„Празнична приказна“ со предновогодишни настани од вечер до 7 јануари на плоштад „Македонија“


Под мотото „Градот убав ве кани сите“, вечерва во 18 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје стартуваат предновогодишни  настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија. Градоначалничката Данела Арсовска ќе се обрати во 19 часот веднаш по настапот на „Дајте музика“, а во исто време започнува празничниот базар, како […]

Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов


Драги браќа и сестри! „И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ се зборови на свети Иван евангелист, што многу често ги изговараме во молитвата Ангел Господов. Станува збор за божественото Слово, Логосот, Синот Божји, кој е единосуштен со Отецот и кој е поврзан со Него во единството на Светиот Дух. Ова Слово, кое […]

Сончево со мала облачност и релативно топло


Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло. Претпладне по котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 25  декември  2023 година, 361-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 7 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 7 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза која е во фаза на прва четвртина, нема да […]

БРАКО испорача возило во Поморие, Грин Машинс се бараат се повеќе на Балканот 


Бугарскиот приморски град Поморие набави возило за чистење на градските улици од брендот Грин Машинс на БРАКО.  Возилото беше испорачано минатата недела, а станува збор за новиот надграден модел 636 stage V, во кој е вграден најсовремениот систем за контрола на издувни гасови и е со сертификат за квалитет од германското сертификационо тело TUV. Стручните […]

Вучиќ јаде јаболка пред полициската акција: „Моменти на одмор“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи сподели фотографија како јаде јаболка непосредно пред акцијата за разбивање на протестот во Белград. „Моменти на одмор во претседателсството. Важно е да се зачува мирот, да се уапсат насилниците и да се обезбеди иднината на нашите деца. Сакам, драги пријатели, да знаете дека секогаш сум на […]

Вучиќ: Драматично е, но „револуцијата“ нема и нема да успее!


  Српскиот претседател, Александар Вучиќ вели дека сцените се драматични пред Градското собрание, но ги повика граѓаните да не се грижат бидејќи, како што рече, ниту една револуција не е во тек и ништо нема да успее.   „Ќе се обидеме да не повредиме никого со нежна и смирена реакција“, рече претседателот, додавајќи дека на […]

Блинкен: САД се „длабоко загрижени“ за судбината на Навални


Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изрази „длабока загриженост“ за судбината на Алексеј Навални кој веќе три недели не се знае каде е и нема никакви вести за него од рускиот затворски систем.  -Длабоко сме загрижени за тоа каде се наоѓа Навални, кој речиси три недели се изгуби во рускиот затворски систем. Уште еднаш повикуваме […]

ДОМ ќе преговара со СДСМ за коалицирање на парламентарните избори


Политичката партија ДОМ која е дел од владејачката коалиција  формирала тим кој по празниците ќе почне разговари за коалицирање со СДСМ на претстојните парламентарни избори, информираше вечерва претседателката на ДОМ Маја Морачанин. Во гостување на ТВ Сител, Морачанин рече дека на Централниот одбор на ДОМ донеле одлука да влезат во преговори со СДСМ за заеднички […]

Напнато пред Градското собрание во Белград, летаат стакла и солзавец


  Официјални лица и поддржувачи на листата „Србија против насилството“ вечерва го нападнаа  Градското собрание на Белград. Додека тие ги кршеа стаклата на вратат од сoбранието, полицијата ги прскаше со солзавец. Граѓаните запалија неколку факели, фрлаа јајца и извикуваа „Излези надвор“.  Потпретседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, ја повика полицијата која ја држи вратата со […]

Ковачевски: Северна Македонија ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година


Останувам лидер на европскиот фронт на кој повикавме и не отстапувам од тоа, од таа позиција верувам дека ќе обезбедиме солидна основа, за веќе во следниот мандат забрзано да ги отвораме и затвораме кластерите и поглавјата во текот на преговорите и да ја внесеме земјата во ЕУ до 2030 година, вели премиерот Димитар Ковачевски во […]

Иран го повика на разговор рускиот вршител на должност поради изјавата за спорните острови во Персискиот Залив


Иран го повика на разговор рускиот вршител на должност откако Москва и арапските земји издадоа заедничка изјава претходно оваа недела, оспорувајќи ги претензиите на Иран за спорните острови во Персискиот Залив. Новинската агенција ИРНА јави дека рускиот дипломат бил повикан вчера и му била врачена нота за достава до Москва во која Техеран протестира против […]

Косовско Самоопределување ќе учествува на изборите во Македонија


Откако лидерот на Беса, Билал Касами,  најави  протести, а Африм Гаши напуштање на Собранието и негова блокада, денеска и предводникот на Демократското движење Изет Меџити вели дека избори со 6-члена изборна комисија ќе бидат нелегитимни. -Се соочуваме со тенденција за фалсификат на изборите подготвена од господинот Талат Џафери, изјави  Меџити. Тој го повтори ставот дека ќе […]

МД „Илинден“ ја поздрави одлуката за притвор на „издавачите“ на потврди за лажно бугарско потекло


Македонското друштво „Илинден“- Тирана, ја поздрави одлуката на судот во албанскиот пограничен град Пешкопеја, кој денеска им изрекол мерка притвор на трите лица вмешани во издавањето лажни потврди за „бугарско потекло“, во административната единица Острени, област Голо Брдо. – Се надеваме дека полицијата нема да остане со толку. Очекуваме истрагата да се прошири и во […]

Египет со нов предлог за ставање крај на војната во Газа


Египет подготвил предлог за прекин на борбите меѓу Израел и Хамас и ослободување на уште заложници кои ги држи палестинската исламистичка група, јави ДПА, цитирајќи регионална телевизиска мрежа. Иницијативата, која предвидува три одделни фази, била претставена на разговорите одржани претходно оваа недела во Каиро меѓу египетските власти и тимот на Хамас, според саудискиот канал Ашарк […]

Хрватска го дочекува својот најскап Божик досега


Овогодинешната празнична кошничка е најскапа во Хрватска досега, според хрватските синдикати, пренесува ХРТ. Според хрватските синдикати, најобилната празнична корпа во Хрватска чини 417 евра, а најскромната 98 евра. – Само најбогатата кошничка е вистинската кошничка во духот на традициите, забележува претседателот на Независните хрватски синдикати, Крешимир Север. Тој додава дека во најевтината можна потрошувачка кошничка […]

На Бит-пазар запленети над 2600 пиротехнички средства


Полиција од СВР Скопје денеска на територија на Бит-пазар во Скопје го лишиле од слобода 35-годишниот  В.В. (35) од Скопје  затекнат како на импровизирана тезга продава разновидни пиротехнички средства. Како што информира Министерството за внатрешни работи, запленети  се вкупно 2619 разновидни пиротехнички средства. -По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, […]

(Фото галерија): Дедомразовците трчаа низ Скопје


Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ денеска ja организираше традиционалната Дедомразовска трка во која учесниците облечени во црвени костуми на Дедо Мраз ќе трчаат низ улиците на Скопје.  Трката почна од пред „Скопје сити мол“, а патеката што ја истрчаа беше  долга два километри. Таа има забавен и натпреварувачки карактер и учествуваат  учесници […]

Жител на гостиварско Форино изгризан од животни до смрт


Повозрасен жител на гостиварското село Форино бил пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото Форино. Од СВР Тетово информираат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел. Според пријавата, Џ.Е. (83)  бил паднат на земја и имал […]

Русија е лидер во светот по новозаболени од корона вирусот


  Во текот на изминатиот месец, Русија стана лидер по бројот на нови случаи на инфекција со Ковид-19. Земјата забележа 279.400 нови случаи во овој период, според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО). Бројот на нови случаи во Русија во текот на месецот се зголеми за 130%, бројот на починати за 50%, на 376. Вкупниот […]