„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски награден во Аризона


Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата за највпечатлив филм (Best Impact Film) на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“, во Аризона, САД. Фестивалот се одржа од 24 февруари до 3 март, а беа прикажани независни филмски остварувања од целиот свет. Филмот на Цветановски претходно освои пет награди […]

Индиректни разговори меѓу Израел и Хезболах за време на Рамазан


  Наскоро се очекува да започнат индиректните преговори за прекин на борбите меѓу Израел и вооружената група Хезболах во јужен Либан, јави ДПА, повикувајќи се на либански медиуми. Привремениот либански премиер Наџиб Микати денеска најави дека разговорите ќе започнат за време на светиот муслимански месец Рамазан, кој ќе започне на почетокот на следната недела, соопшти […]

Хамас најави продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа


Хамас денеска најави дека ќе ги продолжи преговорите за постигнување договор кој ќе обезбеди сеопфатен крај на израелската војна во Појасот Газа, јавува Анадолија. „Хамас ја покажа неопходната флексибилност за да се постигне договор што ќе обезбеди сеопфатен прекин на нападите врз нашиот народ. Сепак, окупаторската држава (Израел) ги избегнува условите од договорот за прашања […]

И од најмала количина на храна стомакот ќе ви „експлодира“: Шест начини да го поправите варењето и да спречите надуеност и гасови


Како да го „поправите“ варењето и да го решите проблемот со надуеност и гасови? Применете шест едноставни правила и поттикнете ги цревата да работат „како швајцарски часовник“! Ако често се случува после оброк, кој дури и не мора да биде особено голем, да имате проблеми со варењето, да се чувствувате надуени, да имате грчеви во […]

Македонија купува преносни системи за противоклопна борба „џејвлин“ од САД


Владата ја разгледа и усвои и Информација од Министерството за одбрана за потребата од доделување на договор за набавка на преносливи системи за противоклопна борба, со склучување на договор помеѓу Владата на Македонија и Владата на САД. Притоа е утврден усогласен текст на амандман кон Писмото за понуда и прифаќање (Amendment 1 to Letter of […]

Едвард Елгар – човекот што ја дефинираше англиската музика


Од елегичниот Нимрод до потресниот концерт за виолончело и неговите прекрасни хорски дела, овој британски композитор има многу повеќе од помпа Ако Британија има национален композитор, тоа е Едвард Елгар (1857-1934). Неговата музика често се гледа како олицетворение на самодоволниот викторијански свет во кој е роден, но иако ја напиша својата квота од „патриотски“ дела, […]

Зошто имаме зима без зима: Ел Нињо ја губи силата


Главниот виновник за зимата без зима на Балканот и екстремните временски услови во различни делови на светот, Ел Нињо, постепено ја губи својата сила, се вели во извештајот на Светската метеоролошка организација. Сепак, овој природен феномен ќе продолжи да влијае на глобалната клима во наредните месеци. Ел Нињо, кој се разви во јуни 2023 година, […]

Презентација на програмата „Крива Паланка – Град на културата 2024“


Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски денеска во Музејот на македонската борба во Скопје на прес-конференција ќе ја презентираат програмата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.   Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе се обратат и главните носители на програмата Драган Величковски, директор на ЛУ Градски […]

Без вода дел од ул. „Миле Попјорданов“ 2 и корисниците на дел од Љубанци


ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека денеска без вода ќе бидат дел од неколку улици во Општина Карпош и корисниците на дел од Љубанци. Во Општина Карпош, поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-80 мм на ул. „Струшка“ 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на таа улица и дел од ул. „Јуриј Гагарин“. […]

Засилени инспекции во градинките, тестирање и вакцинација против ширење на големата кашлица


Засилување на инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис (голема кашлица) низ целата држава од центрите за јавно здравје за кое досега немаше таква можност, а дигиталната евиденција за вакцинација на децата во вакциналните […]

Арбен Шакири за МКЦ: Јавноста e доведена во заблуда


Изминативе денови јавноста e доведена во заблуда од неточните и еднострани информации кои се пласираат, а се поврзани со МКЦ поточно со истечените договори на 30 лица кои биле хонорарно ангажирани во институцијата. Имено, се работи за придржување кон законските обврски кои произлегуваат од известувањето на ДКСК и изборниот законик според член 8-а, упатено до […]

Променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд


Времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува […]

ПСЖ и Баерн се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите


Минхен -Килијан Мбапе одигра уште еден феноменален натпревар со тимот на ПСЖ и го однесе францускиот гигант во четвртфиналето од Лигата на шампионите.  Дваесет и пет-годишната француска суперѕвезда, која се очекува да му се приклучи на Реал Мадрид од лето, донесе победа со 2:1 во реваншот против Реал Сосиедад во Сан Себастијан.  Така парижаните го продолжуваат […]

Бугарскиот премиер Денков поднесе оставка, коалицискиот партнер ГЕРБ ќе ја води владата


Бугарскиот премиер Николај Денков поднесе оставка и во согласност со договорот постигнат по минатогодишните избори, му го расчисти патот на неговиот коалициски партнер, централно-десничарската партија ГЕРБ, да ја води владата. Партијата ГЕРБ и прозападниот блок на кој припаѓа Денков минатата година потпишаа договор според кој министерката за надворешни работи и поранешна еврокомесарка Марија Габриел ќе […]

Како ќе гласа ДУИ за стратешките инвестиции во енергетиката? Митилинеос е спорен


Министерот за економија Крешник Бектеши и кадар од ДУИ во Владата, најавува дека за поддршката на предлог законите за стратешки инвестициски проекти во енергетиката во партијата во текот на неделава ќе заседава надлежната комисија и ќе ги разгледа, како што вели, за да знаат пратениците во детали што треба да гласаат. Денешното отуство на пратениците […]

Најмалку 17 лица загинале во израелски воздушен напад врз јужниот дел на Газа


Најмалку 17 лица загинаа во воздушен напад што израелската армија го извршила денеска врз градот Кан Јунис во јужна Газа, соопштија палестинските власти. Преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас завршија без напредок. Блиската европска болница соопшти дека примила 17 тела во текот на ноќта. Во соопштението на израелската војска се наведува дека […]

Како мајката Људмила го скрши Кремљ за погребот на синот Алексеј Навални


  Збогувањето со Алексеј Навални на 1 март и следните два дена стана историско и неверојатно важно искуство за милиони Руси. Властите се потрудија да го избегнат ова. Користејќи директни закани и уцени, тие инсистираа семејството на Навални да одржи приватна, затворена церемонија. Властите тоа успеаја да го остварат ова во 2023 со погребот на […]

Холандија ќе гради четири нуклеарни централи


Парламентот на Холандија денеска гласаше за предлогот за изградба на четири нови нуклеарни централи наместо две. Во предлогот се наведува дека две дополнителни нуклеарни централи треба да бидат подготвени за употреба од 2040 година. Владата во заминување веќе одлучи во 2022 година да изгради две нови нуклеарни централи до 2035 година, а сега доби задача […]

Земјите од ЕУ поскептични кон зелената транзиција отколку држави во соседството


Скептицизмот кон климатските промени и „зелената транзиција“ е поголем кај многу членки на Европската унија отколку во соседните земји, покажа денеска објавеното истражување на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Истражувањето на ЕБРД за 2023/2024 година за „зелената транзиција“ покажува дека скептиците и неангажираните луѓе се најчести во источноевропските земји на Европската унија, како […]

Бектеши вели ќе реагираат ако има злоупотреби со цените


Министерството за економија ќе носи одлуки кои, според ресорниот министер Крешник Бектеши, нема да бидат во прилог на одредени групи кои би направиле злоупотреби и енормно зголемување на цените во периодот додека да биде објавена конечната листа со производите што ќе бидат опфатени со законот за забрана на нефер трговски практики и додека не се […]