Избоден малолетник кај „Мавровка“


Фото: Б. Грданоски

Малолетник од скопското село Буковиќ денеска бил повреден со остар предмет од страна на друг малолетник во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Инцидентот се случил околу 13.30 часот попладнево, а веднаш потоа момчето било пренесено во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

„Денеска (6.3.2024) околу 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар ‘Гоце Делчев’, во близина на Трговски центар ‘Мавровка’, малолетник од село Буковиќ, Скопско, бил повреден со остар предмет од друг малолетник од село Бојане, Скопско“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Дополнително, од МВР додаваат дека во меѓувреме во полициската станица Бит-пазар се врши службен разговор со осомничениот малолетник во присуство на родител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.