Данок на солидарност сѐ уште не платиле 26 компании, должат речиси 12 милиони евра


  Данокот на солидарност сѐ уште не го платиле 26 компании кои вкупно по оваа основа должат 726,6 милиони денари (околу 11,8 милиони евра), информираше денес на брифинг со новинарите директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Само една од овие компании должи 294,6 милиони денари (околу 4,7 милиони евра). Станува збор за фирма од средна големина […]

Маричиќ не гледа назадување, но се согласи со оценките на ЕУ за недостигот од прогрес


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја отфрли забелешката дека во извештајот на Европската комисија за Македонија има оценка – назадување.  -Јас не видов збор „назадување“ во извештајот, тоа е ваше слободно толкување. Комисијата дава објективен пресек на напредокот, но и на слабостите. Имаме напредок во  80 отсто од поглавјата, а ниту во едно не […]

Температурите во последните 12 месеци се повисоки од изминатите 125.000 години, според истражување


Њујорк – Температурите во последните 12 месеци беа најтопли во изминатите 125.000 години, според истражувањето објавено денеска од непрофитната новинска организација „Climate Central“ во Принстон, Њу Џерси. Просечната глобална температура била околу 1,32 степени Целзиусови повисока отколку пред Индустриската револуција, соопшти организацијата. „Топлината подеднакво ги погоди и богатите и посиромашните држави. Додека климатските влијанија беа […]

Регионалниот ЦУК Струмица доби возило со опрема за ноќни операции


 Во дворот на Регионалниот ЦУК Струмица денеска се изврши примопредавање на возило „FORD KUGA ST X LINE“ со ИКТ опрема за ноќни операции, добиено од реализација на Проектот за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики со Грција – eFIDAR, информираа денеска од Центарот за управување […]

Роверот на НАСА „Кјуриосити“ на Марс e повеќе од 4.000 дена


Роверот на американската вселенска агенција НАСА, наречен Кјуриосити, се наоѓа на Црвената планета повеќе од 4.000 марсовски денови откако слета во 2012 година. Curiosity постигна огромен напредок во разбирањето на минатото и сегашната средина на Марс и се обидува да утврди дали Црвената планета некогаш поддржувала микробиолошки живот. НАСА сега го слави својот успех, а […]

Германската Влада планира да ги намали цените на електричната енергија за индустријата


 Германската Влада планира да ги намали цените на електричната енергија за тешката индустрија преку комбинација на даночни олеснувања и продолжување на субвенциите за енергетски интензивните индустриски производители, дознава ДПА. Околу 350 германски компании кои се особено изложени на меѓународна конкуренција и се ставени во конкурентна неповолна положба поради високите цени на електричната енергија во Германија […]

9 ноември во историјата – Почна погромот во Кристалната ноќ


  На 9 ноември 1938 година, во настан кој ќе го наговести холокаустот, германските нацисти започнаа кампања на терор против еврејскиот народ и нивните домови и бизниси во Германија и Австрија. Насилството, кое продолжи до 10 ноември, а подоцна беше наречено Kristallnacht, или „Ноќ на скршено стакло“, по безбројните скршени прозорци на установи во сопственост […]

Раскошниот дом на Ивана Трамп непродаден – дали Доналд Трамп е проблемот? 


Њујорк– Раскошниот дом на Ивана Трамп на Менхетен има потреба од купувач и се чини дека никој не сака да ја купи. Нејзините деца, Иванка, Ерик и Доналд Трамп Џуниор, минатиот ноември, четири месеци по нејзината ненадејн смрт ја ставија на пазарот резиденцијата од шест ката од 8.800 квадратни метри. Па дури и со намалување […]

ЕУ побара од Македонија да ги подготви Патоказите за владеење на правото


  БРИСЕЛ – Советот на постојани претставници на ЕУ го усвои писмото со кое се упатува покана до земјава да ги подготви Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација за отворање преговорите по Кластерот 1- „Фундаментални вредности“.   Одлуката е донесена на вчерашното заседание на Советот на постојани претставници на земјите […]

Времено затворени кујните во училиштата од Карпош по појавата на салмонела


Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе вонреден инспекциски надзор во училишта на територија на Општина Карпош по добиена пријава за појава на заболувања кај ученици предизвикано од „Salmonella“. – На ден 08.11.2023 год. од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведен е вонреден инспекциски надзор во објект – централен магацин со кој стопанисува ДПТУ Ванила фоод„ […]

Четири фирми и две лица кривично ќе одговараат за опасниот отпад во Орман


Државениот инспекторат за животна средина на прес-конференција соопшти дека опасен отпад е фрлен на локација во село Орман. „По добивање на овластено известување на инспектор од животна средина направен е вонреден инспекциски надзор на 24 октомври. Утврдивме дека на плац на две физички лица оставена е одредена количина на отпад кој потекнува од „Рецикал еко-старт“ […]

Бројот на судиите во Македонија е според европскиот просек


  И покрај тоа што раководителите на судските тела и органи во Македонија многу често се жалат дека им недостигаат судии за побрзо да се распределува правдата, новиот извештај на Европската комисија претставува поинакви бројки. Според податоците што се соопштени, бројот на судии во Македонија е точно според европскиот просек. Недостигаат обвинители. Во Извештајот пишува: […]

Затоа што Тоше е чувство: Тактилни слики во Спомен куќата во Крушево


Националната установа „Спомен куќа на Тодор Проески“ од Крушево веќе 12 години го чува сеќавањето на една од најмаркантните фигури во поновата македонска историја. Претставува простор со повисока вибрација од нормалната, каде не постојат емоциите „рамнодушност“ и „лошо“. Секој кој влегол во оваа величествена архитектура и ја почувствувал нејзината енергија, повторно се враќа. „Преубаво место […]

До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и снег на планините


Од утре под влијание на нов влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Наместа ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утре и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен […]

Костадиновска-Стојчевска на средба со Азуле: Три децении македонската култура е активен партнер на УНЕСКО


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска присуствува на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз каде што пред отворањето, заедно со премиерот Димитар Ковачевски беа пречекани од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата беше истакнато задоволството од досегашните резултати од интензивната соработка на Северна Македонија со Организацијата на Обединетите нации за […]

Многумина возачи грешат: Како да ја намалите потрошувачката на гориво за дури 50%?


Германската организација даде неколку совети како да заштедите гориво додека возите. Германската организација Tüv Süd, која се занимава со сертификација и инспекции, даде неколку интересни совети за економично возење. Некои ги знаете, а некои можеби не. За да заштедите гориво, префрлете се на поголема брзина при 2000 вртежи во минута. Исто така, многу возачи треба […]

Приведена наставничка од Неготино, пријавена била дека психички малтретирала ученици


Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне, откако била пријавена дека психички малтретирала ученици, информираа денеска од СВР Велес.   – Вчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Т.Ј.С.(48) од Неготино, наставничка во училиште во Неготино, постапувајќи по пријава според која таа психички ги малтретирала учениците за време на настава. […]

Тибетански мудрости: Како да се живее среќно?


Тибетанските мудрости се популарни насекаде низ светот и од нив секако можеме многу да научиме. Дури и најлошите непријатели не можат да ви наштетат ако живеете вака. Краток, но многу значаен водич од тибетските мудреци за среќен живот: – Ако ви се допаѓа – кажете. – Ако не ви се допаѓа – кажете го тоа. […]

Градинката „Пролет“, монтажна гаража во Капиштец, реконструкција на 14 улици – приоритети на Центар за в година


Општина Центар вчера ја одржа првата форумска сесија за планирање на буџетот за 2024 година, на која учество зедоа градоначалникот Горан Герасимовски, раководителите на сите сектори на општинската администрација, советници во Советот на општината, претставници на невладини организации, како и граѓаните на Центар. Преку овие форуми општината ги вклучува граѓаните во креирањето и реализацијата на […]

Филмските работници од САД постигнаа договор со големите продукциски студија


Лос Анџелес – Холивудските глумци и сценаристи вчера постигнаа договор со големите продукциски студија за прекин на двата штрајка што ја потресоа забавната индустрија откако сценаристите во мај, а потоа и глумците побараа повисоки плати, и тоа во ерата на стрим-услугите. Овој 118-дневен прекин на работата во Холивуд официјално заврши на полноќ, се вели во известувањето […]