Измените на Изборниот законик утре пред пратениците, се предлага да се гласа и со документи кои истекле во последните девет месеци


Предлог законски измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои, освен имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР се врши и допрецизирање на одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе […]

Дебар повторно без епидемиолог, договорот на дело не му е продолжен на пензионираниот, но единствен во поширокиот регион


Поширокиот дебарски регион повторно остана без епидемиолог, откако на пензионираниот Ментор Меља му заврши договорот на дело, потпишан со Министерството за здравство. Меља е единствен лекар специјалист од оваа медицинска гранка во Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, кој долги години беше раководител на единицата за јавно здравје и кој повеќе од успешно, иако […]

И Драган Николовски собира потписи за кандидатура за претседател


На само два дена од истекот на рокот за собирање на потписи за кандидати за претседател, до Државната изборна комисија денеска била доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура од страна на Драган Николовски. Како што информираат од ДИК потписите и за овој ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на […]

Избоден малолетник кај „Мавровка“


Малолетник од скопското село Буковиќ денеска бил повреден со остар предмет од страна на друг малолетник во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Инцидентот се случил околу 13.30 часот попладнево, а веднаш потоа момчето било пренесено во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“. „Денеска (6.3.2024) околу 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено […]

Советот на ЕУ доби мандат за преговори со ЕП за Регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан


Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер) денеска донесе одлука да му одобри мандат на Европскиот совет за преговори со Европарламентот за Регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан.  Предложениот Механизам е централниот инструмент на новиот План на Европската комисија за раст за Западен Балкан, чија цел е поддршка […]

Почна изградба на фонтана во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија


Започна изградбата на фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа. Се гради на кружниот тек, кој го доби неговото име. – Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој […]

Починато бебе донесено во ГОБ „8 Септември“


Вчера околу 14.30 часот во Полициската станица Карпош, од Градска општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе од Скопје. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови


Пратениците попладнево го разгледаа Предлог-законот за основање медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во прво читање. Гласањето по овој Предлог, како што рече потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, ќе биде дополнително закажано. Основање медицински факултет во Битола предлагаат четворица пратеници од СДСМ, Ненад Коциќ, Миле Талевски, Бети Рабаџиевска Наумовска и […]

Опрема за граничната полиција од Сојузна Република Германија


Поддршка од Сојузна Република Германија со вкупна вредност од околу 210.000 евра и полициска опрема е набавена за граничната полиција – пет патролни возила, еден минибус и уреди за проверка на документи. Освен тоа, во Центарот за обука на МВР во Идризово со нов мебел и техника се опремени две училници за обуки. Како што […]

Кривична пријава против 26 лица – набавувале помалку нафта за училишта во Штип, а наплаќале повеќе


СВР Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против З.А.(51) од Неготино и Љ.П.(43) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против А.М.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, […]

Марјана од Крушево ја правеше столаријата за Офицерскиот дом во Битола


  БИТОЛА – Марјана Кочоска од Крушево, во својата работилница ја правеше столаријата за извонредниот Офицерски дом во Битола, кој беше обновен во 2021 година. Марјана е жена претприемач од Крушево, сопственик на работилница за изработка на дограма од дрво. Фасадната столарија на Офицерски плени со својата уникатност и убавина.   Вели дека лично се вложила […]

Психичко вознемирување во ЕП доживеале половина од вработените


 Повеќе од 550 вработени во Европскиот парламент биле психички вознемирувани на работа, покажа новото истражување што го спроведе движењето „МиТуЕП“ (MeTooEP). Тоа е речиси половина од 1.135 луѓе кои учествувале во анонимна анкета спроведена меѓу јуни и август 2023 година. Во истражувањето за искуствата од вознемирување на работното место учествуваа и осум европратеници, од кои […]

РСЕ: Словенецот Немец е известувач на ЕП за укинување на визите за имателите на српски пасоши во Косово


Словенечкиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП), Матјаж Немец, е назначен за известувач на Советот на ЕП за укинување на визите за граѓаните на Косово кои поседуваат пасоши издадени од Србија, јави Радио Слободна Европа (РЕЛ) на албански јазик. Европратеникот Немец преку социјалните мрежи го потврди именувањето и рече дека очекува брза одлука за укинување на […]

Предлог-законот за вино го помина првото читање во Собранието


Собранието денеска ја заврши општата расправа по Предлог-законот за вино и констатира дека е прифатлив, како и дека може да се даде на натамошно, второ читање. Со овој закон, прв пат досега, се предвидува утврдување на производната цена на винското грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година, за најмалку две најзастапени сорти.  […]

Гари Каспаров ставен на руската листа на терористи и екстремисти


Светскиот шампион во шах Гари Каспаров е додаден на листата на терористи и екстремисти, соопшти денеска Федералната служба за финансиски надзор на Руската Федерација (Росфинмониторинг). „Гари Каримович Каспаров, роден на 13 април 1963 година, во Баку, во Азербејџанската автономна Советска Социјалистичка Република, е на списокот“, соопшти Росфинмониторинг, пренесена од руските медиуми. Судот во Москва веќе […]

Цените на златото се на рекордно ниво


Цените на златото се одржаа блиску до рекордно високо ниво во средата, како одраз на нервозата на инвеститорите пред извештајот за монетарната политика на претседателот на американската централна банка Џером Пауел и прогнозите за пад на берзата. Цената на унца злато попладнето се стабилизира на физичкиот пазар на ниво од 2.126,75 долари. Во вторникот накратко […]

„Одговорно новинарство“: Зошто ниеден британски весник не ја објави папарацо фотографијата на принцезата Кејт?


  Ниту еден британски медиум не ја користеше папарацо фотографијата на Кејт, принцезата од Велс, почитувајќи ја долгогодишната конвенција да не се користат такви слики. Сликата е направена од фотограф за Backgrid (која беше купена од Shutterstock минатиот месец) и беше објавена во Британија на веб-страницата за вести за познати личности TMZ. Со оглед на […]

ЕПП бара барателите на азил да се држат во трети земји, ВМРО-ДПМНЕ се согласиле?


Конзервативците од Европската народна партија, водечката политичка сила во Европскиот парламент, бараат префрлање на барателите на азил во трети земји поради миграцискиот притисок, јавија светските агенции, цитирајќи манифест презентиран денеска на првиот ден од конгресот на Европската народна партија во Букурешт. Овој предлог означува јасна промена во европската миграциска политика воведена за време на мандатот […]

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ е задолжителна лектира за идните модни креатори и костимографи (фото)


Многубројни книжевници, новинари, модни креатори, филмски и театарски работници, со силен аплауз и многу емоции,  ѝ оддадоа почит на Зорка Тодорова-Младеновиќ, на промоцијата на нејзината нова фотомонографија „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“, што се одржа синоќа во Музејот на македонската борба за државност и самостојност. Книгата, што е во издание на […]

6 март во историјата  – „Баер“ го патентираше аспиринот


  Германската компанија „Баер“ го патентираше аспиринот на 6 март 1899 година. Сега најчестиот лек во долапите со лекови за домаќинство, ацетилсалицилната киселина првично беше направена од хемикалија пронајдена во кората на врбите. Во својата примитивна форма, активната состојка, салицинот, се користела со векови во народната медицина, почнувајќи од античка Грција кога Хипократ ја користел […]