Балетот „Заспаната убавица“ на музика на Чајковски со две претстави на 7 и 8 март
Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски на 7 и 8 март во 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки […]