Руски генерал кој го критикуваше Путин пронајден мртов во неговиот дом


Москва – Поранешниот командант на руската противвоздушна одбрана, кој го критикуваше Владимир Путин за состојбата на руските воздухопловни сили, е пронајден мртов во неговиот дом заедно со сопругата под мистериозни околности, пишува „Дејли мејл“. Високо одликуваниот генерал-полковник Владимир Свиридов (68) и неговата сопруга Татјана (72) биле мртви околу една недела пред да бидат пронајдени нивните […]

Облачно и ветровито, попладне дожд


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 l/m2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 17 ноември 2023 година, 321-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 44 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 26 минута, а ќе зајде во 16 часот и 11 минути. Денов трае 9 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

„Тајмс“ со блескава критика и 5 ѕвездички за новиот албум на Трпчевски


  Еден од најугледните светски медиуми, лондонски ТАЈМС излезе со максимална оценка од 5 ѕвездички и блескава критика за  двојниот албум на кој нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески е повторно обединет со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на Западногерманското радио од Келн, Германија, во изведбата на двата концерта за пијано и […]

Израел тврди дека пронашле шахта од тунел во болницата во Газа


  Израелската војска доцна во четвртокот соопшти дека открила шахта од тунел на Хамас и возило со оружје во болничкиот комплекс Ал-Шифа во Газа. „Во болницата Шифа, трупите на ИДФ [Израелските одбранбени сили] пронајдоа оперативна тунелска шахта и возило со голем број оружје“, соопшти војската. Јавно објави видеа и фотографии од шахтата на тунелот и […]

Цвет кој се крши како стакло, магла од глицерол – хемиски спектакл на Институтот за хемија


Потопена роза во течен азот, станува кршлива исто како стакло. Кога гумено црево ќе потопите исто така во течен азот, можете да го скршите со чекан на парчиња. Ова се само некои од хемиските експерименти кои денеска, студенти и нивните професори од Институтот за хемија, Марина Стојанова и Владимир Петрушевски, ги изведоа пред стотици основци […]

Спасовски го посети Заев во неговата фондација


  Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на Фејсбук објави дека денеска ја посетил Фондацијата „Заев“, каде што се сретнал и со директорот на Фондацијата, поранешниот премиер Зоран Заев. „Благодарност од срце за иницијативите на Фондацијата ‘Заев’ за остварувањето на образовни, социјални, научни и хуманитарни интереси, преку унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, деловната […]

Ковачевски: Мето Јовановски остави длабок печат во македонската култура


  Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук напиша дека актерот Мето Јовановски, кој почина денеска на 77 години, „остави длабок печат во македонското културно творештво“. Тој вели: „Со голема тага ја примив веста за смртта на доајенот на македонската глума, Мето Јовановски. Изразувам длабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите. Како еден од нашите најистакнати врвни драмски […]

Норвешка е подготвена да го затвори граничниот премин со Русија доколку биде потребно


 Норвешките граничари не забележале зголемен број руски гранични премини на контролниот пункт Сторског, но властите во Осло се подготвени да го затворат доколку е потребно, изјави денеска министерката за правда Емили Енгер Мел. Таа посочи дека Норвешка внимателно ја следи ситуацијата на гранката со Русија. – Но, во моментов на пунктот Сторског не гледаме необичен […]

Зеленски најавува војна на Балканот (Видео)


Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека светот треба да ѝ посвети поголемо внимание на ситуацијата на Балканот бидејќи, според него, постојат информации дека Русија планира таму да покрене војна за да го оттргне вниманието од Украина. „Русија може да создаде нови кризи на Балканот и во Молдавија за да го оттргне вниманието на светот од […]

Милевски: Во Италија не сме дојдеме како туристи


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот натпревар со фаворитот Италија. – Секогаш очекувам успех. Не сме дојдеме како туристи туку да извлечеме што е можно повеќе. Секој натпревар е посебна приказна за себе. И овој што не очекува утре е посебен. Сам по себе носи убавина, но и […]

Макрон не стравува дека во Косово повторно ќе избувнат судири


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Лозана изјави дека тензијата на Косово сега е малку намалена и оти не се плаши дека таму повторно ќе избувнат конфликти. Во разговор со студентите на Универзитетот во Лозана заедно со швајцарскиот претседател Ален Берсе, Макрон, говорејќи за тензиите во Косово, рекол дека „тие денеска малку паднале“, пренесе весникот […]

Платила 300 евра за работа во странство, но документи никогаш не добила


Кавадарчанка на возраст од 49 години, пријавила дека била измамена од лице кое се преставило како посредник за работа во странство. Според пријавеното тие се запознале преку мобилна апликација, по што во периодот од 14 август до 18 септември таа му уплатила вкупно 18.437 денари за обезбедување документи за работа во странство. Како што е […]

Францускиот претставник за Западен Балкан порача дека Париз е силен поддржувач за нашиот влез во ЕУ


Вицепремиерот задолжен за економски прашања,  Фатмир Битиќи денеска се сретна со  Рене Троказ, специјален претставник за Западен Балкан на Франција, кој беше придружуван од францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер.  Вицепремиерот Битиќи изрази благодарност за поддршката која Франција ја дава на Северна Македонија во нејзините напори за полноправно членство во Европската Унија, притоа истакнувајќи дека за земјата […]

Ковачевски од Белград: Винските патишта на нашите држави стануваат светска дестинација


Македонските, српските, албанските и црногорските винарии се рамо до рамо со врвните светски вински производители. Тоа е мегдан за наша промоција, за вмрежување и за отворање нови пазари. Преку оваа иницијатива ја покажавме и функционалната соработка помеѓу нашите стопански комори, ја покажавме соработката помеѓу нашите држави, ја покажавме соработката помеѓу нашите граѓани и компании и […]

Османи одржа предавање на студентите од американскиот универзитет Yale


 Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денес одржа предавање пред студентите на меѓународното право/прашања при американскиот универзитет Yale на тема иднината на ОБСЕ. Преку видео врска Османи  истакна дека времето во кое живееме, полно со безбедносни предизвици и непредвидливости ја наметнува неопходноста за постоење на организацијата како што е ОБСЕ. “Јас […]

Ратка Камчева, Сергеј Самсоненко и „Орка холдинг“ на црната листа на САД


  Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина, мајката на бизнисменот Орце Камчев – Ратка Камчева, како и неколку нивни компании се најновите имиња на црната листа на САД објавена во четвртокот попладнето. Во одлуката на американското Министерство за финансии се наведува дека сите споменати лица и фирми се ставени на листата поради нивната тесна поврзаност […]

Спречен меѓународен транспорт на 85 килограми марихуана во заедничка акција со грчката полиција


 Спречен е меѓународен транспорт на 85 килограми марихуана и во државава лишени се од слобода четири лица, а во Грција е распишана потрага по грчки државјанин, вчера, во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Регионалниот центар Исток и СВР Струмица со Службата за борба […]

Кривичниот суд останува со 42 судии и 215.000 предмети, се бара делегирање нови


Судскиот совет избра четворица нови судии во Апелацискиот суд за кривичната област, од кои тројца доаѓаат од Основниот кривичен суд Скопје. Со ова, првостепениот суд останува со 42 судии. Судиите од кривичната област Александра Ристеска, Весна Димишкова и Осман Шабани, од Кривичниот ќе заминат да работат во Апелациониот суд Скопје, со што во прашање се […]

ИЈЗ: Децата да пијат повеќе вода и природни сокови, а помалку „Прајм“


Како и секогаш, нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови, а консумацијата на „PRIME HYDRATION DRINK“ кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација од 500 мл дневно. Ваква препорака стаса денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од каде што преку соопштение советуваат дека […]