Лазаров го објави списокот за дуелите со Романија


Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир во рамки на претстојната ЕХФ машка недела (11.03 – 17.03) и подготвителни натпревари со репрезентацијата на Романија. Собирот е закажан на 11.март, понеделник со почеток во 16.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје. Повикани ракометари: Голмани 1. МАРТИН ТОМОВСКИ […]

Германец бил вакциниран против Ковид 217 пати


Еден 62-годишен маж од Германија, бил вакциниран 217 пати против Ковид, според лекарите. Сето тоа се одвивало во период од 29 месеци. Бизарниот случај е документиран во списанието The Lancet Infectious Diseases, пишува BBC. Изгледа дека човекот не претрпел никакви лоши последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг. „За неговиот случај дознавме преку написи во […]

Истрага на грчкото обвинителство за фирмата на Каселакис во САД


Грчкото обвинителство ќе спроведе истрага за фирмата на лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис со седиште во САД, преку која со заем беа исплатени вработените во медиумите на партијата, како и за евентуално прекршување на законот за имот и извор на средства на политичари, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, истрагата […]

Преку 600 илјади евра инвестиции во Дојран за подобрување на локалните улици


Министерот за транспорт и врски Благој Бочаврски и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, денеска извршија увид во реконструкција на локални улици во општина Дојран, проект кој се реализира со средства од Министерството за транспорт и врски. Се работи за улици во населените места Николич, Фурка и Црничани и истите се дел од “ Проектот […]

Фејсбук, Инстаграм и Месинџер повторно работат


Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликациите месинџер и Трејдс повторно работат. Причината веројатно е голем прекин на серверот во матичната американска компанија Мета, јавуваат светските медиуми. Веб-страницата за следење на состојбата на онлајн сервисите „Down Detector“ покажа големи прекини на Инстаграм, Фејсбук и Месинџер. Проблеми имаше низ целиот свет. Сопственикот на платформата Х […]

Уапсени педофили во Србија – врбувале деца од 3 до 14 години


Во акцијата Армагедон полицијата уапси седум лица во Белград, Ниш, Пирот и Лесковац. Истите се сомничат дека преку социјалните мрежи влегувале во комуникација со малолетници од сопствени и лажни профили, праќале фотографии и видео снимки од порнографска содржина и прибавиле содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетник, како и договарале средба со малолетници за сексуален […]

Дебрани ќе плаќаат поскапа вода за пиење


Домаќинствата и правните субјекти, кои користат вода од водоводот Росоки-Дебар добија нова цена на водата за пиење, која веќе се применува со сметките за февруари. Така, метар кубен вода за домаќинствата наместо 19 сега чини 21,40 денари, додека за правните субјекти таа е повисока за 2,67 и изнесува 40,67 денари. Како што информираа од Јавното […]

Истрага против лидерот на Сириза, имал компанија во странство


  Атинското обвинителство нареди истрагата против претседателот на главната опозициска партија Сириза, Стефанос Каселакис, поради тоа што е сопственик на компанија во Делавер, САД Под микроскопот на властите, се очекува да се стигне до кривичното дело прекршување на законот кој им забранува на партиските лидери да поседуваат фирми во странство. Повод за прелиминарното испитување беше […]

Азербејџан ја урна зградата на парламентот во Нагорно-Карабах


 Азербејџанската државна телевизија денеска објави снимка на која се гледаат ровокопачи како ја уништуваат зградата во која некогаш се наоѓаше отцепениот етнички ерменски парламент на Нагорно-Карабах. Уривањето кое го пренесуваше телевизијата, со огромни метални канџи кои ја уништуваат зградата, драматично го нагласува повторното воспоставување на азербејџанска контрола откако неговите сили повторно го зазедоа Карабах минатата […]

Викторија Нуланд се повлече од функцијата


Викторија Нуланд заминува од функцијата заменик државен секретар по политички прашања во американскиот Стејт департмент, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен. Таа ги олицетвори стремежите на претседателот Бајден да ја врати дипломатијата во центарот на надворешната политика и да го обнови глобалното лидерство на Америка во решавачки момент за нашата земја и за целиот свет, наведе […]

Инстаграм и Фејсбук недостапни во целиот свет


Ако ве исфрлиле од профилите на Инстаграм и Фејсбук, не сте единствените, проблемот им се појавил на корисниците ширум светот. Околу 16:20 часот Инстаграм и Фејсбук паднаа. Корисниците ширум светот не можеа да се логираат на своите профили, а оние кои претходно беа најавени беа исфрлени од нивните профили. На Инстаграм, корисниците остануваат најавени, но […]

Руските власти ги користат видео снимките за да ги уапсат луѓето на погребот на Навални


Полицијата во Москва почна да апси луѓе кои присуствуваа на погребот на Алексеј Навални на 1 март, објави Проектот за човекови права ОВД-Инфо. Неколку од уапсените биле или снимени од надзорните камери на настанот или се појавиле на снимките што биле објавени на интернет. Една жена од Москва, на пример, беше обвинета за „покажување на […]

Јордан, САД, Франција и Египет од воздух ја испуштија досега најголемата помош за Газа


Јордан денеска соопшти дека во соработка со САД, Франција и Египет го извршиле најголемото авионско испорачување храна и хуманитарна помош во Појасот Газа.  Во операцијата учествувале три авиона на јорданските вооружени сили, три американски авиона, еден египетски и еден француски авион. Помошта е фрлена на северот од Газа, а јорданските вооружени сили соопштија дека пакетите […]

Николоски во Брисел се сретна со Вархеи


  Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во својство на известител на Парламентарното собрание на Советот на Европа за изборите во Босна и Херцеговина. Во истото својство се сретнал и со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти. По средбите Николски изјави: „На […]

Фреди Белери осуден на две години затвор


Специјалниот суд против организиран криминал и корупција во Тирана, попладнево му изрече казна затвор во траење од две години на Фреди Белери, кој беше уапсен два дена пред локалните избори минатата година за „купување гласови“. Специјалното обвинителство пак за него бараше казна затвор од 2 години и 6 месеци. Што се однесува до другиот обвинет, […]

„Глупави еко-терористи“: Реакција на Маск за пожарот во фабриката на „Тесла“ во Берлин


Директорот на „Тесла“, Илон Маск реагираше на денешниот напад врз неговата фабрика за автомобили во близина на Берлин од страна на левичарска екстремистичка група, што доведе до прекин на електричната енергија. „Овие се или најглупавите еко-терористи во светот или се марионети на оние кои немаат добри еколошки цели. Запирањето на производството на електрични возила, наместо […]

Пензиите во Германија ќе бидат најмалку 48 отсто од просечната плата, но има услови


Германските министри за труд и финансии Хубертус Хеил и Кристијан Линднер денеска презентираа реформски пакет кој има за цел да ги стабилизира пензиите и да го забави очекуваниот пораст на придонесите. Тие го претставија својот нов нацрт-закон кој има за цел да гарантира ниво на пензија од најмалку 48 отсто од просечната плата. Нивото на […]

Бред Пит и Пенелопе Круз ѝ оддадоа почит на Шанел, еве како (видео)


Шанел го прикажа своето шоу на Модната недела во Париз со почит кон класикот на француската кинематографија, ангажирајќи ги Бред Пит и Пенелопе Круз за повторно да ги прикажат култните сцени од филмот на Клод Лелуш од 1966 година „Un homme et une femme“ („Маж и жена“) . Холивудските ѕвезди глумат  на црно-белите снимки, во […]

Претстави на четири ансамбли во Драмскиот театар


 Претстави на четири ансамбли ќе се одржат оваа недела во Драмскиот театар. Како што е најавено, утре ќе гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски. В четврток, 7 март, ќе се претстават „Штрих“ со […]

Директорот на молдавската разузнавачка служба ја обвинува Русија за обид за дестабилизација


Директорот на Службата за информации и безбедност на Молдавија, Александро Мустеата денеска изјави дека Русија планира да се меша во внатрешните работи на земјата со предизвикување протести, мешање во претстојните претседателски избори и попречување на плановите на земјата за пристапување во Европската унија. Мустеата рече дека неговата агенција открила рекордно ниво на активност на руските […]