Без вода дел од корисниците на улиците „Леринска“ и „Ловќенска“


Дел од корисниците од улиците „Леринска“ и „Ловќенска“ ќе немаат вода од 9 часот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е  поради изведување водоводен приклучок од ф 100-мм на ул. „Леринска“ бр.41 во населба Козле и ќе трае до завршување на зафатот. 

Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музеј на град Скопје


 Во Музеј на град Скопје вечерва ќе се отвори Годишната изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов”. Изложбата ќе биде поставена во периодот од декември 2023 до декември 2024 година. На изложбата ќе бидат презентирани 30-ина дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од […]

Трет ден комисиска расправа по Предлог-буџетот за 2024 година


 Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска трет ден по ред треба да продолжи со разгледување на Предлог-буџетот за 2024 година. Расправата по Предлог-буџетот почна во понеделник, а ќе трае 10 работни дена, по што треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен […]

Трибина „Детска книжевна продукција“


Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска ќе се одржи трибина „Детска книжевна продукција“, проект на Ана Јовковска, докторанд на културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ и тематско продолжение на панел-дикусијата „Книжевната сцена во современиот културен контекст“.  -Фокусот е на литературата за деца, акцентирање на важноста од едукативната компонента, педагошката функција на литературата […]

Отворен форум за антикорупција


 Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на Програмите „Граѓаните против корупцијата“ и „Регионална мрежа за антикорупција“ (СЕЛДИ), денеска и утре во Скопје го организира „Отворениот форум за антикорупција“ Како што информираат од МЦМС, целта на овој Форум е учесниците преку дискусии да се осврнат на антикорупциските предизвици со кои се соочува општеството и […]

Годишна конференција за децентрализација и локално управување


 Во Скопје, денеска и утре ќе се одржи Годишната конференција за децентрализација и локално управување, во организира Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и во партнерство со Министерството за локална самоуправа.   Отворањето на конференцијата, која годинава е на тема „Граѓаните во фокус: Креирање иднина со поквалитетни локални услуги“, ќе се одржи на […]

Пет филма на режисерот Сколимовски на Неделата на полски филм


Пет филма на полскиот режисер Јержи Сколимовски ќе бидат прикажани на  Неделата на полски филм која од денеска до 10 декември ќе се одржува во Кинотеката. Кариерата на Сколимовски трае повеќе од 60 години, а неговите филмови од шеесетите години на минатиот век се сметаат за најава на новите естетски тенденции во полската кинематографија. Филмската […]

Во Собранието седница на Законодавно правната комисија


 Во Собранието денеска 220. седница ќе ја одржи Законодавно правната комисија. Членовите на Комисијата ќе дискутираат по Предлог на законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем кој ќе се склучи меѓу Француската агенција за развој и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, за заем на Развојната банка на […]

Промоција на три нови аудио изданија на СОКОМ


Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ денеска ќе ги сумира реализираните активности и остварените концерти во 2023 година. Ќе бидат промовирани и три нови аудио изданија – „Историски снимки со дела од историско значење“, авторскиот албум „Од композиторскиот опус на Борис Светиев“ и аудио прилогот кон списанието „Премин“, со наслов „Црковното пеење од словенско […]

Облачно со дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe од снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени. Во Скопје […]

Велика Британија се приклучува на програмата „Хоризонт Европа“


Велика Британија од 1 јануари 2024 година ќе стане придружна членка на програмата „Хоризонт Европа“, со што британските истражувачи ќе можат да учествуваат во проекти на оваа програма на ЕУ за истражување и иновации под исти услови како и нивните колеги од други придружни членки и ќе имаат пристап до нејзините фондови за финансирање.  Дополнително, […]

Бегството на Љупчо Палевски заврши во турскиот град Баликесир, полицијата го уапси на улица


  Помалу од една недела можеше да се крие Љупчо Палевски – Палчо во три балкански држави, плус Македонија, додека конечно не беше уапсен од турската полиција денеска попладнево. Сега тој е во екстрадициски притвор и го чека завршувањето на постапката пред да биде испорачан во нашава земја за да се комплетира доказната постапка во […]

Силен циклон потопи 25 села – најмалку 13 лица загинаа (видео)


Циклонот Михаунг денеска го погоди јужниот индиски брег со силен ветер, а му претходеа обилни дождови и поплави во кои загинаа најмалку 13 лица. Високите бранови ги зафатија јужните крајбрежни градови во текот на изминатите два дена додека се приближуваше циклонот, потопувајќи цели села и го запреа целиот транспорт бидејќи повеќе од 390.000 луѓе го […]

Која диета ви одговара според крвната група?


Постојат многу фактори кои одредуваат колку човекот ќе успее да ослабе. Губењето килограми може да биде тешко и има многу работи што треба да се земат предвид, но дали знаевте дека крвната група е исто така клучен фактор за губење на тежината? Исхраната по крвна група може да ви помогне да изгубите тежина во одредени […]

Хоспитализиран поранешниот полски претседател Лех Валенса поради тешка форма на Ковид


Поранешниот полски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Лех Валенса е префрлен во болница поради тешка форма на Ковид-19, изјави денеска негов соработник. Објавата на Фејсбук страницата на Валенса покажа слика од него во кревет со маска за кислород, со натпис „Имам Ковид“. Неговиот соработник Марек Качмар за полските медиуми изјави дека Валенса […]

Фатен е убиецот на Вања и на Панче, Љупчо Палевски – Палчо, МВР со прес во 22,30 часот


Љупчо Палевски-Палчо, кој се сомничи за киднапирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е фатен, јавија повеќ медиуми вечерва. Тој бил задржан на граница, односно, Палчо бил  уапсен на аеродром во Турција по меѓународната потерница која ја објави македонското МВР, по двојното убиство на Вања Ѓорѓиевска и Панче Жежовски. Засега се […]

Супермаркет на иднината претставен во Виена


На Технолошкиот факултет во Виена беше претставен супермаркет на иднината во кој со помош на најновите технологии класичните продажни простории се трансформираат во технолошки напредни локации. Срцето на овој концепт е интелигентен систем за купување – паметна количка што им олеснува на клиентите да ги најдат производите што ги сакаат. Фокусот е на работа со […]

Осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска спроведени во Кривичен, ОЈО бара продолжување на притворот


Во Основниот кривичен суд во Скопје вечерва беа спроведени четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор. Четворицата се спроведени од Истражниот затвор во Шутка, каде тројца се во притвор како осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска […]

Ракометарите на Алкалоид со победа над Ла Риоха го завршија учеството во Европската лига


Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид, вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје го совлада шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха со 28:27. Ова беше натпревар од последното, 6. коло во Ф-групата на ЕХФ Европската лига. Најмногу голови во домашниот состав постигна Марко Митев – 10, значаен придонес имаше голманот Иван Галевски се истакна со 17 одбрани Својата […]