Починато бебе донесено во ГОБ „8 Септември“


Фото: Б. Грданоски

Вчера околу 14.30 часот во Полициската станица Карпош, од Градска општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе од Скопје.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.