Владина делегација во Прилеп го одбележа Денот на народното востание – 11 Октомври


Со високи почести, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска положи свежо цвеќе на спомениците на народните херои во Прилеп, по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, кој оваа година се слави под мотото „Непокор и слобода“.

Дел од владината делегација беа и заменик министерката за здравство, Маја Манолева и заменик министерот за образование и наука, Агим Нухиу, кои заедно со вицепремиерот Битиќи положиа свежо цвеќе и оддадоа почит пред споменикот на Методија Андонов Ченто, за да потоа се упатат пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, каде истотака положи цвеќе.

На крајот на свеченото одбележување на 11 Октомври, официјалната делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од заменик претседателот на Владата, Фатмир Битиќи,  свечено положи цвеќе и пред споменикот „Жена Борец” во Прилеп.