Промоција на нова книга на Милчо Манчевски и целовечерен мултимедијален настан


Новата книга на режисерот Милчо Манчевски, „Манчевски: Пет есеи“ ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална презентација (со проекција на филмови и промоција) на 1 февруари (четврток) во 19 часот во новиот Културен центар „Лабораториум“ (старата печатница на „Нова Македонија“, Бул. „Климент Охридски“ 68) во Скопје. Издавач на двојазичната книга (македонски и англиски) е […]

Демолирани канцелариите на Држaвниот инспекторат за локална самоуправа


Демолирани се канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа, искршена е и украдена опрема, информираа од Инспекторатот за МИА. Инцидентот се случил во саботата, а случајот во МВР го пријавил директорот на Инспекторатот Ферди Ашани. Инспекторатот е лоциран во зградата на МРТВ на 12 кат.

Индија до 2027 година би можела да стане трета најголема светска економија


Индија би можела да стане трета по големина економија во светот до 2027 година со бруто домашен производ од пет билиони долари, објави индиското Министерство за финансии. Во моментов, Индија е петта по големина економија во светот, после САД, Кина, Јапонија и Германија. Фискалната 2024 година во Индија започнува на 1 април 2023 година и […]

Џафери имаше средба со амбасадорот Гир


  Премиерот Талат Џафери денеска го прими амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир. Амбасадорот му го честиташе на Џафери неговото назначување за претседател на Владата, истакнувајќи ја поддршката од ЕУ и Делегацијата во Скопје во продолжување на соработката и поддршката на институциите во реализирањето на европската агенда на државата. Премиерот Џафери изрази задоволство што неговата […]

Синдикатите реагираат што законот за административни службеници се носи по скратена постапка, бараат јавна дебата


Синдикатите реагираат на носењето на законот за јавна администрација кои по скратена постапка треба да бидат донесени во Собранието. Синдикатите реагираат дека вакви важни закони за работничките права се носат по скратена постапка без почитување на стандардната процедура, без јавна расправа и социјален дијалог. – Доколку ваквиот закон помине, одговорноста ќе биде на тие што […]

Украина: Соборивме моќен руски бомбардер „Су-34“


Украинските одбранбени сили соборија руски ловец-бомбардер „Су-34“ во областа Луганск во источна Украина, изјави портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Ковалиов. Ковалиов додаде дека рускиот авион „Су-34“ бил соборен на 29 јануари. ⚡️ Military: Ukraine downs Russian Su-34 jet over Luhansk Oblast. Ukrainian air defenses shot down a Russian Su-34 jet over […]

Дали 2024 година ќе биде новата 1933 година?


На 30 јануари 1933 година, Адолф Хитлер беше назначен за канцелар на Германија. За неговите поддржувачи, тоа беше ден на „национална револуција“ и преродба. На Германија, веруваа тие, ѝ требаше ресторативна сила на авторитарен моќник по 14 години на либерално-демократскиот Вајмарски „систем“. Таа ноќ, кафеавите кошули на Хитлер маршираа низ центарот на Берлин за да […]

По три години работа, усвоена драфт верзијата на Националната развојна стратегија


  Драфт верзијата на Националната развојна стратегија (НРС), која ги дефинира приоритетите на државата во наредните 20 години, е финализирана и прифатена од Управниот одбор во кој членуваат сите вицепремиери, министерот за финансии, пратеници во парламентот, членови на МАНУ, претставници на амбасади и меѓународни организации, бизнис секторот и граѓанските организации. Станува збор за сеопфатен документ […]

Отворена модната изложба „носиме УМЕТНОСТ“


Во петокот, на 26 јануари 2024 год., како прв културен настан годинава и одбележувајќи го делото на Пабло Пикасо (1881–1973) и кубизмот, Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Шпанија, ја отвори модната изложба „носиме УМЕТНОСТ / llevamos ARTE / nous portons l’ART“. На отворањето збор зедоа: Иго Бештел, директор на Францускиот Институт […]

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК


 Пријави за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и за повеќе општини беа во фокусот на денешното продолжение на 99. седница на Државната комисија за спречување на корупција на која беа разгледани повеќе предмети кои беа во најголем дел отфрлени или беше одлучено постапката да се запре. За пријавата за градоначалничката на Град Скопје, Данела […]

Успешен почеток на платформата „Силата ЕУ младите“ со два музички настани


Викендов, Скопје беше во фокусот на младите и нивната култура преку два музички настани, кои го одбележаа почетокот на активностите на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Едукативниот културен центар „Лабораториум“ во центарот на Скопје беше „окупиран“ со млада и повозрасна публика, заинтересирана за културната содржина креирана од два исклучително млади музички колективи.  На сцената во Лаб кафе […]

Србин пронајден починат на фарма за свињи во гевгелиско Моин


П.С. (67) од Србија, кој работел како стручен консултант на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, вчера бил пронајден починат во објектот. Како што соопштија од СВР Струмица, настанот бил пријавен во Полициската станица во Гевгелија вчера во 10:30 часот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. […]

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради


Повеќе од 2,6 метри снег падна досега во снежната бура што ја зафати Алјаска, предизвикувајќи уривање на покриви на комерцијални згради во Енкориџ, а властите ги повикаа жителите да го исчистат снегот од покривите. Дополнителни 16 сантиметри снег паднаа во Енкориџ за време на викендот, со што снегот во најголемиот град на Алјаска е 254 […]

Одложена изградбата на мегагасоводот „Силата на Сибир 2“


  Изградбата на долго планираниот мегапроект, кој ги поврзува руските гасни полиња со Кина, е одложена поради ценкање. Гасоводот „Силата на Сибир 2“ (познат и како „Алтаи“ гасовод), кој треба да ја минува монголската територија, е приоритет за Москва повеќе од една деценија и доби уште поголемо значење откако Европа го ограничи увозот на руски […]

Вучиќ: По 1 мај, конечна одлука за евентуално враќање на обврската за отслужување војска


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска претставниците на Генералштабот на војската на Србија и на Министерството за одбрана му презентирале „убедлив аргумент“ дека е неопходно да се врати обврската за служење војска и дека им наредил до 1 мај да му ги достават сите предлози на таа тема. „Ќе видиме дали таа (воената […]

Претседателот Пендаровски одликува македонисти со Медал за заслуги (во живо)


Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги одликува македонистите Златко Крамариќ, Зузана Тополињска, Јоуко Линдстет, Јежи Русек (постхумно), Кшиштоф Вроцлавски (постхумно) и Далибор Брозовиќ (постхумно) со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.  

„Во здраво тело здрав дух“: Бугарските здруженија со донации ја омекнуваат битолската јавност


  БИТОЛА – Бугарските здруженија се растрчаа со донации низ Битола, откако ги собраа негативните „поени“ од битолската јавност со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ и политичките провокации. Последните поголеми вложувања се во Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола каде опремија цела фитнес сала. Бугарите сега се промовираат преку здруженија кои промовираат „пријателство“. Ученичкиот […]

Видео за холокаустот објавено од Европската комисија предизвика гнев во Варшава


  Видеото, објавено од Европската комисија по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот во саботата, предизвика бурни реакции во Полска, што ја натера извршната власт на ЕУ да ја отстрани објавата на социјалните мрежи, за која Варшава рече дека е погрешна. Во клипот, комесари на ЕУ ги именуваа жртвите на холокаустот од различни делови […]

Директорката на Онкологија, Клисарова вели дека клиниката работи нормално (во живо)


Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, информира  директорката на Клиниката Виолета Клисарова.  За останатите информации поврзани со претресите кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции кои ги водат овие процеси. Од […]

Полска: Опозицискиот лидер го спореди премиерот Туск со Хитлер


  Лидерот на главната полска опозициска партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качињски, ги спореди постапките на новата влада на Доналд Туск со оние на Хитлер на партискиот митинг во централниот полски град Лублин. Качињски дојде во Лублин на откривањето на споменикот на Лех Качињски, братот близнак на Јарослав, кој загина во авионска несреќа кај […]