Охрид подготвен за најмасовното фрлање по крстот на Богојавленскиот водосвет


Во Охрид денеска ќе се одржува најмасовната верска манифестација – традиционалното положување на Чесниот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод православниот празник Богојавление – Водици. Чинот на осветувањето на езерските води и положувањето на Чесниот крст ќе биде во 10 часот кај Градското пристаниште. На фрлањето на крстот ќе му претходат […]

19 јануари во историјата – Роден е Едгар Алан По


  На 19 јануари 1809 година, во Бостон, Масачусетс, САД, е роден поетот, писател и литературен критичар Едгар Алан По. Кога имал три години, двајцата родители на По умреле, оставајќи го на грижата на неговиот кум, Џон Алан, богат трговец со тутун. Откако посетувал училиште во Англија, По се запишал на Универзитетот на Вирџинија  во […]

ЕПП сака „поделба“ на функцијата висок претставник за надворешна политика и безбедност


Европската народна партија (ЕПП) сака промена во ресорот за надворешни работи и одбрана во следниот состав на Европската комисија, предлагајќи укинување на сегашната функција висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Ваквата идеја се содржи во Предлог-изборната програма на ЕПП за изборите за Европскиот парламент во јуни годинава, во која се предлага сегашната […]

Зголемен број починати од Ковид-19 во Грција, намалување на хоспитализираните и заразените


Во периодот од 8 до 14 декември во Грција е регистрирано намалување на бројот на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица и на приклучени на апарати, но зголемен е бројот на починати, вкупно 103, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.  Според неделниот извештај на ЕОДИ, починатите […]

Релативно топло, викендот постудено со снег


Во дел од котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку ден, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските […]

Податоците за вакцинацијата против Ковид на поранешниот бразилски претседател Болсонаро се лажни


Податоците за вакцинацијата на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се лажни, соопшти вчера канцеларијата на главниот инспектор на земјата по истрагата за наводната промена на податоците во вакциналната картичка на Болсонаро против Ковид-19. Записите покажуваат дека Болсонаро, кој јавно се спротивстави на вакцинацијата против Ковид-19, примил доза од вакцината во центарот за јавно здравје во […]

Првиот турски астронаут и екипаж лансирани кон Меѓународната вселенска станица (видео)


Првиот турски астронаут и уште тројца членови на екипажот од Европа беа лансирани вчера од Флорида на патување до Меѓународната вселенска станица (ISS) во комерцијална мисија на приватната компанија Аксиом Спејс со седиште во Тексас. Капсулата Crew Dragon на SpaceX, со четворица астронаути, се подигна со ракета Falcon 9 околу еден час пред зајдисонце од […]

Ново труење работници во фабриката „Магна“ во Алексинац, 52 побарале помош


Нова група од 52 работници на фабриката „Магна“ во Алексинац синоќа побарала помош од лекар од итна помош поради труење, потврдил за агенцијата Бета началникот на итната помош во Алексинац, Ненад Марковиќ. „Од вкупниот број работници кои не контактираа, петмина испративме во интерното одделение на болницата во Алексинац, а еден од нив е пренесен на […]

Во Скопје 157 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот


Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на […]

Северна Кореја тестираше подводен систем за нуклеарно оружје


Северна Кореја извршила тестирање на својот подводен систем на нуклеарно оружје во знак на протест против овонеделните заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија, јавија денеска државните медиуми. Тестирањето на системот „Хаил-5-23“, како што Северна Кореја ги нарече своите подводни дронови способни за нуклеарен напад, беше спроведено од Министерството за одбрана во водите […]

САД објавија нова иницијатива за борба против дезинформациите од авторитарните држави


САД објавија иницијатива за борба против дезинформациите што ги шират авторитарните влади со нова алатка за справување со овој проблем – Рамка за спротивставување на манипулации од странски држави. Според Вашингтон, странските манипулации со информацијата и вмешаноста се закана за националната безбедност како на САД така и на сојузниците и партнерите. -Авторитарните влади користат манипулација […]

Лојд Остин повикан во Конгресот да објасни за неизвестување за хоспитализацијата


Претседателот на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом на САД, Мајк Роџерс, побара од американскиот министер за одбрана Лојд Остин да сведочи пред комисија поради ненавремено информирање за неодамнешната хоспитализација, за што не бил известен ниту претседателот Џозеф Бајден. „Конгресот треба да разбере што се случило и кој ја донел одлуката да спречи откривање […]

Дали е можно намалување на каматните стапки. Еве од што ќе зависи


Евентуалното намалување на каматните стапки зависи од тековниот развој на настаните на глобално ниво, а на домашен терен од однесувањето на инфлацијата зависно од домашните извори, вели во изјава за МИА универзитетскиот професор Марјан Петрески. Петрески вели дека не може да прецизира кога точно би се случило тоа, но дека според информациите во дадениот момент, […]

Автобусите на ЈСП денеска и утре по неделен возен ред, со исклучок на некои линии


Поради верскиот празник Богојавление (Водици), денеска јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. По неделен возен ред, како што информираат од ЈСП Скопје, ќе се вози и утре (сабота), со исклучок […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици


Поради активностите по повод верскиот празник Водици, во Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР информираат дека од 08:00 часот се до завршување на активностите, во центарот на Скопје за […]

Богојавление – Водици: Ден кога водите стануваат осветени и лековити


Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото […]

Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен јужен ветер


Наутро во дел од котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат […]

Каевски: Демократска култура беше присуството на Зечевиќ на партиската промоција на Арсовска


„Првенствено, демократска култура е кога ќе добиете покана, да присуствувате на одреден настан, на одредена политичка партија, но да ставите етикета дека актуелната  градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска е во некаква коалиција или се одлепила од ВМРО – ДПМНЕ е неприфатливо. Со оглед на тоа дека Град Скопје има преку 300 членови на Управен […]

ВМРО-ДПМНЕ средбата меѓу Заев, Ковачевски и Ахмети ја нарече „силување на државата“


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва испрати соопштение со кое ја коментира средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер Зорав Заев, која се случи денеска во форма на работен ручек во Скопје.Оттаму велат дека колку повеќе ДУИ и СДС ја силуваат државата, толку погласно зборуваат за Европа. „На европскиот состанок меѓу Заев, […]

Се запали викендичка во Катланово – ја гасат 15 пожарникари


РЦУК – Скопје, известува дека во 22 часот, е добиена пријава од Е-112 за запалена викендичка во населено место Катланово во близина на цркавата. Во моментот,  екипата од противпожарната служба на Град Скопје интервенира со пет противпожарни возила и 15 пожарникари и истиот нема опасност за проширување. Дополнителни информации од ЦУК најавуваат за утре.