – го означува првиот пат во седум месеци кога наградата за џекпот надмина 1 милијарда долари и […]

Израел нема да дозволи премин на конвои со храна кон северот на Газа


Шефот на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНРВА), Филипе Лазарини денеска изјави дека Израел ги известил ОН дека повеќе нема да дозволува преминување на конвои со храна во северниот дел на Газа. Лазарини на социјалната мрежа Х напиша дека потегот на Израел „ја негира спасувачката помош за северна Газа“. „Ова е нечуено. Ова е […]

Почина славниот фотограф Томислав Петернек: Ги овековечи и последиците од скопскиот земјотрес


Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува […]

За три месеци седум деца заболени од туберкулоза, најмалото има една година


Расте бројот на деца кои заболуваат од туберкулоза. По повод Светскиот ден на туберкулозата – 24 Март, од Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле за Мета.мк велат дека има тренд на пораст на бројот на заболени. На оваа клиника се наоѓа единствениот оддел во државата каде што се дијгностицира и третира туберкулоза […]

Во Брисел две лица загинаа во два одвоени инцидента


Две лица се убиени во Брисел во текот на ноќта во два одвоени инцидента во услови на пораст на криминалот поврзан со дрога, соопштија извори блиски до белгиската полиција. Првиот вооружен напад во кој загина едно лице се случи на северот на Брисел, соопшти полицијата, додавајќи дека неколку часа подоцна се случил уште еден вооружен […]

Харис: Нема вмешаност на Украина во масакрот во близина на Москва


Американската влада денеска соопшти дека „нема вмешаност на Украина“ во масакрот во предградието на Москва, откако рускиот претседател Владимир Путин ја спомена можната поврзаност на терористите со Украина, бидејќи тие наводно се обиделе да побегнат во таа земја. „Нема докази дека Украина била вмешана во масакрот во кој загинаа 137 лица, а одговорноста за нападот […]

Црногорските банки со рекордни профити


Според податоците на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), 11 комерцијални банки лани оствариле добивка од 146 милиони евра, што е за 62,7 милиони евра или 75,26 отсто повеќе од крајот на 2022 година. Врховната монетарна институција соопшти дека сите 11 банки пријавиле позитивен резултат, пренесува Вијести. Во 2023 година во Црна Гора има зголемување […]

Маж поврден од заталкан куршум кај Арачиново


 Во СВР Скопје, вчера во 18.52 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреда од заталкано зрно бил донесен А.С.(29) од село Брест, Скопско. Како што соопшти МВР, според пријавеното, околу 17.30 часот на патот кон с.Арачиново, скопско, тој застанал до чешма, при што почувствувал удар во главата и […]

Бројот на жртвите од терористичкиот напад во близина на Москва достигна 137 лица


Бројот на жртвите од масовното пукање во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва достигна 137, соопштија руските власти. Меѓу жртвите има и три деца. „Продолжува идентификацијата на телата на загинатите. Во моментов на местото на терористичкиот напад се пронајдени телата на 137 лица, од кои три се деца. Продолжува испитувањето на местото […]

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалиција предводена од СДСМ


Под мотото „Силно, одговорно и чесно за пристоен живот и европска иднина“ НСДП денеска го одржа Шестиот Конгрес, конвенција на која присутвуваа 550 делегати од сите шест изборни единици. На Конгресот НСДП најави поддршка за актуелниот претседател Стево Пендаровски за претстојните претседателски избори, како и учество во Европската коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори. […]

Косово станува придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО


Пратеникот на владејачката партија во Косово, Движење самоопределување, Дритон Хисени соопшти дека статусот на Косово во Парламентарното собрание на НАТО е подигнат од членка-набљудувач на ниво на придружна членка, јави дописникот на МИА од Приштина. Хисени, кој е шеф на делегацијата на косовското Собрание во Парламентарното собрание на НАТО, преку објава на својата страница на […]

Ужас во Унгарија: Четири лица загинаа на спортски натпревар


Најмалку четири лица загинаа, а седум други се повредени во несреќа што се случи на унгарското рели Естергом-Нјергес. Се уште не се познати точните околности на несреќата, трката е прекината, а на местото пристигнале неколку спасувачки хеликоптери. Унгарските медиуми јавуваат дека еден од учесниците на релито изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот, удрил […]

Папата Франциско прескокна традиција стара 1.700 години: „Ова е многу необично“


Папата Франциско последните недели имаше здравствени проблеми, па неговиот помошник чита обраќања до верниците, но ниту подготвениот текст не беше прочитан на Цветници. Агенциите наведуваат дека е многу невообичаено Папата да ја прескокне проповедта, толкувањето на библиските текстови, на толку важен ден за христијаните. Папата Франциско во неделата го осуди нападот на концертната сала во […]