Во Мексико ослободени 58 од 66 луѓе киднапирани на северот на земјата


Мексиканските власти синоќа соопштија дека се пронајдени 58 од 66 луѓе киднапирани на 22 март во северозападниот град Кулијакан.

„Денеска дома се вратија уште 16 луѓе, 12 возрасни и четворица малолетници, што значи дека се пронајдени вкупно 58 луѓе“, соопштија локалните власти и додаваат дека работат на пронаоѓање на останатите осум киднапирани.

Вооружени киднапери, облечени во црно со качулки, нa 22 март пристигнаа со комбе во градот Кулијакан, пукаа во воздух и киднапираа членови на седум семејства.

Според бројот на убиства, киднапирања и исчезнувања, Мексико е една од најнасилните земји во светот.