Во оваа држава разводот е противзаконски


Студија спроведена за 2024 година покажува нови податоци за разводите. Статистиката се однесува на САД, а истражувањето е објавено во Форбс. Според студијата, стапката на разводи е поголема кај паровите кои живееле заедно пред бракот. Повеќето луѓе го обвинуваат партнерот за разводот. Имено, 66% од разведените мажи сметаат дека другата страна требало повеќе да се […]

Малави прогласи состојба на катастрофа поради суша


Источноафриканската земја Малави прогласи состојба на катастрофа поради големата суша што зафати голем дел од земјата. Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера побарал повеќе од 200 милиони долари хуманитарна помош, јави Би-би-си. Потегот на Малави доаѓа помалку од еден месец откако соседна Замбија презеде сличен чекор. Зимбабве, исто така, соопшти дека голем дел од посевите во […]

Додека Русија тагува за жртвите од пукањето во концертната сала, како ќе реагира Путин?


На московската авенија Нов Арбат се поставени едни од најголемите видео екрани во Русија. Деновиве сите тие ја прикажуваат истата џиновска слика: Запалена свеќа и рускиот збор „Скорбим“ („Тагуваме“). Русија тагува за жртвите од масакрот во Крокус Сити Хол. Нема конечна бројка на загинати. Потрагата по телата продолжува. Низ целата земја руската тробојка е на […]

Јапонскиот премиер сака средба со лидерот на Северна Кореја, тврди сестрата на Ким Џонг Ун


Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, денеска изјави дека јапонскиот премиер Фумио Кишида неодамна изразил желба да се сретне со него. Ким посочи дека таквата средба не зависи само од волјата на Кишида и дека Јапонија ќе се смета за непријател „кога јасно ги крши суверените права на Демократска Народна Република […]

ЦУК: Во изминатите три дена 55 пожари на отворено


Во изминатитет три дена дена имало 53 пожари на отворено, а само во последното деноноќие 22, соопшти ЦУК. Пожари имало во Охрид, Тетово, Скопје, Куманово, Штип, Битола, Велес и Струмица. Карактеристичен пожар што предизвикал дополнителна штета, освен на вегетацијата, е во Велешкиот регион каде што пожарникарите од ТППЕ Велес од 13.12 до 14.48 часот вчера, […]

Најмалку 11 собирачи на тартуфи загинаа во напад на џихадисти во Сирија


Најмалку 11 собирачи на тартуфи беа убиени во напад што и се припишува на џихадистичката група Исламска држава во сириската пустина која порано беше нејзино упориште, соопшти невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права. Припадниците на Исламска држава поставиле мина која експлодирала кога поминувале возила со собирачи на тартуфи. Нападот се случил во пустината на […]

Во Мексико ослободени 58 од 66 луѓе киднапирани на северот на земјата


Мексиканските власти синоќа соопштија дека се пронајдени 58 од 66 луѓе киднапирани на 22 март во северозападниот град Кулијакан. „Денеска дома се вратија уште 16 луѓе, 12 возрасни и четворица малолетници, што значи дека се пронајдени вкупно 58 луѓе“, соопштија локалните власти и додаваат дека работат на пронаоѓање на останатите осум киднапирани. Вооружени киднапери, облечени […]

Четворицата осомничени извршители за нападот во Москва изведени пред суд, двајца ја признаа вината


Пред Окружниот суд Басмани во Москва вчера се појавија сите четворица осомничени за нападот во концертната сала во предградието на Москва, во кој загинаа 137 лица, а 154 се повредени. Двајца од нив, наведува Скај Њуз, ја признале својата вина за нападот, но сите ќе останат во притвор најмалку до 22 мај. Како што пренесуваат […]

Најстудено утрово на Попова Шапка, засилен ветер во Штип


Утрово најниска температура е забележана на Попова Шапка, – 4 степени Целзиусови. Еден степен под нулата се измерени во Лазарополе и во Маврови Анови. Потоа следат Крушево со 0 степени, 2 во Берово, 3 Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Виница, 4 во Тетово, Битола, Скопје – Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Дебар и Велес, 5 во […]

Израел опколи уште две болници во Газа


Израел повтори дека милитантите на Хамас ги користат како бази болниците во Газа, каде што се води војна повеќе од пет месеци. Хамас и медицинскиот персонал ги негираат наводите. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека еден од членовите на нејзиниот персонал е убиен кога израелски тенкови ненадејно упаднале во областите околу болниците Ал-Амал и Насер во […]

Убиена најмладата градоначалничка во Еквадор


Дваесетиседумгодишната градоначалничка на градот Сан Висенте во Еквадор, во кој дивеат банди, е убиена, соопшти вчера локалната полиција. Брижит Гарсија минатата година на 26-годишна возраст стана најмладата градоначалничка во јужноамериканската земја. Таа, меѓу другото, водеше кампања за подобар пристап до вода за пиење за приближно 17.000 жители на Сан Висенте, околу 100 километри источно од […]

Партиите ги отвораат картите, денеска ќе биде познат и редоследот за претседателските избори


Активностите на учесниците на двојните избори за претседател на 24 април и за пратеници на 8 мај се интензивираат. Најголемите политички партии викендов ги презентираа програмите за парламентарните избори, а дел ги промовираа и носителите на листите за пратеници, како и претседателските кандидати. Денеска се очекува да биде познат и редоследот на кандидатите за претседател […]

Франција го покрена степенот на тревога од тероризам на највисоко ниво


Француската влада го покрена нивото на тревога од тероризам на највисоко ниво по пукањето во Москва, изјави синоќа премиерот Габриел Атал по состанокот на највисоките безбедносни и одбранбени претставници со претседателот Емануел Макрон. Атал во објава на Х порача дека одлуката, која доаѓа неколку месеци пред Париз да биде домаќин на Олимпијадата, е донесена „во […]

„Фајненшл Тајмс“: Јапонија и САД ја засилуваат безбедносната соработка


САД и Јапонија го планираат најголемото досега унапредување на нивниот безбедносен сојуз откако двете земји потпишаа заеднички одбранбен договор во 1960 година, објави „Фајненшл Тајмс“. Планот на 10 април ќе го објават американскиот претседател Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида на средбата во Белата куќа. „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ситуацијата, […]

Двајца загинати и 27 повредени во верижен судар на автопат во Германија


Две лица загинаа, а 27 се повредени во верижен судар на околу 40 возила на автопатот во близина на Вирцбург, во германската област Баварија. Една 52-годишна жена и двегодишно дете загинаа на местото на несреќата, додека друго дете мораше да биде пренесено во болница со повреди опасни по живот, изјави утрово портпаролот на локалната полиција. […]

Македонските писатели Марковски, Стојчевски и Мијаковска учествуваат во одбележувањето на Денот на европските автори


 Македонските писатели и поети Стефан Марковски, Санде Стојчевски и Марина Мијаковска ќе учествуваат во првото одбележување на Денот на европските автори – 25 Март, кое годинава ќе се случи во 40 земји кои се дел од програмата „Креативна Европа“. Денот на европските автори го организира најголемата европска писателска федерација – Европскиот писателски совет. Во склоп […]

Седници на собраниските комисии за европски прашања и за финансирање и буџет


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за финансирање и буџет.  На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог на закон за виното, во второ читање, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност во прво читање и Предлог на закон за изменување и дополнување […]

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара


Матичните лекари од приватното здравство денеска од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, откако во петокот нивен колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара. Претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова во изјава за МИА во петокот истакна дека е неопходно да […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи, особено претпладне. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 […]

Ситуцијата на јужната граница е „закана по националната безбдност“, оценува шефот на пограничната служба на САД


Шефот на пограничната служба на САД, Џејсон Оувенс, изјави дека ситуацијата на јужната граница на САД е „закана по националната безбедност“, откако во изминатиот период десетици илјади имигранти избегнале задржување и нелегално влегле во земјата. Во интервју за Си-Би-Ес њуз денеска, тој изјави дека пограничните патроли се на пат во фискална 2024 година (која започна […]