Три деца и еден возрасен загинаа во пожар во Шпанија


Четири лица загинаа, меѓу кои три деца, во пожар што зафати зграда во северозападна Шпанија каде што луѓето сквотирале, соопштија денеска локалните власти.

Сквотирањето е зафаќање простори без дозвола на сопственикот, кои обично се празни и запоставени долго време.

Службите за итни случаи првично соопштија дека сите четири жртви се на возраст од 9 до 14 години, но градоначалникот на Виго, Абел Кабаљеро подоцна рече дека една жртва е возрасно лице. Други девет лица се пренесени во болница, а тројца повредени, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба.

Поради трагедијата, градот Виго прогласи тридневна жалост за жртвите.