Синдикатот на контролори на летање попладне на средба во Министерството за транспорт


Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) е повикан на средба во Министерството за транспорт и врски попладне во 17 часот, заедно со директорите на Македонска навигација М-НАВ, потврди за МИА претседателот на ССКЛ Александар Тасевски.  Средбата е во пресрет на штрајкот што Синдикатот го најави за утре од 11 до 17 часот, а во […]

Полициски рации на три локации во северно Косово во врска со случајот Бањска


Косовската полиција изврши денеска рации на три различни локации на северот на Косово, кои се поврзани со случајот Бањска, односно со вооружениот напад врз косовската полиција на 24 септември во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, кој […]

Британија се обидува да го криминализира веењето на палестинските знамиња


 Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман им напиша на највисоките полициски функционери во земјата дека веењето на палестинското знаме или пеењето песна во која се залага за ослободување на Палестина од окупацијата ќе биде кривично дело. Браверман рече дека веењето на палестинското знаме може да се смета за поддршка на палестинската група Хамас, која […]

Вархеи инсистира на ревизија на помошта за Палестинците


  Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеи, кој предизвика бурни реакции во Брисел со својата изјава за суспензија на помошта од ЕУ за Палестинците, рече дека е неопходна ревизија на помошта за да се спречи „индиректно“ финансирање на терористичката група Хамас која го нападна Израел. Вархеи, кој е задолжен за односите на […]

Столтенберг: Колку Украина е посилна на бојното поле, толку побрзо ќе заврши војната


Кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата целосна инвазија на Украина минатата година мислеше дека Киев ќе падне за неколку дена, а Украина за неколку недели, но не беше во право, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во обраќањето на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржува во рамки на дводневната […]

Ердоган: Користењето на сите видови срамни методи не е војна, туку масакр


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека „непропорционалните и неосновани напади врз Газа можат да доведат до нарушување на меѓународниот углед на Израел, јави агенцијата Анадолија. – Непропорционалните и неосновани напади врз Газа можат Израел да го втурнат во неочекувана и несакана позиција во очите на светската јавност, порача денеска Ердоган зборувајќи на состанокот на […]

Засилени подготовки за евакуацијата на македонските државјани од Израел


Со оглед на актуелната состојба во Израел, Владата на Северна Македонија и Министерството за надворешни работи преземаат мерки со цел да се организира безбедно враќање на македонските државјани дома. Во моментов се разгледуваат сите расположливи можности за најбрзо враќање на нашите државјани во земјава, кои изразиле желба да се вратат и кои немаат други можности […]

Претреси во скопско, пронајдена дрога, оружје, пари…


Денеска (11.10.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во с. Страчинци кај Т.Ф.(32). При претресот пронајдени и одземени се бела грутчеста материја,  бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитала вага, […]

Шефот на британската дипломатија пристигна во Израел


Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли пристигна во Израел, соопшти владата во Лондон. – Секретарот за надворешни работи пристигна денеска во Израел за да ја покаже непоколебливата солидарност на Велика Британија со израелскиот народ по терористичките напади на Хамас, рече портпарол на британската влада. Клеверли ќе се сретне со преживеаните од нападите и со високи […]

Грковска жали за повлекувањето на Блупринт групата


 Со граѓанскиот сектор и со медиумите, само може да се унапредуваат политиките за добро владеење, и вие сте нашиот партнер во сите напори што ги правиме како кабинет. Жалам за одлуката на Блуприн групацијата, ги разбирам. Сакам во оваа прилика да им се заблагодарам и што покрај таквата одлука тие доставија сугестии за подобрување на […]

Словачка ќе формира влада со екстремната десница


Претседателот на партијата СМЕР-ССД, Роберт Фицо, победник на парламентарните избори во Словачка, изјави дека е постигнат договор со екстремно десничарската партија СНС и левичарската партија ХЛАС-СД за формирање на идната владина коалиција. „Се договоривме за заедничко формирање влада. Тоа е основата на коалицискиот договор што сакаме да го склучиме што е можно поскоро“ изјави Фицо. […]

Дали конфликтот Израел-Хамас може да прерасне во поширока регионална војна?


Потенцијалната интервенција на либанската шиитска милиција Хезболах поддржана од Техеран и неизвесноста околу улогата што ја игра самиот Иран се фактори на ризик што би можеле да го турнат невидениот конфликт меѓу Израел и Хамас во поширока регионална војна, велат аналитичари. Засега нема индикации за претстојна офанзива на Хезболах против Израел, и покрај растечките тензии […]

Демократски сојуз: Владата да организира евакуација на над 100 Македонци од Тел Авив


Демократскиот сојуз ја повикува Владата, посебно МНР, да направат сѐ што е потребно за да се обезбеди безбедна евакуација на над 100 македонски државјани на Аеродромот во Тел Авив. Блокираните граѓани во Тел Авив прават очајнички напори да го напуштат Тел Авив, но авиокомпаниите кои имаат летови од Тел Авив приоритет даваат на нивните државјани. […]

Авганистански суперавтомобил имаше глобално деби на саемот во Доха


  Запечатувањето на шофершајбната е нерамномерно, а на посетителите не им беше дозволено да ги отворат вратите – бидејќи внатрешноста сè уште не беше завршена. Сепак, можеби најнеобичната карактеристика на Симург е земјата на потекло: Авганистан, каде талибанците ја презедоа контролата пред две години. Именуван по митска персиска птица со глава на куче, канџи на […]

Ураганот „Лидија“ го погоди Мексико, дуваше ветер со брзина и до 220 км/ч


Исклучително опасниот ураган „Лидија“ го погоди тихоокеанскиот брег на Мексико како бура од четврта категорија и донесе ветрови кои дуваа со брзина до 220 км/ч, а во меѓувреме ослабна на ниво од категорија втора, јавува Би-би-си. Властите во државата Најарит соопштија дека маж загинал откако дрво паднало врз комбето што го возел. Ураганот „Лидија“ стигна […]

Застрашувачки сцени од пожар во Аргентина што неконтролирано се шири кон одморалиште


Страшна снимка од пожарот во Аргентина покажува огнен ѕид кој се движи кон туристичкиот град Вила Карлос Паз, со 56.000 жители, во долината Пунила во централната провинција Кордоба. Пожарите во текот на ноќта ги зафатија одморалиштата во Аргентина, принудувајќи масовна евакуација на стотици семејства за време на интензивен топлотен бран. Температурите достигнаа до 35 степени. […]

Три деца и еден возрасен загинаа во пожар во Шпанија


Четири лица загинаа, меѓу кои три деца, во пожар што зафати зграда во северозападна Шпанија каде што луѓето сквотирале, соопштија денеска локалните власти. Сквотирањето е зафаќање простори без дозвола на сопственикот, кои обично се празни и запоставени долго време. Службите за итни случаи првично соопштија дека сите четири жртви се на возраст од 9 до […]

Владина делегација во Прилеп го одбележа Денот на народното востание – 11 Октомври


Со високи почести, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска положи свежо цвеќе на спомениците на народните херои во Прилеп, по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, кој оваа година се слави […]

За два дена над 10 000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип на vakcinacija.mk


За два дена над 10 000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип на страницата vakcinacija.mk, соопшти денеска Министерството за здравство. Со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени ризичните групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години и лица […]

Aлбанија членка на Советот за човекови права на ОН


Албанија е избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2024-2026 година. По гласањето, со 123 гласа „за“ во Генералното собрание на ОН, Албанија по вторпат станува членка на овој Совет. Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, наведувајќи дека Албанија презела уште една меѓународна улога. – Албанија презема уште една меѓународна […]