Во оваа држава разводот е противзаконски


Студија спроведена за 2024 година покажува нови податоци за разводите. Статистиката се однесува на САД, а истражувањето е објавено во Форбс.

Според студијата, стапката на разводи е поголема кај паровите кои живееле заедно пред бракот.

Повеќето луѓе го обвинуваат партнерот за разводот. Имено, 66% од разведените мажи сметаат дека другата страна требало повеќе да се потруди да го спаси бракот, додека 74% од жените го мислат истото.

Исто така, ризикот од развод се зголемува за 75% ако паровите имаат разведени пријатели. Многу луѓе се премажуваат по разводот, а веројатноста за распад на бракот се зголемува со секој следен повторен брак. Дури 73% од третите бракови завршуваат со развод. Помалку се шансите разведените да се помират, па 6% од разведените парови повторно се венчаат еден со друг.

Дури 40% од браковите вклучуваат барем една личност која претходно била во брак, пренесува Индекс.хр.

За државите и професиите
Шри Ланка има најниска стапка на разводи во светот, а Филипините се единствената земја, заедно со Ватикан, каде што разводот е незаконски.

Во однос на занимањата, келнерите и стјуардесите имаат највисока стапка на разводи, додека актуарите и физичарите се фалат со најниска стапка на разводи.